Пакистан му го пренесе американскиот предлог на Иран и чека одговор од официјален Техеран - Канал 5

Пакистан му го пренесе американскиот предлог на Иран и чека одговор од официјален Техеран

Укинување на санкциите кон Иран, стопирање на нуклеарната програма и непречено транзитирање низ Ормускиот теснец – ова според пакистанските власти е дел од предлогот од 15 точки кој го добил официјален Техеран за прекин на огнот. 

Пакистан му го пренесе американскиот предлог на Иран и чека одговор од официјален Техеран

Иако иранските власти и натаму жестоко негираат дека се водат било какви разговори, американскиот претседател Трамп тврди дека Соединетите Држави веќе имаат преговарачки тим во кој се потпретседателот Венс и државниот секретар Марко Рубио. Најава за преговори даде и првиот човек на меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси. Првата рунда разговори спроед него, би се одржала во главниот град на Пакистан, Исламабад.

-Во моментов сме во преговори, тие (Виткоф и Кушнер) го прават тоа заедно со Марко (Рубио) и Џеј Ди Венс. Имаме голем број луѓе кои го прават тоа. Од друга страна, тие (Иран) би сакале да постигнат договор. А, кој не би сакал ако сте на нивно место? Нивната морнарица е уништена. Воздушните сили им се уништени,- - Доналд Трамп – Претседател на САД.

Властите во Техеран во меѓувреме, со доза на потсмев реагираа на планот од 15 точки, но и на преговорите за кои велат Трамп ги води со себе. Велат дека не прифаќаат преговори и негираат дека тие се во тек. Предупредија на тешки последици доколку САД испратат дополнителни војници во регионот и го повикаа Вашингтон да не ја тестира нивната одлучност.

-Тие што тврдат дека се светска суперсила би се извлекле од оваа ситуација, доколку можат. Не го маскирајте вашиот пораз како договор или преговори. Вашата ера на лажни ветувања заврши. Дали вашите внатрешни конфликти стигнаа до степен каде преговарате самите со себе? -- Ебрахим Золфагари – Портпарол на иранската армија.

На зајадливите пораки од Техеран, одговори американскиот државнен секретар за одбрана Пит Хегсет, кој посочи и дека главната цел е да се уништи иранската нуклеарна програма.

-Ние преговараме со бомби. Имате избор, додека лебдиме над Техеран за вашата иднина. Претседателот јасно стави до знаење дека нема да имате (Иран) нуклеарно оружје, министерството за војна се согласува со тоа, нашата работа е да го осигуриме тоа,- - Пит Хегсет – Државен секретар за одбрана на САД.

Најавите за можни преговори и ставање крај на војната и денеска влијаеа врз цената на нафтата која на светските берзи повторно падна под 100 долари за барел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стравот од отказ ги замолчува укажувачите, новиот закон за нивна заштита чека во Собрание

Иако Македонија повеќе од една деценија има Закон за заштита на укажувачите, граѓаните ретко се охрабруваат да пријават незаконско или неправилно работење во институциите и со тоа да спречат евентуални штети и коруптивни дејанија. 

Стравот од отказ ги замолчува укажувачите, новиот закон за нивна заштита чека во Собрание

Стравот од губење на работното место, притисоците и недоволната институционална заштита се главните причини што ги обесхрабруваат граѓаните да пријавуваат корупција.

Претседателот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, Благоја Пандовски, вели дека улогата на укажувачите во борбата против корупцијата е исклучително важна а оние што се осмелуваат да пријават неправилности често трпат последици токму од лицата што ги пријавиле.

Бројот на укажувачи е многу мал бидејќи, како што кажав општеството не дава добра заштита на укажувачите. Тие не можат да ги остварат своите права како укажувачи, односно да ја остварат својата заштита преку суд и судските постапки и често трпат голем број на последици. Луѓето се демотивираат кога треба да пријават одредено кривично дело или неправилност знаејќи дека нема да добијат заштита,- изјави Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Пандовски вели дека не му се познати причините за одолговлекувањето на усвојувањето на новото законско решение за заштита на укажувачите, кое е подготвено уште во 2023 година.

-Дали треба политички консензус за ова законско решение, треба просто да се изгласа во Собранието со просто мнозинство и да се донесе – вели Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

На слабостите во системот за заштита на укажувачите предупредува и Европската комисија во последниот извештај за Македонија за 2026 година. Брисел нотира дека постојното законско решение сè уште не е усогласено со европското законодавство, а недостигаат и ефикасни механизми за заштита на лицата кои пријавуваат неправилности од вознемирување и отпуштање од работа. Во текот на 2025 година биле евидентирани само 27 пријави од укажувачи за незаконско, недозволено или неетичко однесување на раководни лица, што е далеку помалку од државите од регионот за евидентираните пријави од укажувачите, стои во извештајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Со поддршка од Европската Унија и конкретни реформи градиме модерна, професионална и ефикасна полиција

Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на пленарниот состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, кој се одржа во свечената сала на Владата.

Тошковски: Со поддршка од Европската Унија и конкретни реформи градиме модерна, професионална и ефикасна полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на пленарниот состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, кој се одржа во свечената сала на Владата, а на кој присуствуваше и претставничката на Делегацијата на Европската Унија, Роберта Кортезе, како и претставници на дипломатскиот кор, надлежните институции и меѓународните организации.

Основната задача на оваа секторска работна подгрупа е поддршка на секторскиот пристап во процесот на програмирање и спроведување на проектите финансирани со средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија, како и унапредување на координацијата меѓу институциите и меѓународните партнери во реализацијата на утврдените реформски и стратешки приоритети.

На пленарниот состанок беа презентирани стратешките, планските и програмските документи, тековните проекти и новите проектни иницијативи на Министерството за внатрешни работи, а се дискутираше и за досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, актуелните предизвици и можностите за натамошна поддршка и модернизација на институцијата.

Министерот Тошковски во своето воведно обраќање ја нагласи цврстата определба на Министерството за внатрешни работи за доследно спроведување на реформските процеси, исполнување на обврските што произлегуваат од Реформската агенда и континуирано усогласување со европските стандарди и најдобрите практики.

„Европската интеграција е наш клучен и стратешки приоритет. Свесни сме дека напредокот во оваа област не се мери само преку исполнување на формално утврдени обврски, туку пред сè преку конкретни и одржливи резултати, зајакнати институционални капацитети и унапредување на квалитетот на услугите и безбедноста на граѓаните“, истакна министерот Тошковски.

Тошковски изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија и меѓународните партнери, особено преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА, како и преку другите програми и проекти насочени кон зајакнување на институционалните, човечките и техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи. Притоа, нагласи дека успешноста на ова партнерство подразбира заедничка посветеност, јасно дефинирани приоритети, одговорност и сопствена институционална иницијатива во реализацијата на реформите.

Во своето завршно обраќање, министерот Тошковски изрази задоволство од конструктивната дискусија и презентираните проектни иницијативи, кои отвораат дополнителни можности за модернизација на македонската полиција и унапредување на ефикасноста на Министерството за внатрешни работи.

„Презентираните идеи и иницијативи отвораат можности за понатамошно унапредување и модернизација на Министерството за внатрешни работи. Сметам дека наша заедничка задача во наредниот период е идентификуваните можности да ги преточиме во конкретни активности, со јасно дефинирани цели и очекувани резултати. Притоа, од особено значење ќе биде да обезбедиме соодветна институционална координација, реална проценка на потребите и одржливост на предложените решенија“, потенцираше Тошковски.

Министерот Тошковски ја потврди посветеноста на Министерството за внатрешни работи на исполнувањето на обврските од Реформската агенда, спроведувањето на препораките на Европската комисија и утврдените реформски приоритети во рамки на евроинтеграцискиот процес.

Тошковски посочи дека преку континуиран дијалог, силна институционална координација и партнерска соработка со Европската Унија и меѓународните партнери, Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да гради модерна, професионална, ефикасна и одржлива институција, која работи според европските стандарди, во служба на граѓаните и во функција на остварувањето на стратешката цел – полноправно членство на Македонија во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна јавната расправа за Кривичениот законик: Построги казни за корупција и злоупотреби - затворски казни до 15 години

Низа забелешки за новиот Кривичен законик но и предупредување дека некои решенија мора дополнително да се преиспитаат пред законот да биде усвоен беа изнесени на денешната прва јавна расправа. 

Започна јавната расправа за Кривичениот законик:  Построги казни за корупција и злоупотреби - затворски казни до 15 години

Од Коалицијата Сите за правично судење со конкретни забелешки на членот 464 кој се однесува на несовесно работење во службата. Сметаат не се доволно јасно опфатени сите категории службени лица, особено оние во државната администрација, што може да отвори прашања за нивната кривична одговорност.

-Може да значи алтернативно толкување на овие одредби, невоедначена пракса, меѓутоа исто така ризикуваме службените лица во органи на државната управа да не бидат опфатени со членот „Несовесно вршење на службата“, односно да нема кривично гонење на, да речеме, полициски службеници заради несовесно вршење на службата, вработени во министерства и слично кои имаат директна интеракција со странки и заради невршење на службени дејствија граѓани да можат да трпат последици,- изјави – Дарко Аврамовски – Коалиција „Сите за правично судење“.

На членот кој се однесува на злоупотребите при јавните набавки забелешки имаат од Центарот за граѓански комуникации. Предупредуваат дека предложениот текст е без поширока формулација што би овозможила кривично гонење и за други облици на злоупотреба на постапките за јавни набавки, иако очекувале, како што велат, квалитетно решение кое ќе овозможи ефикасна борба против злоупотребата на јавните средства.

Дали се исполни ова наше очекување? Не. Од едноставна причина што се остана на концептот на набројување на одреден број на дејствија — во конкретниот случај во членот, нов член кој е нели вграден и се однесува на злоупотребите во областа на јавните набавки, се наведени четири дејствија. Нема можност за повреди и да се каже отворена листа да биде во насока на тоа да се каже „и други повреди на Законот за јавни набавки“. Оттука, имајќи го предвид понуденото решение, сметаме дека овој член нема да овозможи ефикасна борба против корупцијата и санкционирање. изјава – Сабина Факиќ – Центар за граѓански комуникации.

Академик Владо Камбовски кој ја водеше работната група која работеше на новиот закон, појасни дека фамозниот член 353 не се губи, туку злоупотребите кај јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства се издвојуваат како посебни, специјални дела. Министерот за правда Јетон Шасивари вели дека предлог текстот е усогласен со директивите на ЕУ.

-Има десетина глави на кривични дела каде што посебно се казнува како потежок облик на основното дело ако тоа дело е извршено од страна на службено лице, се разбира, со злоупотреба на положбата. Значи тоа се специјални дела на злоупотреба на положбата. Така и злоупотребата на постапката на јавен повик и концесија, јавно-приватно партнерство, јавни набавки е специјално дело во однос на општото дело на злоупотреба на службената должност. Што ќе биде направено тука? Прво, ќе биде дефинирано делото на злоупотреба при вршење на јавните набавки, потпишување на договори за концесија, јавно-приватно партнерство, согласно препораките на Европската комисија. изјави – Владо Камбовски – Академик.

-Па според Реформската агенда, декември 2026 ни е краен рок за усвојување на Кривичниот законик. Затоа навремено е испратен во Европската комисија. Очекуваме најмногу за четири недели дека ќе добиеме оценка и коментари, забелешки, препораки. Истовремено паралелно е објавен во ЕНЕР, каде што очекуваме коментари, забелешки и предлози од сите чинители во нашето правосудство, така да сме транспарентни околу носење на новиот Кривичен законик. изјава – Јетон Шасивари – Министер за правда.

Иако крајниот рок за усвојување на новиот Кривичен законик е декември 2026 година, неговата целосна примена се очекува од 1 јануари 2028 година. По донесувањето, околу една година ќе следи период на подготовка за да се усогласат ЗКП и останатите закони.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер