Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
1Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
2ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
НБАВидео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофотЛос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј. PLAYOFF. JAMAL. MURRAY. His SECOND GAME-WINNER of the series sends Denver to Round 2 🚨 https://t.co/ZiNxo5iNc0 pic.twitter.com/b3AQoCUQIA — NBA (@NBA) April 30, 2024 Најефикасен играч на паркетот беше Џамал Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции. Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција. Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамикаПродолжуваат градежните активности во спортската сала на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика, со што чекор по чекор создаваме современ и функционален простор за учениците. Во текот на активностите се работи на обновување на салата, со цел поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето, како и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита. Со инвестицијата од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во Гимназијата и создавање побезбедни и подобри услови за наставата и спортските активности. Работиме на терен, со јасна цел, современи услови за нашите ученици и подобра спортска инфраструктура за Кавадарци.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евраСериозни слабости во јавните набавки во ЕСМ откри Државниот завод за ревизија.Ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра.Пропусти имало уште при планирањето и утврдувањето на потребите.во само една година биле направени 19 измени на планот за набавки. ДЗР констатирал и ограничена конкуренција и постапки со само една понуда. Особено внимание привлекува набавката на гасен мотор вредна околу 2,48 милиони евра. Моторот бил платен, но не бил ставен во функција и подолг период бил складиран.за адитив биле платени околу 2,29 милиони евра, а најголемиот дел останал неискористен. Ревизорите нотирале и проблеми со договорите, техничките спецификации и контролите. Заводот бара поголема транспарентност и поекономично и поефикасно користење на јавните средства.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтринава продолжува судењето против апелациониот судија Ѓоко РистовУтринава продолжува судењето против апелациониот судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари.Утринава продолжува судењето против апелациониот судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари, откако во домот на неговите родители беа пронајдени 350 илјади евра соѕидани во ѕид. Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕид на кујната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook