Партиите се подготвуваат за локалните избори- ги токмат листите, почна и неформалната кампања - Канал 5

Партиите се подготвуваат за локалните избори- ги токмат листите, почна и неформалната кампања

Партиите полека почнуваат да ги комплетираат листите на кандидати за претстојните локалните избори иако се уште траат внатрепартиските анализи за клучните општини и заеднички листи.

Партиите се подготвуваат за локалните избори- ги токмат листите, почна и неформалната кампања

Од 25 кандидати за градоначалници кои ја добија довербата од Мицкоски и партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, 22-ца веќе ги водат нивните општини во изминативе четири години, додека тројца кандидати се за општините Чучер Сандево, Делчево и Берово, каде ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, туку коалицијата на СДСМ. За кандидат за градоначалник на Скопје партиите се уште немаат конечна одлука.

Од СДСМ засега се извесни кандидатурите на актуелните градоначалници - Горан Герасимовски за Општина Центар и на Томе Христоски за Крушево, а можно е поддршка за уште една изборна трка да добие актуелниот градоначалник на Крива Палнка, Сашко Митовски. За останатите кандидати се уште траат партиските анализи и во СДСМ и во опозициската ДУИ.

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски главните пораки на партиите во изборната кампања ќе бидат околу темите за кои тие се најсигурни, власта за инвестиции и инфраструктура, опозицијата – дека не фукционира системот.

-Во изборот на советнички листи најголемо влијание ќе има рејтингот на партиите, бидејќи таму се гласа за партии. Кај изборот на градоначалници повторно најголемо влијание има партијата, но значајно влијание има и личноста на кандидатот особено таму кадешто се работи за тековни градоначалници кои сакаат да се обидат за уште еден мандат. Што се однесува до главните пораки мислам дека власта ќе атакува на инвестиции, инфраструктура и градба, имајќи предвид дека е тоа национална тема по која Владата доста потроши енергија и напор во последниот период. Опозицијата ќе атакува на задржување на некои енклави кои веќе ги има и на напад дека не функционира системот. На некои места тоа ќе функционира како порака, на некои не, смета Арсовски.

И покрај постојаните барања на ДУИ и Ахмети за предвремени парламентарни заедно со локалните избори наесен, Арсовски смета дека ова е малку веројатно сценарио со оглед на роковите, но не ја исклучува можноста исходот од локалните да биде катализатор за одржување на брзи парламентарни избори согласно резултатите.

-Власта или мнозинството да имаше намера да распишува предвремени парламентрани избори заедно со локалните некаков сигнал за тоа ќе се појавеше во јавноста. Особено што не е голема тајна дека ВМРО-ДПМНЕ не го претпочита ДУИ како коалиционен партнер па затоа мислам дека има некако отпор кон задоволување на токму тие барања. Е сега, дали резултатите на локалните избори ќе предизвикаат брзи предвремени парламентарни избори ќе зависи од самите резултати. Раслојувањето на ВЛЕН може да доведе до тоа ДУИ да има повеќе гласови, но коалицијата на ВЛЕН со ВМРО-ДПМНЕ може да донесе ВЛЕН да има повеќе градоначалници. И двете групи да прогласат победа на изборите. Така што мислам дека за тоа каков катализатор ќе бидат локалните кон предвремени парламентарни треба да ги почекаме тие резултати.

Во следниот период се очекува и останатите партии да ги објават имињата на нивните кандидати за избората трка. Она што е извесно е дека и актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски влегува во трката по трет мандат, но останува неизвесно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи коалицискиот партнер за уште еден мандат во Куманово или ќе оди со свој кандидат. Од ЗНАМ информираа дека преговорите за поддршка на претстојните локални избори од ВМРО-ДПМНЕ во некои општини се во тек, а засега може да се потврди дека ќе имаат свој кандидат во најмалку една од скопските општини.

Од албанските партии веќе ги разгледуваат можните кандидати, а нивната битка ќе биде жестока за Струга, Кичево, Тетово, Гостивар и Чаир.

YouTube video

Охрид повторно куртули да биде ставен на „опасната“ листа на УНЕСКО

УНЕСКО ни дава трета шанса за спас на Охрид и охрискиот бисер, најстарото езеро во Европа.

Охрид повторно куртули да биде ставен на „опасната“ листа на УНЕСКО

Комитетот на УНЕСКО во Париз одлучи на една година да го одложи впишувањето на Охридскиот регион на листата на загрозени светски богатства, под услов да се исполнат низата обврски за зачувување на статусот и за тоа, до 1 февруари 2026 година да се достави извештај. Ова се случи откако Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката. За владата одлуката да не се стави веднаш охридскиот регион на листата на „загрозени богатства“ е успех, но и обврска да се направат неопходните чекори.

-Ситуацијата што ја наследивме беше резултат на години запоставување, неодговорно управување и недостаток на суштински мерки од страна на претходната влада. Наместо превенција и одговорност, оставија проблем што бараше итно решавање. Нашиот пристап беше поинаков. Не декларативен, туку посветен и фокусиран на резултати. Иако денес зборуваме за зачувување на статусот, свесни сме дека ова е прв чекор. Пред нас стои обврската да обезбедиме долгорочна заштита, одржливо управување, изјави Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

-Одлуката на Комитетот за нас е поттик и мотивација, најсериозно да продолжиме со конкретните мерки кои ќе овозможат итна имплементација на предвидените корективни мерки базирани на препораките на реактивните мисии и од 2020 и од 2024 година. За потсетување, два пати ни се има случувано ова, два пати се има ветувано, и два пати во време на владата на СДСМ и ДУИ ништо не е направено во однос на овие прашања, изјави Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

И Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, е задоволен од одлуката. Според него, таа е потврда дека се препознаени напорите на заштита и унапредување на Охридскиот регион.

Незадоволни од, како што ја нарекуваат, политичката одлука на УНЕСКО, се невладините организации. Од граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ потенцираат дека носењето на политичка одлука третпат по ред е преседан, и пораз не само за Македонија туку и за светот. Слушањето лобисти наместо експерти само охрабрува нови деструктивни активности, а со носење политички наместо експертски одлуки се праќа порака до владите дека немаат одговорност веднаш да ги запрат деструктивните проекти, велат од граѓанската иницијатива Охрид SOS.

YouTube video

Северномакедонски премиер, користи Георгиев во ТВ интервју- обвинува спречивме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда

„Северномакедонски премиер“ – вака во сите наврати шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев го нарекуваше премиерот Мицкоски.

Северномакедонски премиер, користи Георгиев во ТВ интервју- обвинува спречивме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда

Ден по гласањето во Европскиот Парламент за извештајот за Македонија, Георгиев во интервју за БТВ не штедеше зборови да ги истакне напорите на официјална Софија да ги отстрани македонскиот јазик идентитет од финалниот текст. На тој начин според него, бугарските евопратеници спречиле европската институција да биде искористена за домашна политичка пропаганда. Од позиција на земја-членка се обиде да појасни кој е кој во моментов во Европската Унија.

-Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во овој регион, со што Македонија треба да се соочи. Бугарија е земја-членка на ЕУ, а Македонија е едвај кандидат за сега. / Европратениците знаат што прават и зошто се таму, за да не дозволат за негова внатрешно-политичка употреба на Северномакедонскиот премиер да се злоупотребува таа институција. Северномакедонскиот премиер создава теми за да може да го прилагодува дополнително општеството, но јас мислам дека граѓаните на Македонија кои го заслужуваат своето членство во ЕУ и во таа смисла заслужуваат лидери кои ќе го водат кон него,- - Георг Георгиев – Министер за надворешни работи на Бугарија.

На тоа момче не треба да му се придава значење – порача премиерот Мицкоски прашан за коментар за наводите на Георгиев и ословувањето како „Северномакедонски премиер“

-Тоа момче е пратено да привлече мое внимание, мислам дека не треба да му дадеме можност, оставете го тоа момче, тоа е влада која ја раководи друг, која треба да одработи таму нешто. Оставете го. Тоа е исто како кога глушецот го задева лавот,- - Христијан Мицкоски .

Изјавите на бугарскиот министер Георгиев ги осуди и лидерот на СДСМ Венко Филипче кој оцени дека тоа не е во духот на демократијата и добрососедството. Вчера речиси сите бугарски политичари го поздравија исходот од Стразбур. Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов изјави дека гласањето е резултат на обединувањето на буагрските европратеници и воедно и порача дека им подава рака на пријателите во земјава да продолжат напред врз основа на почитување на договорот за добрососедство.

Камен-темелник на ветерниот парк во Штип идната недела

Камен-темелник на ветерниот парк во Штип идната недела, по одморите дефинирање на приоритетите со „Казанџи груп“.

Камен-темелник на ветерниот парк во Штип идната недела

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека најверојатно по одморите ќе има состанок со раководството на турската компанија „Казанџи груп“ за да се дефинираат приоритетите по потпишувањето на Меморандумот што го објави вчера. Воедно информира дека идната недела, на 16 јули, ќе биде поставен камен-темелникот на ветерниот парк во Штип што треба да го гради „Алказар енерџи“.

-По Меморандумот треба да имаме состанок со раководството на „Казанџи“ и да ги дефинираме приоритетите. Очекуваме оваа инвестиција да почне да се реализира. Станува збор за когенеративни гасни централи кои истовремено ќе произведуваат и топлина за домовите на граѓаните, но и електрична енергија. Можеби до почетокот на одморите е преоптимиситички да се очекува таков конструктивен состанок, но веднаш по нивното завршување очекувам да седнеме и да ги дефинираме приоритетите. Јас лично ќе се ангажирам таа работа брзо да тргне во процес на реализација, истакна Мицкоски.

Премиерот минатата година во јуни го најави ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ како најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, вредна над 500 милиони долари, која треба да отвори 630 работни места.

притисни ентер