Давкова за концертот на Трпчески во Рим: Уште една потврда за моќта на културната дипломатија - Канал 5

Давкова за концертот на Трпчески во Рим: Уште една потврда за моќта на културната дипломатија

Без зборови сум, прво амбиентот на ‘Хорти Салустијани’ е прекрасен, а да не говорам за Симон Трпчески и неговата група. Се разбира дека покрај Чајковски и Григ, настапија и со ‘Македонисимо’.

Давкова за концертот на Трпчески во Рим: Уште една потврда за моќта на културната дипломатија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на концертот на пијанистот Симон Трпчески во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека никој нема да ја заборави таа вечер и дека тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија.

-Без зборови сум, прво амбиентот на ‘Хорти Салустијани’ е прекрасен, а да не говорам за Симон Трпчески и неговата група. Се разбира дека покрај Чајковски и Григ, настапија и со ‘Македонисимо’. Мислам дека без здив останаа сите присутни екселенции од амбасадите, претставници на нашата дијаспора не само во Италија, туку и од други држави, рече Силјановска – Давкова.

Според неа, „концерот беше за восхит, заедничко уживање“ на кое присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков заедно со свештениците, кои се дел од државно-црковната делегација во Италија.

-Мислам дека никој нема да ја заборави оваа вечер, тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија, додаде Сиљановска - Давкова.

Таа посочи дека Италијаните се префинети кога е музиката во прашање, дека имаат вкус и строги критериуми, но смета дека после ова што го слушнаа „односот кон македонската култура ќе биде сменет“.

-А, јас повторно велам дека верувам дека покрај традиционалната дипломатија, културната дипломатија е нашето најмоќно оружје, истакна претседателката Гордана Силјановска - Давкова.

Во рамки на посетата на Рим по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, таа вчера положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Сиљановска - Давкова и делегацијата го посетија и гробот на папата Франциск.

Македонската делегација во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, со кој чиноначалствуваа митрополитот Тетовско-Гостиварски господин Јосиф и епископот Стобиски, господин Јаков, во придружба на повеќе свештенослужители.

Претседателката Силјановска - Давкова утре во Ватикан ќе има аудиенцијата кај новиот папа Лав 14 и средба со кардиналот Пјетро Паролин.

Според програмата, предвидена е и средба со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.

Коментар: „Северномакедонецу“ Апасиев, ќе „гукнеш“ ли нешто за навредите од Бугарија?

Димитар Апасиев подобро познат како Димче е во „политичка нирвана“ додека сите сериозни македонски партии се огласија по повод негацијата на македонштината од страна на Бугарија во Европскиот парламент, и ти да не си во КАТАРЗА?

Коментар: „Северномакедонецу“ Апасиев, ќе „гукнеш“ ли нешто за навредите од Бугарија?

Просто е неверојатно како македонски академски граѓанин кој истовремено е и политичар и се обидува да го завземе централниот извршен трон на домицилната власт, не се осмелува да и одговори на бугарската политичка елита, која според мене, користи “модерни“ верзии на алатките на Гебелс а се' со цел - да го негира нашиот идентитет со сите негови атрибути.

И да, ако се прашувате, точно е, пишувам за Димитар Апасиев и неговите 5мина пратеници, јавачи на апо..пардон, на Dapple, магаренцето на Мигуел Сервантес од неговото најпознато дело.
Димитар, убеден сум дека имаш грст раце со новокреираниот стартап со посета на гробиштата, кој би требало да го именуваш како - „летен гробарски камп“ , при што веројатно најголеми барање ти и ќе ти доаѓаат за посета на гробот на Енвер Хоџа...сепак најди време да ги замолиш комрадите од Москва, ако ти се толку блиски како рускиот амбасадор овде, да им сугерираат на твоите нови „пријатели“ ( корегирај ме ако грешам за ова ) - Бугарите - да не те нарекуваат тебе и твоиве „Северномакедонци“.

Патем, те чекам во септември на „кавга“ кај мене во канал 5 ТВ, а во меѓувреме ти препорачувам да земеш по еден фуфкомицин дневно.

П.С. Гратис стартап идеја за тебе: Секој турист кој ќе се пријави за твојот бизнис - „летен гробарски камп“ а ќе биде носител на партизанска споменица, да му дадеш 50% попуст !

Уреднички коментар: Иван С. Мирчевски

Мерц го поздрави Европскиот фонд за обнова на Украина

-Огромните трошоци за обнова на Украина не можат да се покријат исклучиво од јавни средства, рече Мерц на почетокот на дводневната конференција на високо ниво во Рим, пренесуваат британските медиуми.

Мерц го поздрави Европскиот фонд за обнова на Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја пофали идејата за лансирање на европскиот фонд насочен кон мобилизирање приватни инвестиции за обнова на Украина, нагласувајќи дека огромните трошоци за обнова не можат да се финансираат само од јавни извори.

-Огромните трошоци за обнова на Украина не можат да се покријат исклучиво од јавни средства, рече Мерц на почетокот на дводневната конференција на високо ниво во Рим, пренесуваат британските медиуми.

За да се обезбедат потребните средства за обнова, Германија, Франција, Италија и Полска, во соработка со Европската инвестициска банка и Европската комисија, ќе соберат средства од Европскиот фонд за обнова на Украина.

Мерц нагласи дека целосно ја поддржува целта на овој фонд - мобилизација на големи приватни инвестиции што ќе овозможат закрепнување и модернизација на украинската економија.

Отворањето на фондот означува значаен чекор во обезбедувањето одржливо финансирање за долгорочна обнова на Украина, која се соочува со предизвици поради уништувањето предизвикано од војната.

Приватните инвестиции ќе играат клучна улога во процесот на закрепнување на Украина, бидејќи ќе овозможат економски раст и развој на инфраструктурата, а во исто време ќе ја намалат зависноста од исклучиво јавно финансирање.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

Собранието на денешната 59. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

На седницата беше прифатен предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени предлог-законите за изменување и дополнување на законите за туристичката дејност, за заштита на културното наследство и за библиотеките, како и измените на Законот за државните награди. Пратениците не го прифатија предлог законот за дополнување на Кривичниот законик.

Собранието ги усвои извештаите за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство, годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, сите за во 2024 година.

Седницата треба да продолжи во 13 часот и 50 минути.

На дневен ред останаа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за возила и на Законот за здравствено осигурување двата по скратена постапка.

Пратениците во рамките на 59. седница треба да ги разгледаат и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, предлог закон за изменување на Законот за научно-истражувачка дејност, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни систем и предлог на закон за изменување на Законот за воздухопловство сите по скратена постапка.

притисни ентер