3Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
ЖивотПаника во град во Монтана: Слон трча по улиците, сите багаат (ВИДЕО)Жителите на гратчето Буте во Монтана беа сведоци на необична глетка кога во центарот се најде слон кој побегнал од циркус!Врисоци и паника настана кога слонот без проблем прошета покрај бензинска пумпа, паркинг и локално казино, додека зачудените минувачи го снимаа неговиот подвиг со мобилни телефони, објави Вашингтон Пост. Научниците тврдат дека слоновите никогаш не забораваат, а се чини дека нема да заборават ниту жителите на овој град, со оглед на тоа дека слоновите се егзотични животни во овој град на северозападот на САД. Слоницата по име Виола успеала да побегне од циркусот Џордан, кој од почетокот на април е на турнеја во Монтана. Возачите со мобилните телефони го снимале слонот, кој панично го бркале вработените во циркусот со долг стап. Слонот успеал п да помине покрај автомобил на патот и се упатил кон паркинг недалеку од бензинската пумпа пред да се пробие во населениот дел од градот каде конечно бил фатен, објави NBC Montana. Слонот не бил повреден при неочекуваната прошетка, а не предизвикал материјална штета. Локалниот новинар диџеј Бауер на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, објави дека Виола има 58 години и има азиско потекло. Таа побегнала додека се капела кога се исплашила од наглото сопирање на камионот. На веб-страницата на циркусот Џордан е наведено дека денеска имаат две закажани претстави во градот, едната попладне, а другата вечер. Организацијата за заштита на правата на животните, ПЕТА, изјавила дека кон слонот Виола не се постапувало хумано и дека до сега во три наврати избегала - во 2010, 2014 и 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката кризаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов министер за одбрана, во обид да ја смири политичката криза предизвикана од разрешувањето на доскорешниот министер Михајло Федоров, чија смена предизвика серија на протести во земјата.На неговото место доаѓа Евгениј Хмара, кој како шеф на домашната разузнавачка служба СБУ ги надгледуваше украинските напади со дронови во длабочината на Русија. Зеленски досега не ја објасни причината за смената на 35-годишниот Федоров, кој го обвини началникот на генералштабот Олександар Сирски дека ги блокирал иницијативите на министерството и не ги решавал проблемите директно. Поради смената на федоров, оставка поднесе заменик-заповедникот на украинските воздухопловни сили Павло Елизаров.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаНајдобрите ученици се гордост на Општина Аеродром – признанија и награди за првенцитеГрадоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година.Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност. Со особена гордост им честитаме на: Павел Ангелов – ООУ „Александар Македонски“ Стефани Накова – ООУ „Димитар Македонски“ Исидора Илијоска – ООУ „Блаже Конески“ Илина Трпеска – ООУ „Гоце Делчев“ Димитар Стојановски – ООУ „Гоце Делчев“ Ива Минова – ООУ „Љубен Лапе“ Ана Станчева – ООУ „Лазо Ангеловски“ Јаков Грујовски – ООУ „Браќа Миладиновци“ Ангела Давитковска – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Благодарност до наставниците, директорите, стручните служби и семејствата, кои секојдневно ги охрабруваат и поддржуваат младите на патот кон успехот. Општина Аеродром ќе продолжи да ги поддржува и наградува младите таленти, затоа што тие се нашата најголема вредност и најсигурна инвестиција во иднината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаУспешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадарСо фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година.Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои однеодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа како клучна поддршка во нивната кариерна транзиција, обезбедувајќи им напредни алатки за стратешко размислување, поефикасно водење на тимовите и балансирање помеѓу брзите деловни резултати и корпоративната емпатија. Целосната имплементација и предавањата на оваа фаза беа реализирани во соработка со едукативниот центар Prudens – организациски развој и лидерство, чии експерти и тренери понудија високи стандарди на предавање и практични модули прилагодени на современите пазарни предизвици. Низ дискусиите и евалуацијата на програмата, учесниците истакнаа дека обуката дошла во вистински момент за нив, помагајќи им да го надминат почетниот притисок од новите одговорности и со значително поголема самодоверба да пристапат кон менаџирањето на секојдневните процеси во филијалите и секторите. Завршувањето на овие модули е само вовед во долгорочната стратегија на Flex Group за едукација на вработените. По кусата летна пауза, во септември програмата продолжува со нови специфични модули и дополнителни реномирани тренери, со цел натамошно зајакнување на лидерските капацитети на групацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter