Партизан го отпушти тренерот Благојевиќ - Канал 5

Партизан го отпушти тренерот Благојевиќ

 Српскиот фудбалски прволигаш Партизан му врачи денеска отказ на тренерот Срѓан Благојевиќ, по двата последователни порази.

Партизан го отпушти тренерот Благојевиќ

„Фудбалскиот клуб Партизан му се заблагодарува на Благојевиќ за неговата досегашна работа и му посакува многу успех во продолжението на кариерата“, се вели во соопштението на црно-белите.

Партизан загуби на последните два натпревари, откако сензационално беа елиминирани во осминафиналето од Купот на Србија од Мачва (0:2) во вторникот по што следуваше пораз од Чукарички (1:4) во саботата во домашното првенство.

Белградскиот клуб забележа шест победи во седумте натпревари што им претходеа на тие два порази, запишувајќи го единствениот пораз во тој период во „вечното“ дерби против Црвена ѕвезда, и во моментов се на второто место на табелата во српската Суперлига со 31 бод, идентично како и првопласираната Црвена ѕвезда, која има натпревар помалку.

Благојевиќ го презеде тимот на Партизан на 1 јануари оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, ги вреднува социјалните работници и создава политики за силни семејства.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата.

Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани.

Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем.

Оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа.

Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици.

Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства.

Граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето.

Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Четири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на  седница на Собранието.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер