Паламар: Почна евакуацијата на цивилите од челичарницата во Мариупол

Цивилите се евакуираат од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, откако е воведен прекин на огнот, според командантот на Азовскиот полк.

Капетан Свјатослав Паламар, заменик командант на Азовскиот полк, рече дека прекинот на огнот, кој требало да започне во 6 часот по локално време, завршил во 11 часот по локално време.

„Од сега, тоа е вистината, двете страни го следат режимот за прекин на огнот“, рече тој.

Конвојот за евакуација беше многу одложен, рече тој. „Од 6 часот чекавме да пристигне конвојот за евакуација, кој пристигна дури во 18 часот и 25 минути.

„Доведовме 20 цивили на договореното место, кои успеавме да ги спасиме од под урнатините. Тоа се жени и деца. Се надеваме дека овие луѓе ќе одат на договорената дестинација, а тоа е Запорожје, територијата контролирана од Украина. “, рече Паламар.

„Од сега, спасувачката операција е во тек, спроведена од војниците на Азов - ги извлекуваме цивилите од под урнатините“, додаде тој.

„Тоа се жени, деца и стари лица“, рече тој во видео пораката на каналот Телеграм на полкот.

„Се надеваме дека овој процес дополнително ќе се продолжи и успешно ќе ги евакуираме сите цивили“, рече тој.

„Што се однесува до ранетите - оние луѓе на кои им е потребна итна медицинска помош – не ни е јасно зошто тие не се евакуирани и не се разговара за нивната евакуација на територијата контролирана од Украина“, додаде тој.

„Нагласувам дека бараме да се гарантира евакуација не само за цивилите, туку и за нашите ранети војници на кои им е потребна медицинска помош.“

ТАСС, руската државна новинска агенција, претходно соопшти дека група цивили ја напуштиле фабриката за челик. Дописникот од местото на настанот изјавил за ТАСС дека излегле вкупно 25 лица, меѓу кои шест деца помлади од 14 години. Си-Ен-Ен не можеле самостојно да го потврдат известувањето на ТАСС.

Се смета дека има стотици луѓе во челичниот комплекс, вклучително и десетици повредени за време на интензивното руско бомбардирање во изминатите неколку недели. Најновите сателитски снимки на фабриката покажуваат дека многу од зградите се претворени во урнатини.

Бранителите на фабриката Азовстал рекоа дека нападите во средата навечер ја погодиле импровизираната болница во комплексот, што значително го зголемило бројот на повредени.

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.

Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс. /МИА

Град Скопје: Без соодведни документи и дозволи се монтира панорамско тркало во Карпош

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

притисни ентер