Папакоста бара Македонија да даде дополнителна толкувачка изјава во врска со јазикот и државјанството

По грчкиот претседател Павлопулос, и заменик министерката за цивилна заштита на Грција, Катерина Папакоста бара Македонија да даде дополнителна толкувачка изјава во врска со јазикот и државјанството на земјава.

Папакоста е независен пратеник, лидер на партијата НЕО и дел од владата на Ципрас, чиј глас може да биде клучен за обезбедување мнозинство ако Преспанскиот договор дојде на гласање во грчкото Собрание.

Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Папакоста вели дека нејзиниот предлог деновиве ќе го достави пред политичките партии, со кој ќе бара толкувачка изјава:

- Јазикот на соседната земја не се однесува на античкиот македонски јазик, туку ѝ припаѓа на групата словенски јазици.

- Националноста се однесува на државјанството (citizenship)

Нејзиниот став се совпаѓа со неодамнешното барање на грчкиот претседател Павлопулос, кој исто така, инсистира Македонија да даде писмена обврска дека Договорот од Преспа не признава македонска нација, туку само државјанство. Дополнителен притисок создаваат и пораките на лидерот на опозицијата Мицотакис, кој за време на посетата на Костур повторно ја обвини грчката влада за предавство на грчките национални интереси.

-Неколку десетици километри над езерото во Костур, се наоѓа едно друго езеро, Преспанското езеро, кое денес, на грчкото општество му е познато, не по неговата исклучителна природна убавина, туку по срамниот Договор од Преспа, што го потпишаа господинот Ципрас и господинот Каменос. Овој Договор кој им отстапува македонски јазик и македонска националност на нашите соседи. Повторувам од овде, од Костур дека Нова демократија нема да гласа за овој договор, ниту сега, ниту во следниот парламент, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на Нова демократија.

Мицотакис минатата недела оцени дека уставните измени што ги спроведува Македонија се полоши и од самиот договор од Преспа.

Последните информации од Атина упатуваат на тоа дека Ципрас ги има обезбедно неопходните 151 пратеник за изгласување на Договорот.

Данска ќе им дозволи абортус на малолетни девојчиња без согласност од родителите

Данската влада денеска соопшти дека жените во оваа скандинавска земја ќе имаат право да изберат да ја прекинат бременоста до крајот на 18-та недела од бременоста.

Досега границата за абортус во Данска беше 12 недели.

Данската министерка за внатрешни работи и здравство, Софи Лоде, рече дека „нема медицински докази за сегашната граница, а исто така нема ништо што сугерира дека ќе има значително повеќе абортуси или дека тие ќе бидат извршени многу подоцна ако ја подигнеме границата“.

Измената на законот треба да стапи на сила кон средината на 2025 година. Дополнително, на девојчињата на возраст од 15 до 17 години им се дава слобода да абортираат без родителска согласност или одобрение од специјалистичка комисија.

Данска беше една од првите западноевропски земји што на жените им даде право на абортус по сопствен избор.

Од 1973 година, бремените жени кои живеат во Данска можат да абортираат до крајот на 12-та недела без потреба да наведат причина и без надоместок на трошоците.

И после тоа, абортуси се можни под одредени услови, но потребно е одобрение од комисијата за абортус.

Германска компанија лансира во вселената ракета на парафински погон (ВИДЕО)

Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета напојувана со парафински восок која ќе може да носи комерцијални сателити.

„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, објави шефот на компанијата Марио Кобалд.

Дванаесет метри долгата и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија.

Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на парафински восок или течен кислород.

Парафинскиот восок се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштедиле до 50 проценти.

Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање на сателити во вредност од над 100 милиони евра.

HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.

Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“.

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“, но и „демократски вредности со кои се пробиваат границите за еднакви можности за жените како докажана заложба на СДСМ.

Доктор Милена Стевановиќ во својот дел на изјавата истакнува дека „СДСМ, Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ и другарите социјадемократи се оние кои со знаење и капацитет можат да ја придвижат земјата напред“.

„Нам ни требаат луѓе како Бојан. Со исклучително познавање на институциите на ЕУ, со чиста и прогресивна мисла, вистински современи патриоти кои додека ја внесуваат земјата во ЕУ го штитат и промовираат македонскиот идентитет“, истакнува во видео пораката д-р Милена Стевановиќ.

Во ова видео обраќање таа ги повикува сите македонски демократи „во среда на 8 мај сите кои се за подобра, современа и демократска македонија да го заокружат бројот 1 за европска Македонија“.

Бојан Маричиќ во ова заедничко обраќање ја посочува Милена Стевановиќ како „претставник на прогресивното женско движење“.

Маричиќ порачува со д-р Стевановиќ Македонија и македонското општество ќе „напредок на полето на јавното здравје, на полето на женското здравје и машкото здравје“.

„На Собранието и треба Милена Стевановиќ, врвен професионалец кој го предводеше целиот тим на Инфективната криза за време на пандемијата од Ковид и која во исто време се докажа како храбар и непоколеблив борец за постојано унапредување на правата на жените“, истакнува Маричиќ во видео пораката.

Маричиќ порачува дека е важен гласот на жените, девојките, демократи и демократки.

„Вашиот глас за СДСМ и за Милена Стевановиќ на овие избори е глас за жените како еднаква силна движечка сила на општеството“, нагласува Маричиќ во заедничката изјава со д-р Милена Стевановиќ, како кандидати за пратеници на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина во изборната единица 1, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер