Пановски: МВР и ОЈО требаше порано да влезат на Онкологија

Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, рече во „Вести Плус“ врвниот микробиолог др. Никола Пановски. Со него разговараше Јован Ѓорговски.

Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, граѓаните ја загубија довербата, која може да се поврати само ако целосно се расветли случајот и има одговорност.

МВР и ОЈО требаше порано да влезат на онкологија бидејќи подолг период има информации за злоупотреби за кои известуваа и дел од медиумите, смета Пановски. .

Има елементи кои укажуваат дека повеќе лица биле вмешани во скандалот. Тоа не би било возможно без знаење на надлежните на клиниката, финансии и сметководство.

Лошата ситуација во македонското здравство се должи, пред се, на партизацијата. Потребен е целосен ремонт и департизација, но притоа мора да се има предвид дека тоа нема да биде возможно без жртви, рече Пановски прашан за можноста да се поправи лошата состојба во македонското здравство.

Партиското поставување на директори на клиники е сериозен проблем и дополнително придонесува за ваквите лоши состојби.

Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.

Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.

Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици./МИА

Рекорден број мигранти го преминаа Ламанш за време на викендот

Рекорден број од 973 мигранти го преминаа Ламанш вчера за да стигнат нелегално до Велика Британија на импровизирани гумени чамци, додека истовремено четири лица загинаа на море, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Претходниот рекорд датира од јуни минатата година, кога беа регистрирани 882 премини. Со овие 973 мигранти, вкупната бројка за оваа година изнесува 26.612 лица кои пристигнале на британските брегови, најчесто од Франција.

Серијата бродоломи ја направија 2024 година најсмртоносна од 2018 година, кога започна овој феномен на прекуокеански преминувања.

Владата на Велика Британија под водство на лабуристичкиот лидер Киер Стармер вети дека ќе се справи со илегалната имиграција преку зголемување на депортациите и зајакнување на борбата против шверцерите.

Според британските власти, импровизираните чамци сега носат во просек по 52 патници, што е значителен пораст во споредба со 2020 година, кога просекот бил 13 лица.

Во периодот од јуни 2023 до јуни 2024 година, 18 отсто од пристигнатите мигранти биле од Авганистан, 13 отсто од Иран, а 10 отсто од Виетнам. /МИА

Изгаснат пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово

Неколку часа траеше гаснењето на пожар што избувна денес во подрумските простории на зградата на Општина Тетово. 

Пожарот почнал околу 15 часот и 15 минути, а е изгаснат за неколку часа од страна на пожарникари.

-Интервенирано беше со четири возила и 12 пожарникари, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Од огнот изгорел складиран изборен материјал од изминатите изборни процеси.

притисни ентер