Папата Лав Четиринаесетти официјално го презеде епископскиот престол во Рим - Канал 5

Папата Лав Четиринаесетти официјално го презеде епископскиот престол во Рим

Папата Лав Четиринаесетти,  вчера ги заврши последните церемонијални чекори по неговото устоличување на римскиот епископски престол.

Папата Лав Четиринаесетти официјално го презеде епископскиот престол во Рим

Првиот папа од САД формално го презеде управувањето со базиликата „Св. Јован Латерански“ (Сан Џовани ин Латерано), која е катедрален храм на Рим и седиште на епархијата, со вечерна литургија во присуство на римски свештеници и верници.

Потоа, со папамобилот, Лав ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што се помоли на гробот на својот претходник Франциск и пред иконата на Дева Марија.

Во обраќањето до верниците од Рим, папата рече дека сака да ги слуша, „за да учи, да разбере и да ги решава работите заедно“.

Една од многуте титули на Лав Четиринаесетти, кои ги доби со изборот за папа на 8 мај, е онаа на епископ на Рим. Поради многубројните обврски како духовен водач на 1,4 милијарди католици, папата го доверува тековното управување со римската епархија на викар.

Лав Четиринаесетти беше пречекан на скалите на градското собрание на Рим од градоначалникот Роберто Гуалтиери. Од своја страна, папата го цитираше св. Августин, велејќи: „Со вас сум христијанин, а за вас – епископ“. „Денеска можам да кажам дека за вас и со вас сум римјанин“, додаде Лав Четиринаесетти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НОВИОТ ГЛОБАЛЕН АВТОМОБИЛСКИ БРЕНД CHANGAN ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Еуроимпекс станува дом на три глобални автомобилски бренда

НОВИОТ ГЛОБАЛЕН АВТОМОБИЛСКИ БРЕНД CHANGAN ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Компанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, а како најпознати двата глобални автомобилски бренда Peugeot и Opel, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд.

„Еуроимпекс“ со официјално го претстави брендот CHANGAN, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, безбедноста и врвната технологија.

Со ова клиентите во Македонија ќе добијат поголем избор, а во рамките на компанијата „Еуроимпекс“, ќе имаат на располагање сеопфатна понуда на едно место.

Факти за CHANGAN

Во автомобилската индустрија – CHANGAN е еден од четирите најголеми автомобилски производители во Кина и еден од најбрзо растечките глобални брендови во сегментот на интелигентната и одржлива мобилност, официјално пристигнува на македонскиот пазар.

Со повеќе од 60 години искуство во автомобилската индустрија, CHANGAN денес е присутен во над 100 пазари ширум светот, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри во Кина, Италија, Германија, Велика Британија, Јапонија и САД, како и со десетици производствени капацитети и илјадници инженери и експерти кои работат на развојот на мобилноста на иднината.

CHANGAN е глобален автомобилски производител кој континуирано инвестира во иновации, електрификација и паметни технологии, со јасна визија да стане еден од водечките автомобилски брендови во светот. Неговата филозофија „Smart Your Future“ ја отсликува посветеноста кон создавање возила кои нудат безбедно, интелигентно и поврзано возачко искуство.

„Со особена чест и гордост воведуваме нов бренд во нашето портфолио. Кинескиот автомобилски гигант, CHANGAN. Овој бренд претставува совршен спој на иновација, технологија и квалитет, а нашата цел е на клиентите да им понудиме автомобили кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди. Убедени сме дека CHANGAN ќе биде освежување на домашниот автомобилски пазар и ќе постави нов праг на очекувања кај потрошувачите“, изјави Извршниот Директор на Еуроимпекс – Зоран Серафимовски

„Во првата фаза, клиентите ќе имаат можност да се запознаат со моделите кои веќе успешно се претставуваат на европските пазари, нудејќи напредни системи за безбедност, современи дигитални технологии, електрифицирани погонски решенија и врвно ниво на комфор. Со официјалното пристигнување на CHANGAN, купувачите во Македонија добиваат не само нов автомобилски бренд, туку и целосно корисничко искуство кое вклучува професионална продажба, овластен сервис и постпродажна поддршка, согласно највисоките стандарди на производителот.“ – изјави Ивана Мначева Михајловска – Заменик извршен и Маркетинг Директор во Еуроимпекс

За CHANGAN

CHANGAN Automobile е еден од најголемите автомобилски производители во Кина, со повеќе од четири децении искуство во развојот и производството на патнички возила. Компанијата е присутна во над 100 земји и региони, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри и е препознаена како еден од лидерите во областа на интелигентната и одржлива мобилност.

За Еуроимпекс

Еуроимпекс е првата приватна компанија во автомобилската индустрија во Македонија и е една од водечките компании со 35 годишно искуство во увоз-извоз, продажба и сервисирање на возила. Со воведувањето на брендот CHANGAN, компанијата продолжува да ја реализира својата визија за лидерство на македонскиот пазар како и обезбедување на најсовремени глобални автомобилски решенија за клиентите.

Лице за контакт:

Ана Јовановска

Менаџер за медиуми и односи со јавност

[email protected]

тел.: 072/260-206

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка и заштита на секоја жртва

Тошковски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и координираното дејствување на институциите во справувањето со трговијата со луѓе, како еден од најсериозните облици на организиран криминал. 

Тошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка и заштита на секоја жртва

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Регионалниот експертски состанок за зајакнување на прекуграничната кривично-правна соработка и заштита на странски жртви во случаи на трговија со луѓе, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

Во своето обраќање, министерот Тошковски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и координираното дејствување на институциите во справувањето со трговијата со луѓе, како еден од најсериозните облици на организиран криминал. Тој изрази благодарност до УНОДЦ за организацијата на состанокот, истакнувајќи дека присуството на експерти и делегации од регионот, но и од Јужна Америка, ја потврдува заедничката определба за заштита на жртвите без оглед на националните и географските граници.

„Трговијата со луѓе, како глобално и општествено неприфатлив чин, не познава граници, ниту пак прави разлика меѓу луѓето врз основа на нивното потекло, припадност или убедувања. Оттаму, нашиот одговор мора да биде исто толку одлучен: организиран, сеопфатен и мултидисциплинарен“, истакна Тошковски.

Министерот посочи дека покрај традиционалните облици на експлоатација, криминалните мрежи развиваат и нови, сè посложени начини на злоупотреба на луѓето. Посебно внимание посвети на ризиците од трудова и сексуална експлоатација, како и на ранливоста на странските државјани кои, во потрага по подобри економски можности, можат да станат жртви на трговија со луѓе.

Тошковски нагласи дека Западен Балкан претставува регион на потекло, транзит и крајна дестинација за жртвите, а во Македонија во последните години доминира внатрешната трговија со луѓе, иако се идентификуваат и странски жртви. Особено загрижувачка е ранливоста на децата и лицата погодени од сиромаштија, дискриминација и семејно насилство, поради што е неопходно институциите постојано да ги следат новите трендови и навремено да реагираат.

Осврнувајќи се на националните напори, министерот потсети дека Македонија од 2001 година континуирано ги развива институционалните механизми за борба против трговијата со луѓе, усогласувајќи го законодавството и практиките со меѓународните стандарди и препораките на релевантните организации.

„Нашиот систем е поставен врз пет столба: превенција, кривичен прогон, заштита, реинтеграција и обесштетување на жртвите. Во фокусот на секоја наша мерка секогаш стои Човекот — жртвата чие достоинство мора да го вратиме“, порача Тошковски.

На крајот, министерот истакна дека трговијата со луѓе често останува скриена, а жртвите невидливи за општеството, поради што подигнувањето на јавната свест, едукацијата, навременото препознавање и пријавувањето се од суштинско значење.

Тој порача дека само преку силна институционална координација, меѓународна соработка и пристап во чиј центар се правата и достоинството на жртвите може да се обезбеди поефикасно спречување и откривање на трговијата со луѓе, кривичен прогон на сторителите и соодветна заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамки на Клиничката болница - Штип.

Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките

Клековски при посетата рече дека речиси илјада жени годишно заболуваат од оваа болест.

-Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси илјада жени годишно добиваат рак на дојка и тоа претставува значаен здравствен проблем за жените и за општеството. Меѓутоа, тука сум да ги видам и новите услуги кои се воведени во клиничката болница, новата лабораторија, новиот сет на услуги, а веќе наредната недела ќе најавиме и нови услуги на одделот за неврологија. Целта ни е на таа нова зграда што ќе се гради да почнеме да ѝ даваме содржина бидејќи здравството не го чинат зградите, го чинат луѓето и нивната работа - истакна Клековски.

Целта на мултидисциплинарниот кабинет за дојка е подобра координација меѓу специјалистите, за побрз и поквалитетен одговор на потребите на пациентките со болести на дојката.

За овој месец е предвидено да се направат дополнителни 180 мамографии за време на викендите — за пократка листа и пократко чекање.

Во Клиничката болница Штип се очекува и нов, современ мамограф — за поквалитетна услуга за пациентките од источниот дел на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер