Потребни состојки: 250 гр. спанаќ, 180 гр. индиско сирење Панир, 250 мл. хопла, 1 главица кромид, 1 домат, 1 лажиче сол, 1 лажиче ким, 1 лажиче лук, малку ѓумбир, неколку лажици путер, 1 лажиче црвен пипер, 1 лажиче масала, 1 лажиче коријандер во прав, 1 лажиче куркума. 2 лажички сув лист од анасон, каранфилче, ловоров лист, бибер и црн синап.
Во тава се става масло да се загрее.
Се додава 1 лажиче ким и се пропржува се додека не добие кафеава боја.
Се додава малку лук и малку ѓумбир и се пропржува малку.
Се додава 1 главица сечкан кромид и се пропржува се додека не добие златна боја.
Се додава 1 лажица путер и се продолжува со пржењето.
Се додава 1 сечкан домат и се продолжува со пржењето.
Се додава блендиран спанаќ и се продолжува со пржењето околу 2-3 минути.
Се додава: 1 лажиче сол, 1 лажиче црвен пипер, 1 лажиче масала, 1 лажиче коријандер во прав и 1 лажиче куркума.
Се додава 50 мл.вода и се остава да прокрчка неколку минути.
Се додава 180 гр. индиско сирење Панир.
Се додаваат 2 лажички сув лист од анасон, цимет, каранфилче, ловоров лист, бибер и црн синап.
Се ставаат 3 лажици путер и 250 мл. хопла и се продолжува со пржењето уште неколку минути.
Јадењето се сервира во чинија и се декорира со тенко сечени ленти од џумбир и домат.
Се додава една коцка путер и крем.
На крај се додава рендано сирење.