Пандев најмалку еден месец надвор од теренот

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев ќе паузира најмалку еден месец поради повреда на бутниот мускул.

Тој повредата ја доби на дуелот на неговиот тим Џенова во неделата против Фросиноне во Италијанското фудбалско првенство.

Пандев во изминатиот месец прикажа добри игри, а по пауза од две и пол години се врати и во националниот тим.

Во италијанскиот шампионат преостануваат уште седум кола до крајот на сезоната. /МИА

Украинската армија се повлекува од некои области на северниот фронт, во областа Харков

Украинската армија објави дека мора да се повлече од одредени области на северниот фронт, во областа Харков, каде Русија на 10 мај започна нова офанзива.

Во соопштението на украинскиот Генералштаб објавено синоќа, се наведува дека армијата ги променила позициите во областите кај Лукјанц и Вовчанск.

„Како одговор на непријателскиот оган и пешадискиот напад, нашите единици се префрлија на поповолни позиции со цел да ги спасат животите на нашите војници и да избегнат жртви“, соопшти Генералштабот на социјалните мрежи.

На 18-ти октомври во „Македонска филхармонија” концерт на Ара Маликиан

Концерт на светски познатиот виртуоз на виолина Ара Маликиан во Скопје на 18-ти октомври во „Македонска филхармонија”.

На сцената во „Македонска филхармонија” на 18-ти октомври во Скопје, ќе настапи светски познатиот виолинист Ара Маликиан.

Концертот на Ара Маликиан во „Македонска филхармонија”, ќе ја одведе публиката низ различни музички стилови, бидејќи Ара во својот репертоар освен неговите, вклучува и дела од широк спектар на музичари, почнувајќи од Дејвид Боуви, Јохан Себастијан Бах, па се до Лед Цепелин и Николо Паганини.

Харизматичната личност и феноменалната енергија, му донесоа безброј награди, правејќи го неверојатно баран музичар. Во текот на својата кариера имал концерти во сите држави во светот, свој концерт одржал и на стадионот Сантјаго Бернабеу, а настапувал со повеќе од 40 светски познати уметници и ансамбли, меѓу кои Стинг, Лондонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар од Цирих, Московски виртуози, симфонискиот оркестар на Токио и други.

Ара Маликиан е познат либански виолинист кој својата кариера како музичар ја започнал на многу млада возраст, во средината на либанската граѓанска војна.

Русија соопшти дека неутрализирала 17 украински беспилотни летала

Руските сили синоќа неутрализираа 17 украински беспилотни летала чија цел биле уништување складиште за гориво во Ростовската област, на југот на земјата, каде што се наоѓа воениот штаб на руската операција во Украина.

-Во текот на ноќта беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади врз цели на територијата на Русија, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Руските одбранбени системи пресретнаа и уништија 17 беспилотни летала во неколку погранични региони на Украина, како и десет ракети ATACMS над полуостровот Крим, се додава во соопштението.

Во Ростовската област, два дрона оштетија складиште за гориво и предизвикаа експлозии, објави локалниот гувернер Василиј Голубев на Телеграм.

притисни ентер