3Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
РецептиПАСТРМКА НА ОХРИДСКИ НАЧИНРецепт на: Франческа Винченци МаркулескаПотребни состојки: 1 пастрмка, неколку главици кромид, 2 зелени пиперки, неколку чешни лук, 1 домат, 1 лимон, малку магдонос, сол и бибер по вкус. Постапка: Пастрмката се чисти и се отстрануваат коските. Се преполовува на половина и се става на скара да се пече. Додека се пече рибата се подготвува зајрето. Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид. Потоа се додава сечкани зелени пиперки и сечкан лук и се продолжува со пржењето. При крај се додава сечкан домат, се пропржува уште неколку минути и се зачинува со сол, магдонос и бибер по желба. Зајрето се става на средина на отворената печена риба. Потоа рибата се поклопува со зајрето и се декорира со лимон и магдонос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОгромен пожар избувна во близина на Мостар; Паника (ВИДЕО)Голем пожар избувна денес во областа на Мостар, а пожарот би можел да го блокира главниот пат, бидејќи пожарот сè уште не е ставен под контрола, ниту пак е утврдена неговата причина, објавија локалните медиуми.Пожарот избувнал на Буна, спроти Намекс, во правец на реката Неретва, а Професионалната противпожарна служба на Мостар потврди дека екипи се на терен и работат на гаснење на пожарот, објави веб-страницата на Требињеданас. Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или колку површина е зафатена од пожарот, но фотографиите од терен покажуваат дека пожарот се заканува да го блокира главниот пат Мостар-Сараево, додека целата област е покриена со густ чад. Požar na Buni, vatrogasci na terenu. Opširnije pročitajte na portalu https://t.co/ulFqWb6hu6 pic.twitter.com/F07QflzkyJ — Bljesak.info (@Bljesak) June 15, 2026 Извор:Б92Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
МакедонијаАкциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопедНа 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот.Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои - 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци - не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго. При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен.Тагови: Акциска контрола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската АмбасадаВеднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка. Тагови: Бугарска амбасада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter