ПАНИРАН КАРФИОЛ

Рецепт на Драгана Велковска.

Потребни состојки: 1 мала главица карфиол, 1 шолја органско пченкарно брашно, 3 чаши пиво, 1 лажичка хималајска сол, 1 лажичка чаден црвен пипер,1 лажичка оригано и 2-3 лажици сусам.

Постапка:

Во подлабок сад се просејува пченкарното органско брашно.

Во брашното последователно се додаваат: 2-3 лажици сусам, 1 лажичка чаден црвен пипер, 1 лажичка оригано и 1 лажичка хималајска сол.

Состојките се мешаат со виљушка за да се измешаат зачините во брашното.

Постепено се додава пивото и се продолжува со мешањето се додека не се добие погуста смеса.

Во смесата се панираат парчиња карфиол, кои претходно се обарени со малку сол.

Панираните парчиња карфиол се редат во плех со готварска хартија.

Се печат во загреана рерна околу 20 минути на 180 степени

ОЈО: Притвор за напад врз службени лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените. 

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против десет лица од Прилеп поради постоење основано сомневање дека како соизвршители го сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 Кривичниот Законик.

Осомничените на 24.9.2020 година, околу 20.00 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот ”Св Ѓорѓија” село Присад, со употреба на сила физички нападнале пет службени лица – полициски службеници од Полициско одделение Чашка, кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат на спречување и откривање на кривично дело и фаќање на сторители на кривично дело. Оштетените полициски службеници при вршење на службени дејствија забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Притоа, едно патничко моторно возило избегало, а другите две патнички моторни возила од кои едното марка Гранд Чироки, а другото марка Лада Нива биле сопрени и било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва. Додека полициските службеници изготувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петте полициски службеници и службеното возило на полицијата. Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите оштетени се задобиле со телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот со решение, на осомничените им определи мерка притвор траење од 30 дена.

Без струја утре повеќе делови на Скопје

 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Сарај и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Анастас Митрев" броевите 12, 12а, 14 и 14а, Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Франц Прешерн", Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Крушопек, дел од село Сарај лоцирани околу општината, дел од населбата Ѓорче Петров кај „Кристина Дамил", општина Сарај и Ѓорче Петров.

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 193 возила

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. 

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на продолжениот викендов го искористиле 193 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

притисни ентер