Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти - пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража
1Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти - пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ
РецептиПалента со зеленчукБрз, лесен и вкусен оброк.Состојки: 750 мл вода 1 коцка за супа (по избор) 20 грама путер 50 грама фета сирење сол по вкус Мешан зеленчук: 3 црвени пиперки 1 кромид 1 чешне лук маслиново масло оригано 200 грама ситно сецкани домати сол, бибер Подготовка: Прво подгответе го зеленчукот: Загрејте го маслото и пропржете го ситно исецканиот кромид и лук, веднаш додадете ги пиперките, посолете ги и добро пропржете, мешајќи постојано. Сега додадете ги ситно исецканите домати, зачинете по вкус и пржете на тивок оган, мешајќи повремено. Кога пиперките ќе омекнат, зачинете по вкус. Сега гответе ја полентата: Измешајте ја водата со коцката додека не се раствори, потоа додадете сол по вкус, и ставете ја на шпорет. Додадете го путерот и кога смесата ќе почне да се загрева, веднаш додадете ја палентата, добро измешајте со дрвена лажица околу неколку минути додека не почне да се одвојува од садот.Тргнете го тенџерето од шпорет и веднаш додадете го ренданото сирење, промешајте и сервирајте со зеленчукот. Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти - пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаражаВистинска привилегија и голема чест е да се биде градоначалник на град со вековна историја, уникатни културни вредности и природни убавини кои се светско наследство. Охрид е најзначајниот туристички бисер на Македонија, Охрид е нашата гордост и затоа нашата единствена цел е тој да продолжи да напредува, да обезбеди подобри услови за сите граѓани и генерациите што доаѓаат. На мое големо задоволство денеска можам да кажам дека првата година од мојот втор мандат го одбележа континуитетот и динамиката на веќе започнатите проекти, но и низа нови сериозни капитални инвестиции кои ќе го подобрат квалитетот на живеење. Како што ветивме, веќе е во тек изградба на современата катна гаража во централното градско подрачје, проект кој ќе придонесе за подобра организација на сообраќајот и поголема функционалност на центарот на градот. Особено значаен е и проектот за реконструкција и уредување на плоштадот „Чинар“, со кој значително се подобри изгледот и функционалноста на еден од најпрепознатливите простори во старата градска чаршија. Нов лик доби и „Холандскиот парк“ каде што беше извршено комплетно партерно и хортикултурно уредување. Продолживме со реконструкција и уредување на градските сообраќајници. Комплетно ги реконструиравме улиците „Прилепска“ и „Аџи Мустафа“, а реализиравме поголем зафат за асфалтирање на улици во населбата „Бараки“. Го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти, со што жителите од овие две населени места добија директна и побезбедна поврзаност. Завршија и градежните активности за асфалтирање на улици во Горно и Долно Лакочереј, каде што претходно беше поставена примарна канализациона мрежа. Го реконструиравме патот кон село Завој, поставивме асфалт на патот до црквата „Св. Наум“ во село Орман и го асфалтиравме патот кон манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Куратица. Завршен е проектот за реконструкција на водоводната линија на улицата „Кленоец“, заедно со изградба на атмосферска и фекална канализација. Исто така на оваа улица се поставува и нов асфалт на коловозот, со што решивме долгогодишни инфраструктурни проблеми и создадовме подобри услови за жителите од овој дел од градот. Реализиран е значаен проект за замена на опремата во пумпната станица „Метропол“, со нови, енергетски ефикасни и автоматизирани пумпи, со што се обезбедува поголема сигурност и стабилност во водоснабдувањето. Во делот на заштитата на животната средина, продолжуваме со реализација на проекти кои ќе имаат директно значење за зачувување на Охридското Езеро. Меѓу нив, особено би го издвоил проектот за изградба на пречистителната станица во Трпејца, со кој создаваме услови за современо управување со отпадни води и дополнителна заштита на езерото. Почитувани, Голем дел од нашите инвестиции се насочени и кон образованието, затоа што создавањето на подобри услови за младите значи вложување во иднината на Охрид. Учениците од Лескоец добија современи услови за спортување и рекреација. Новата спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ овозможува подобри услови за наставата по физичко образование, но и нов простор за спортски настани и дружење. Продолжуваме со големиот проект за реконструкција на гимназијата „Св. Климент Охридски“, еден од најзначајните образовни и историски објекти во градот. Во изминатите четири години тука инвестиравме над 100 милиони денари за целосна модернизација на објектот и создавање подобри услови за учениците и наставниот кадар. Продолжуваме да вложуваме и во ООУ „Григор Прличев“, со цел подобрување на условите за одвивање на наставата. Посветено работевме и на подобрување на условите во детските установи, а реализирани се реконструктивни зафати во објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, со што создаваме подобри услови за најмладите. Грижата за младите не завршува со создавање на подобри услови во училиштата и спортските објекти. Продолживме со доделување на стипендии за учениците и студентите, затоа што веруваме дека знаењето, трудот и успехот треба да бидат поддржани. Истовремено, направивме и важен чекор кон создавање нов простор за младите. Избрано е идејното решение за новиот Младински културен центар кој ќе биде лоциран во поранешната касарна. Од овој простор сакаме да создадеме место со нова функција, простор кој ќе им припаѓа на младите, каде што ќе можат да бидат креативни, продуктивни, да создаваат, да се дружат и да ги реализираат своите идеи. Најдоброто идејно решение е важна појдовна точка за следната фаза, а тоа е изработка на основниот проект и понатамошна реализација на Младинскиот културен центар. Почитувани, Охрид е град на спортот и културата и затоа во овој мандат продолживме со значителна поддршка на спортските клубови, спортистите, културните институции и манифестациите. Оваа поддршка годинава доби и историска потврда. ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп и го донесе европското злато во нашиот град. Тоа е најголем успех во историјата на клубот и успех на кој како Охриѓани сме особено горди. Овој успех е потврда дека вложувањето во спортот, поддршката на клубовите и создавањето услови за развој на спортистите носат резултати. Во културата и туризмот продолживме во континуитет да ги развиваме манифестациите кои веќе стануваат препознатлив дел од понудата на Охрид. Успешно се реализира петтото издание на Ohrid Wine Festival, четвртото издание на Ohrid Water Festival и четвртото издание на Ohrid Jazz Festival. Со овие настани создаваме нови содржини за граѓаните и туристите, го збогатуваме културниот и туристичкиот живот и придонесуваме за промоција на Охрид. Паралелно со вложувањата во културата и спортот, продолжуваме одговорно да се грижиме за она што е највредно, нашето природно и културно наследство. Заложбите, посветеноста и заедничката работа на локалната и централната власт, институциите и сите чинители вродија со плод. Искрено се радувам на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион доби дополнителен рок до 2031 година за реализација на препораките. Оваа одлука претставува значајна можност, но и дополнителна одговорност за сите нас. Тоа значи дека во наредниот период ќе продолжиме уште поинтензивно со спроведувањето на мерките за заштита на природното и културното наследство. Драги сограѓани, Првата година од овој мандат е уште една година во која покажавме дека со работа, посветеност и одговорен однос можат да се реализираат конкретни проекти кои го менуваат Охрид. Пред нас е многу работа, нови проекти и нови предизвици. Им благодарам на граѓаните за довербата и поддршката и на сите кои се дел од реализацијата на овие проекти им благодарам за вложениот труд, посветеност и соработка. Продолжуваме посветено, со нашата јасна визија, Охрид да биде современ, функционален и развиен град, со своето заслужено место на светската туристичка мапа. Кирил Пецаков, градоначалник на Општина ОхридТагови: Пецаков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаБорозан: Македонскиот идентитет е зачуван - Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагатаПретседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет и македонски јазик се заштитени и сочувани.В лице на Мицкоски и пред целата јавноста кажа: „Ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик, веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата„. А Мицкоски вели дека не е задоволен од пораките на Фон дер Лајен. Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува македонскиот идентитет. Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој - арамијата Мицкоски. Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ. Му потонаа сите лаги дека нешто штити. Нас не нарекуваше предавници. Велеше никогаш Северна, најавуваше укинување на Преспанскиот договор, враќање на името, подобра преговарачка рамка. Дојде на власт и Преспанскиот договор стана ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа. Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен. Незадоволен е затоа условите остануваат, Основи, реформи, и европско обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. А потоа ќе мора да се одговара. Тоа Мицкоски не го сака. Затоа е незадоволен. Нема повеќе предавници. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес. Ветуваше подобри услови а за две и пол години не успеа ништо. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова преговарачка рамка. Прашањето е што ќе прави сега Мицкоски? Избори, за да избега од следниот чекор? Или нова лага, нови анти-ЕУ кампањи? Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата. Правдата мора да биде задоволена. Прес конференција на СДСМ, Маја БорозанТагови: Маја Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУСДС продолжува со лаги и манипулации сега за ЕУ и посетата на Урсула фон дер Лајен.СДС на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско. СДС на Филипче и Заев се квислинзите. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ. Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава се што може да се продаде. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05