Партија на Власите: Пописот им нанесува штета на националните интереси на државата

Партијата на Власите од Република Македонија и националното координативно тело на Власите не ги признава резултатите од пописот на населението во РМ од 2021 година, се наведува во партиското соопштение.. 

Поради непрофесионалниот пристап на институциите на најважната статистичка операција, околу сензитивно прашање како пописот којшто најдиректно влијае на државните политики на Републиката . По консултација со попишувачите на терен, констатирани се бројни нерегуларности во делот на етничките а поготово во делот на верската лична определба, во графата наместо Православни Христијани, се пишувало само Христијани.

Тоа јасно се согледува според бројката 250.000 Христијани.Прекини со денови нефункционирање на апликацијата за попишување во земјата и во странство, проблеми со преводот и недостатоците во софтверот, недоволна информираност на населението за пописот, притисоците и манипулациите на терен и фактот дека многу граѓани не се избројани односно попишани.

Со непопишување на 21,5%, односно стотина илјади македонски граѓани од дијаспората и од држвата констатираме дека прикажаните бројки не можат да се наречат државен попис. Понатаму, сакаме да изразиме револт заради не инволвирање и немање јавен повик за недоволен број на попишувачи Власи, како и можност за корекција на веќе внесените и снимени податоци од страна на истите. Поради немање на доволен број на попишувачи, покрај должностите за еден реон, истите биле задолжени и за втор реон, којшто не го завршиле ниту половина од предвиденото, односно останале домаќинствата не посетени.

Дополнително, ДЗС ги известува попишувачите дека ќе го искоординира целиот процес со наоѓање на граѓаните преку институциите што во практична реализација се покажува како погрешно и поразително. Нагласуваме дека ќе ги искористиме сите демократски права и приговори којшто следуваат со закон во врска со пописот.

Повредени се следниве Уставни одредби: „Член 8 ставовите 2 (слободно изразување на националната припадност), 3 (владеењето на правото) и 11 (соодветна и правична застапеност на граѓаните), член 9 ставовите 1 (Граѓаните на Македонија се еднакви во слободите и правата) и 2 (Граѓаните пред Устав и законите се еднакви), член 48 ставовите 1 (Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници…) и 2 (Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници), член 50 став 3 (граѓаните имаат право да бидат запознаени со човековите права и слободи), член 52 став 2 (секој е должен да ги почитува уставот и законот). Од Законот за попис 2021 повредени се следниве законски одредби: Член 16 (Државниот завод за статистика се грижи за законитоста во подготовката, организацијата и спроведувањето на Пописот во согласност со одредбите од овој закон и врши надзор над работата на лицата – учесници во Пописот), член 30 став 6 (При изборот на попишувачите ПАРТИЈА НА ВЛАСИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ул. „Првомајска” бб, Општина Кисела Вода, Барака 2, соба 5. тел: +3892 2771 347; и реонските инструктори ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во пописниот реон) и член 34 ставовите 1 (Апликацијата со која ќе се врши попишувањето ќе биде изготвена на 7 (седум) јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.) и 2 (Попишувањето се врши на јазикот што го избира лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците.)

Оттука, партијата оценува дека пописот е неуспешен, нецелосен и им нанесува штета на националните интереси на државата.

Партија на Власите од Македонија- ПВМ

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

притисни ентер