Мисата била одржана во задниот дел на базиликата Свети Петар со помалку од 100 верници и помал број кардинали и бискупи. Обично се служи во главниот дел на базиликата и таму присуствуваат до 10.000 луѓе, вклучувајќи дипломатски кор што претставува скоро 200 држави.
Сите освен Папата и членовите на помалиот хор носеле маски на мисата што започна два часа порано од вообичаеното за да може ограничен број верници да се вратат дома до 22 часот кога ќе започне полицискиот час.
„Синот Божји се роди како прогнаник за да ни каже дека секој е дете Божјо“, рече папата Фрањо во својата проповед.
Тој додаде дека Божиќ треба да нè натера да погледнеме на „нашата неправда кон толку многу браќа и сестри“, наместо да ја следиме „нашата бесконечна желба за имот и минливи задоволства“.
„Бог дојде меѓу нас во сиромаштија и потребата да ни каже дека, служејќи им на сиромашните, ќе ја покажеме нашата љубов кон него“, рече 84-годишниот Папа, кој го слави осмиот Божиќ во својот понтификат
Утре , Папата ќе ги прочита својот Урби ет Орби (градот и светот) од салата во Ватикан, наместо од централниот балкон на плоштадот Свети Петар, на настан што обично привлекува десетици илјади луѓе.
Италијанците ќе бидат затворени поголемиот дел од божиќните и новогодишните празници. Продавниците што не се неопходни ќе бидат затворени до 27 декември, повторно од 31 декември до 3 јануари и на 5 и 6 јануари. Во тие денови, на Италијанците им беше дозволено да патуваат само заради работа, здравје или други, итни причини.
Сите папски настани помеѓу 24 декември и 6 јануари ќе се одржат во затворено и со ограничен број луѓе, но ќе се емитуваат на телевизија и на Интернет.