Памела Андерсон одби да глуми во филм, поради барањата на режисерот - Канал 5

Памела Андерсон одби да глуми во филм, поради барањата на режисерот

Стивен Сигал е едно од најпрепознатливите лица на Холивуд од 80-тите и 90-тите години.

Памела Андерсон одби да глуми во филм, поради барањата на режисерот

Актерот е познат по своите неверојатни акциони сцени и неговата експертиза во боречки вештини. Тој се прослави со хит филмовите како „Над законот“, „Во потера по правдата“, „Непробојно од куршуми“ и „Конечна одлука“. Меѓутоа, во последните неколку години, против актерот беа изнесени бројни обвиненија за напад, злоупотреба и сексуално насилство, што ја наруши неговата кариера.

На Памела Андерсон еднаш ѝ била доделена улога во филмот на Стивен Сигал, но таа се повлече поради чудното барање на актерот, пишува FandomWire.

Памела Андерсон е актерка и модел од Канада, најпозната по нејзината работа во списанието Playboy и улогата на C.J. Паркер, во популарната телевизиска серија Baywatch, која се емитуваше од 1992 до 1997 година.

Актерката ги сподели своите искуства со сексизмот со кои се сретнала во нејзината долга кариера. Таа се присети на непријатната средба со Стивен Сигал поради нејзината улога во неговиот филм Under Siege, кој заработи 156 милиони долари. Сигал одбил да ѝ ја даде улогата бидејќи таа не сакала да спие со него.

„Се сеќавам како ми рече: „Ако не го направиш тоа, девојката во салата ќе ја добие улогата“. И јас му реков: „Па, добро, збогум“.

Актерката не откри за која улога станувало збор, но се вели дека тоа е улогата што и припаднала на Ерика Елениак, која во филмот ја играше асистенката на Сигал и модел на Плејбој.

Андерсон беше дел од филмската индустрија кога сексизмот беше уште пораширен отколку денес и актерките мораа да внимаваат да не се стават во опасни ситуации.

„Беше општо познато кои продуценти и холивудски луѓе треба да ги избегнувате приватно. Знаете во што се впуштате ако влезете сами во хотелска соба“, рекла актерката. „Треба да имате некакво шесто сетило што ќе ви каже дека ова не е во ред. Ако некој ви ја отвори вратата облечен само во наметка, не влегувајте таму. И ако влезете, барем погрижете се да ја добиете улогата .

Андерсон неодамна беше видена во филмот Сама ноќе од 2022 година и документарниот филм на Нетфликс за нејзиниот живот, Памела: Љубовна приказна, кој беше објавен претходно оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар

Општина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари.

Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар

Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи.

„По пријавите од граѓаните веднаш преземаме мерки и спроведуваме вонредна дератизација на локациите каде што е забележана зголемена појава на глодари. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе реагираме секаде каде што ќе има потреба. Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме“, изјави Герасимовски.

Вонредната дератизација ќе се спроведе на следните локации:

Капиштец – ул. „Загребска“ бр. 28, спроти Биотек (поранешно КТК), кај контејнерите.

Дебар Маало – ул. „Радњанска“, кај контејнерите, просторот околу Пазарот Буњаковец и дел од ул. „Рузвелтова“.

Буњаковец – ул. „Борка Талески“, од ООУ „Ј. Х. Песталоци“ до Грчката амбасада, како и крстосницата на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ со ул. „Апостол Гусларот“, вклучително и шахтите околу запуштениот објект до ООУ „Ј. Х. Песталоци“, Катната гаража и бараките на ЈП „Комунална хигиена“.

Кале – ул. „Лазар Личеноски“, во близина на Спортска медицина и Царинската управа.

Од Општина Центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на наведените локации во периодот додека трае акцијата и да не ги поместуваат или оштетуваат поставените средства за дератизација.

Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден.

Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество.

За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија.

Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Англискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. 

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година.

Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер