Парламентарни избори во Бугарија, поранешниот претседател Радев јасен фаворит - Канал 5

Парламентарни избори во Бугарија, поранешниот претседател Радев јасен фаворит

Бугарите денеска гласаат на осмите парламентарни избори за пет години, на кои како јасен фаворит влегува поранешен претседател Румен Радев...

Парламентарни избори во Бугарија, поранешниот претседател Радев јасен фаворит

Дали партијата „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев, ќе може самата да формира влада е клучното прашање на кое бугарските граѓаните ќе дадат одговор на денешните 8 парлаемметарни избори во псоелдните 5 години.. откако гласаше РАДЕВ И денеска повторно беше дециден дека не доаѓа превдид соработка со ГЕРБ на Бојко Борисов и со ДПС – на Делјан Пеевски, а неговата надеж е дека ќе успее да освои апсолутно мнозинство во 240 членшото Собрание.

Во изјавата за медиуми Радев, кој во Брисел го сметаат за проруски настроен и потенцијално нов блокатор во ЕУ , повтори дека Бугарија треба да ја почитува историјата и улогата на Русија во ослободувањето на земјата, а прашан за односите во регионот, ја повтори важноста од внесувањето на Бугарите во македонскиот устав.

„ Конечно очекувам нашите браќа од Македонија да го исполнат постигнатиот консензус во 2022 година, усвоен еногласно од сите во Европскиот совет и конечно да ги вметнат Бугарите во својот устав. Ова е најважното нешто што мора да се случи. - Какви се вашите односи со Русија? Се надевам дека ќе развиеме практични односи со Русијa, врз основа на меѓусебно почитување и согласност. Вака ќе пристапиме со Русија. Мораме да ја почитуваме нашата историја.“

Неговиот главен политички опонент, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, е скептичен дека по изборите ќе може лесно да се формира влада. Тој порача дека партијата нема да влегува во коалиции по секоја цена и дека доколку не биде прва политичка сила, ќе делува како конструктивна опозиција.

„ГЕРБ нема да учествува во коалиции. Ова јасно сме го изразиле и оние кои ќе си дозволат дека немало со ГЕРБ да формираат коалиција, никој не им дава согласност, ниту им најавил дека тоа може да се случи. Ние си ги направивме нашите компромиси.“

Во трката за влез во парламентот е и лидерот на Преродба, Костадин Костадинов, партија која исто така се смета за про-руска и која според анкетите се движи околу четирипроцентниот праг – минимумот потребен за влез во парламентот. Можноста за коалиција со него не е целосно исклучена од страна на Радев.

„ Гласав за иднината на Бугарија. Гласав за слободна и независна Бугарија и гласав за нашите деца за децата на Бугарија. Она што ме прави среќен е што гледам дека има многу поголема излезност на гласачите, не ми треба никој тоа да ми го докаже, бидејки го гледам со свои очи. “

Гласаат и бугарските државјани во странство. Во Македонија, само 210 од вкупно 3.504 регистрирани Бугари се пријавиле за гласање. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека очекува Бугарија да избере влада со јасна проевропска и добрососедска ориентација.

„Можам да кажам дека сум благо разочаран од нискиот одзив на македонските Бугари бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учествуваат на овие избори, од оние според Радев и луѓето околу него, повеќе од 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема. Но, истовремено очекувам дека граѓаните во Бугарија кои гласаат во Бугарија, ќе изберат премиер, односно претседател на Влада кој ќе биде јасно проевропски ориентиран, добрососедски ориентиран.“

Изборите се одржуваат во услови на политичка нестабилност и повеќекратни неуспеси да се формира стабилна влада, па граѓаните очекуваат нов почеток и влада која ќе работи во нивен интерес.

„Очекуваме се најдобро и тоа го сакаме. Да има демократија насекаде.“

„ Секој гледа џебот да си го наполни, и ги гледаат парите, но тие не мислат за луѓето, за другите.“

„ Да се надеваме дека овие избори ќе завршат наскоро и да се направи еден нов почеток. “

Во изборната трка учествуваат 24 партии и коалиции, а право на глас имаат околу 6,5 милиони. Гласањето ќе трае до 20 часот, а првичните резултати од излезните анкети се очекуваат во текот на вечерта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача:

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. 

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер