Парискиот надбискуп поднесе оставка- имал интимни односи со жена

Папата Франциск ја прифати оставката на парискиот надбискуп Мишел Аупетит, соопшти Ватикан, додавајќи дека за шеф на париската надбискупија е поставен апостолски администратор.

„Светиот Отец ја прифати оставката на монс Мишел Аупетит и го именува монс. Жорж Понтие за апостолски администратор на париската надбискупија.“ се наведува во соопштението на Ватикан.

Аупетит поднел оставка кон крајот на ноември, откако бил обвинет во медиумите дека имал интимна врска со жена, што тој категорично го демантирал. Тој е париски надбискуп од 2017 година, а е познат по своите строги ставови за семејството и биоетиката.

Паразити се најдени во водоводен систем во Британија- расте бројот на заболени во болниците

Бројот на луѓе кои страдаат од криптоспоридиоза, болест предизвикана од паразит, се зголеми во Велика Британија откако паразитот е пронајден во водата на градот Бриксам.

По пријавувањето на првите случаи на зараза, властите апелираа до граѓаните да ја зовриваат водата во овој град и околните места во регионот на Девон, но денеска е потврдено дека бројот на заболени е повеќе од двојно зголемен – од 20 вчера на 46 денеска.

Според британските здравствени власти, повеќе од 100 луѓе пријавиле симптоми слични на оние на пациентите.

Повеќето од пациентите се жалеле на повраќање и дијареа.

Медиумите јавуваат дека траги од паразитот се откриени во два резервоари со вода, од кои се снабдуваат неколку населени места, откако биле пријавени првите случаи на криптоспоридиоза.

Експертите велат дека пациентите можеле да ги почувствуваат ефектите и до еден месец по инфекцијата. Тие наведуваат дека не постои „одреден третман“ и дека симптомите можат да траат со недели без можност за олеснување.

Здружението на судии со реакција за притисоците врз судиите во Управниот суд

Во правец на денешната реакција на Управниот суд, Здружението на судии ја искажува својата загриженост по однос изјавите на поединци со кои директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.

Припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување. Таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.

Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата.

Здружение на судии

На аргентинскиот јунак од СП во Катар му се заканува затвор поради силување

Аргентинскиот фудбалер Гонзало Монтиел (27) добил наредба да биде подложен на психијатриски прегледи, откако против него во март беше поднесена кривична пријава за тешка сексуална злоупотреба и силување.

Монтиел е обвинет дека дрогирал и сексуално злоставувал девојка со која во тоа време бил во кратка врска на 1 јануари 2019 година, на прославата на неговиот роденден. Деталите се откриени во видеото минатиот месец од страна на жртвата.

„Јас сум Каролина, модел и водителка која преживеа групно силување чиј главен сторител беше Гонзало Монтиел, човекот кој го постигна последниот гол на Светското првенство во 2022 година.Се славеше неговиот роденден и ме повика кај него дома.Се запознавме, а потоа ме дрогираа, додека не изгубив свест.Во истрагата се докажа дека врескав за време на забавата. Долго барав адвокат бидејќи никој не сакаше да оди на суд со мене", рече таа.

Монтиел тврди дека не сторил кривично дело, а неговото судење е закажано за 17 и 20 септември во Буенос Аирес. Монтиел моментално игра во Нотингем Форест, каде што е позајмен од Севиља, а е запаметен како херој на Аргентина на Светското првенство во Катар, каде го постигна победничкиот пенал во престрелката во финалето против Франција. Една година претходно, тој ја освои Копа Америка со Аргентина.

притисни ентер