Партнерката на Џеф Безос се пожали од него: Набргу ја открив неговата друга страна - Канал 5

Партнерката на Џеф Безос се пожали од него: Набргу ја открив неговата друга страна

Новинарката Лорен Санчез го даде своето прво независно интервју откако во 2019 година јавно објави дека е во врска со еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос.

Партнерката на Џеф Безос се пожали од него: Набргу ја открив неговата друга страна

Во интервју за магазинот WSJ, Санчез зборуваше за нивната врска и нејзиниот приватен живот.

"Сакаме да бидеме заедно и да работиме заедно. Тој ми помага со мојата книга. Џеф работи на добивање пилотска дозвола. Летаме заедно. Вежбаме заедно. Цело време сме заедно", открива Санчез, која е исто така многу вешт пилот.

Таа неодамна лансираше своја сопствена продукциска компанија, Adventure & Fellowship, која работела за компаниите на Безос Bezos Academy, Bezos Earth Fund и Blue Origin, авионската компанија на Џеф. Безос, како што тврди, тесно соработувал со неа на сѐ.

„Да се ​​живее со Џеф е како секој ден да присуствувам на мастер клас, а она за што тој навистина ме научи е менаџментот. Кој беше најдобриот совет што ми го даде? Одржувам многу состаноци и секогаш ќе зборувам прва, а тој ми рече дека јас сум газда и дека секогаш треба да ги оставам другите да го кажат своето и да зборувам последна, за никој да не биде под влијание на моето мислење“, рекла Лорен и потоа продолжила.

„Тој исто така ме советуваше да ги одржувам моите состаноци на помалку од еден час ако е можно, а лицето кое го води состанокот треба да напише документ од шест или помалку страници за тоа што ќе се разговара и зошто. Не знам како го прави тоа Тој може да чита документи со часови“, рече Лорен.

Но, таа открива и некои работи за Безос кои досега не биле познати, рече дека тој има и друга страна за која ниту таа не знаела. „Тој е многу забавна личност, постојано ме смее и навистина знае да се глупира“, изјавила Санчез и истакнала дека има многу заразно смеење. „Кога првпат го слушнав како се смее, си помислив: „Што е ова“? Но, сега ја сакам неговата смеа и ако се разделиме и се изгубиме на некоја голема забава, лесно можам да го најдам токму со помош на смеата“. откри таа.

Како што тврди таа, Џеф е и многу романтичен и секоја недела ѝ прави палачинки. "Тој се буди рано, а потоа го зема својот готвач и прави палачинки. Само не ми е јасно како толку паметен човек сè уште не научил напамет како да направи палачинки, па секој пат го гледа рецептот", вели Санчез.

Безос минатата година привлече големо внимание кога објави дека ќе донира поголем дел од своето богатство од 124 милијарди долари. Санчез сега го потврди тоа.

„Отсекогаш ми го кажуваше тоа, откако го познавам. Џеф е голем филантроп и ќе даде поголем дел од парите“, потврди таа, а потоа откри дека врската со него има свои маани. Како што вели, морала да научи никому да не ја открива точната локација и многу да внимава што објавува на социјалните мрежи.

„Тешко ми е да го гледам, јас сум многу зборлива и отворена личност и сакам да ги споделувам моите тајни. Морав да работам напорно и да научам да не го правам тоа. Тоа ми беше добра лекција, но сега морам да се грижам за приватноста и да контролирам некои работи“, рече таа.

Сепак, вели дека живеењето со Безос има повеќе предности отколку недостатоци. „Нашата типична сабота изгледа така што се дружиме со децата, ручаме и секогаш се забавуваме бидејќи никогаш не знаеме каде ќе не однесе разговорот“, заклучила Лорен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби

На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието, објави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби

Денес, во големата сала на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот д.р Стојанчо Рамов, директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби одржаа средба со жителите на населените места Радња, Бунарче, Гарниково, Драгожел, Рожден, Клиново, Бојанчиште, Мајден, Фариш, Ќесендре, Горна Бошава, Долна Бошава и Крњево.

На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието.

Преку непосредна комуникација и отворен разговор, граѓаните имаа можност да ги изнесат своите барања и идеи, а претставниците на Општината да ги слушнат нивните предлози и да разговараат за можностите за нивно решавање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

Аутопсијата откри од што почина центарфорот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел!

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

30 годишниот напаѓач на Тенерифе починал како последица на трауматска повреда на градниот кош, здобиена при тежок судир со голманот на Андора, Хесус Овоно.

Првичните наоди дадоа одговор за причината за смртта на фудбалерот, кој го загуби животот еден ден по натпреварот, додека истрагата за сите околности на трагедијата сè уште трае.

Според информации од шпанските медиуми, повредата е оценета како причина што би можела да доведе до фатален исход.

Сепак, форензичките испитувања сè уште не се завршени, а конечниот извештај треба да даде поцелосна слика за тоа што се случило. Истрагата е сè уште во тек, а истражителите ги проверуваат сите околности на трагедијата, вклучително и медицинската помош што фудбалерот ја добил по судирот.

Шокатниот настан се случи на 2 ноември, за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во втората шпанска лига.

Натпреварот беше во самиот финиш се играше судиското надополнување, резултатот беше 2:2, а Де Мигел тргна во напад по долгата асистенцијата од своите дефанзивци, се обиде да стигне до топката, но скоро на половина терен се случи стратотниот судир со противничкиот голман.

Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше излезен далеку од својот шеснаесетник за да интервенира. Во обидот да стигне до топката, тој го удри Де Мигел со нога во горниот дел од телото. Напаѓачот на Тенерифе веднаш падна на тревата и остана неподвижен.

Фудбалерите на двата тима веднаш почнаа да повикуваат лекарска екипа. Судијата му покажа директен црвен картон на Овоно, наведувајќи дека голманот го удрил противникот со подигната нога и со прекумерна сила, додека топката била во игра.

Лекарскиот тим пристигна брзо до повредениот фудбалер и започна со давање на медицинската помош. Потоа, Де Мигел беше изнесен од теренот на носила и пренесен во болница, каде што беше примен во тешка состојба.

За време на транспортот, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеаја да му го вратат пулсот. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот персонал, неговата состојба се влоши, а во вторникот наутро беше потврдена неговата смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Земјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“.

„Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио.

Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер