Палермо испушти победа во судиското надополнување - Канал 5

Палермо испушти победа во судиското надополнување

Екипата на Палермо во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски испушти победа на синоќа одиграниот дуел од 18.коло од Серија А против Пескара на домашен терен.

Палермо испушти победа во судиското надополнување
Натпреварот заврши 1:1, а гостите изедначија во судиското надополнување на вториот дел. Палермо поведе во 33.минута со голот на Робин Куасон, а изедначи Кристијано Бираги во 90+3 минута од пенал. Несторовски го одигра целиот натпревар и доби жолт картон, додека Трајковски во игра влезе во 83.минута. Палермо е на 18.то место на табелата со 10 бодови.

Во дресот на Џенова на гостувањето кај Торино (пораз од 1:0) од 74.минута настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Резултати на натпреварите од 18.коло од Серија А: Палермо – Пескара 1:1, Рома – Киево 3:1, Каљари – Сасуоло 4:3, Фиорентина – Наполи 3:3, Сампдорија – Удинезе 0:0, Торино – Џенова 1:0, Интер – Лацио 3:0, Аталанта – Емполи 2:1.

Поради Супер купот што се игра попладнево во Доха, Катар меѓу Јувентус и Милан, натпреварите: Кротоне – Јувентус и Болоња – Милан ќе се играат на 8.февруари 2017 година.

Табела: Јувентус 42 бода, Рома 38, Наполи 35, Лацио 34, Милан 33, Аталанта 32, Интер 30,.../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња

Дали медицинската сестра што пред неколку дена му пресече дел од палецот на новороденче наместо фластерот за инфузија пак ќе работи со бебиња на ГАК ќе одлучи дисциплинска комисија составена од доктор, адвокат и синдикален претставник формирана при

Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња

Оваа комисија има рок од 60 дена да даде заклучок, потврдуваат од ГАК, а додека трае постапката, сестрата која има искуство од 20 години е суспендирана од досегашната позиција и е префрлена во млечната кујна. Таткото на бебето, Аднан Азизи за Канал 5 вели дека добил уверување дека утре ќе му биде доставена целата медицинска документација и со неа случајот и официјално ќе го пријави во МВР, а потоа ја ќе поднесе тужбата до ГАК, со цел тоа што ѝ се случило на неговата ќеркичка Лејла да не се случи на друго бебе.

-Утре ќе ги земеме. Професорот ми кажа да дојдеме во петок, утре ќе одам да ги земам сите документи, после ќе ги однесеме во МВР и потоа со адвокатот. Јас не ја знам сестрата (што му го пресекла прстот на детето), јас Клиниката ќе ја тужам, па како ќе каже судот понатаму, така ќе правиме. Јас и да ја познавам сестрата, работа со персоналот немам, имам со Гинекологија, затоа Клиниката ќе ја тужиме,- - Аднан Азизи – родител.

Поради потврдата од страна на Клиниката за Гинекологија дека повредата се случила во болница што случајот го дефинира како „несакан настан“ здравствените власти сметаат дека со формирањето на дисциплинската комисија случајот ќе биде затворен и нема да има оформување на дополнително стручно тело, бидејќи е потврдено дека станува збор за грешка.

Од вчера бебето е дома, на домашно лекување со антибиотици, а според појаснувањата тоа има пократок палец, бидејќи при операцијата била ампутирана дисталната фаланга на прстето, односно последниот коскен дел од палецот, за да може раната хируршки да се обработи и затвори. Родителите добиле насоки дека дури кога девојчето ќе наполни 15 или 16 години ќе може да се направи реконструктивна операција на пластична хирургија, со цел да се добие нормален изглед на палецот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. 

Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка

На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка

Посебен акцент на разговорот беа економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес.

Вицепремиерот Николоски додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови.

Се разговараше и за соработката во рамките на НАТО Алијансата и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Притоа беше истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена, соопштуваат од Министерството за транспорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?

Случаите на сексуално насилство врз деца во фокусот на јавноста по најновите информации на МВР  -  во полициските билтени се регистрирани нови кривични пријави за силување на деца кои не наполниле 15 години.

Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?

СВР Скопје поднело кривична пријава против П.Н. (47) и А.Т. (62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според информациите од МВР, во јули 2025 година пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник.

Уште една кривична пријава е поднесена против 49-годишен скопјанец, кој се сомничи дека во февруари годинава силувал дете кое не наполнило 15 години. Повторувањето на ваквите случаи го отвора прашањето дали актуелните законски решенија и казни се доволни за заштита на децата. Па така, според адвокатот Александар Тумановски, потребно е да се посвети внимание и на временските рокови во кои треба да се завршат случаите кога силувањето врз дете го врши друг малолетник. Посочува и конкретен пример, кога случајот не добил правна завршница во законскиот рок.

-Во законот за права на децата е предвидено да се заврши постапката за година и 6 месеци, државните институции, меѓу кои и судот не успеаја во тој рок...за жал жртвата има дупла виктимизација бидејќи не се осудени тие лица, постапката заврши со запирање на таа постапка против тие лица и со тоа жртвата остана жртва без остварување на своите права,- изјави Александар Тумановски, адвокат.

Државата да биде немилосрдна и во поглед на казните за силување на деца, смета Тумановски – истакнувајќи дека покрај високи казни, треба да се разгледаат и други казнени методи, кои би биле во согласност со меѓународното право.

– Треба да се испита и меѓународната пракса во поглед на казнувањето – дали освен казнувањето се користат и други методи на казнување за таквите престапи за таквите лица кои извршуваат такви дела, така да се треба да стои во оптек за да се спречи полов напад на деца,- изјави Александар Тумановски, адвокат.

Со измените на кривичниот законик од 2014 година, се предвидуваше и хемиска кастрација за делото силување на дете, но во пракса, тој метод никогаш не беше применет. За силување дете кое нема 15 години сега се предвидени казни од најмалку 12 години, па се до доживотен затвор, а истата казнена политика е дел и од новиот предлог Кривичен законик кој допрва треба да влезе во собраниска процедура. И во актуелниот и во предложениот кривичен законик казните за силување на дете кое наполнило 15, а не наполнило 18 години се движат од најмалку 10 години, па се до доживотен затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер