Папата Лав Четиринаесетти ја посети Сината џамија во Истанбул - Канал 5

Папата Лав Четиринаесетти ја посети Сината џамија во Истанбул

Папата Лав Четиринаесетти денеска го почна вториот ден од престојот во Турција со посета на Сината џамија во Истанбул.

Папата Лав Четиринаесетти ја посети Сината џамија во Истанбул

Ватикан соопшти дека папата ќе одржи „кратка тивка молитва“ за време на посетата на Сината џамија. Тој за време на посетата е придружуван од раководителот на Дирекцијата за верски прашања на Турција, Дијанет, кој му ја покажа високата купола на објектот со сини плочки, пренесуваат светските ахгенции.

Папата Лав Четиринаесетти ги следеше чекорите на своите претходници, кои ја посетиле џамијата во знак на почит кон муслиманското мнозинство во Турција.

Ова е прва негова посета на некоја странска земја, а по Турција, ќе отпатува во Бејрут. Папата Лав Четиринаесетти ја избра Турција како своја прва дестинација надвор од Италија за да ја одбележи 1.700-годишнината од Никејскиот собор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕСМ Снабдување со топлина:Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.

ЕСМ Снабдување со топлина:Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година

Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија, во согласност со одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и прогнозите за средната дневна температура од УХМР.

Апел до потрошувачите за навремена подготовка на грејната сезона

Со цел грејната сезона да започне и да се одвива непречено, ги потсетуваме и ги повикуваме сите корисници навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи редовното одржување е нивна обврска. Завршените интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина.

За функционирање на системот, потребно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на топлинските потстаници. Апелираме до заедниците на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници и да проверат дали електричните инсталации се функционални.

Навременото одржување на внатрешните инсталации, обезбедувањето непречен пристап до топлинските потстаници и редовното електрично напојување се од заеднички интерес и придонесуваат за сигурна и непречена испорака на топлинска енергија.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на објекти без услови за испорака на топлина на следниот линк: Затворени објекти – ЕСМ Снабдување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18 наставници наградени од Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден на учителот

По повод 5-ти Октомври, Светскиот ден на учителот, Општина Кисела Вода ги награди најуспешните наставници од основните училишта на својата територија. 

18 наставници наградени од Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден на учителот

Низ пријатно дружење во една неформална атмосфера, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска врачи признанија на 18 истакнати просветни работници, како потврда за нивниот исклучителен труд, стручност и посветеност во образовниот процес и едукацијата на најмладите.

Изборот се одвиваше транспарентно преку јавен оглас, од страна на стручна комисија, врз основа на постигнатите успеси на нивните ученици на државни натпревари и сертификатите за сопствено континуирано стручно усовршување.

-Сакав овој значаен ден, Светскиот ден на учителот, да го одбележиме токму вака, спонтано и неформално, бидејќи вашата работа секојдневно бара многу енергија и заслужувате вистински момент за опуштање. Ми претставува огромна чест што денеска седам со вас, луѓето кои се темелот на нашата иднина. Вие со вашата работа докажувате дека образованието не е само професија, туку благородна мисија која се работи со многу љубов и трпение. Вашите успеси се директен доказ за посветеноста кон нашите деца. Општина Кисела Вода секогаш ќе го вреднува вистинскиот квалитет и останува ваш силен партнер во обезбедувањето подобри услови за работа. Ви го честитам празникот и од срце ви благодарам за сè што правите за новите генерации-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Добитници на признанието „Најдобар наставник за 2026 година“ од основните училишта во Општина Кисела Вода се:

ООУ „Круме Кепески“: Гордана Арсовска

ООУ „Кирил Пејчиновиќ“: Елизабета Митревска, Мимоза Митиќ, Маја Михаиловска, Велика Миленковска

ООУ „Кузман Шапкарев“: Сашка Стефановска Морски, Марија Велковска, Благоја Кечовски

ООУ „Кузман Јосифовски Питу“: Гордана Ристеска Лукрис

ООУ „Невена Георгиева Дуња“: Маја Трајковиќ, Тања Калинска, Тони Патровски

ООУ „Рајко Жинзифов“: Магдалена Бадарова, Маја Грнчиштанова

ООУ „Св. Климент Охридски“: Виолета Трпевска, Наташа Старделова, Јасмина Лакинска, Валентина Кикеркова

Општина Кисела Вода упатува искрени честитки до сите наградени, со желба за уште поголеми професионални успеси во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Октомври во МНТ – театар, гостувања и музика

Октомври во Македонскиот народен театар носи разновидна програма исполнета со театарски наслови, гостувања и нови сценски и музички содржини.

Октомври во МНТ – театар, гостувања и музика

Покрај претставите од редовната репертоарска програма, публиката ќе има можност да ја погледне и најновата продукција на МНТ – „Три сестри“ како и да проследи претстава од странство.

Посебно место во октомвриската програма има и „Од другата страна“ на Поетроника – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото.

На 7 октомври од 19.00 часот, на реновираната тераса на МНТ, ве покануваме да ја доживеете Поетроника во нов амбиент. Влезот е бесплатен.

РЕПЕРТОАР – ОКТОМВРИ

5.10 | „ТРИ СЕСТРИ“

7.10 | ПОЕТРОНИКА – „ОД ДРУГАТА СТРАНА“ - 19:00 ч.

8.10 | „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“

9.10 | „СТРАВ И НАДЕЖ“

13.10 | „ДОМА“ - ФДУ

19.10 | „КАО КАКАО“

21.10 | „ТРИ СЕСТРИ“

28.10 | „ДОСИЕ ПЕПЕРУТКА“ - гостување од Анкара

29.10 | „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“

Сите театарски претстави започнуваат во 20.00 часот, освен настанот на Поетроника, кој започнува во 19.00 часот.

Билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата на МНТ. Ве очекуваме во МНТ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер