Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЖивотПадот во црната дупка носи бесмртност?Доколку некогаш се случи да паднете во црна дупка, вашето тело најверојатно би се расцепкало на делови. Барем така гласи теоријата која ја застапуваат многу денешни физичари. Сепак, најновото истражување укажува на тоа дека би можеле да постојат црни дупки кои би можеле да ни донесат некој вид на бесмртност. Тие би го избришале, односно уништиле целиот претходен живот на лицата кои би влегле во нив и би ги заробиле во паралелен универзум со бесконечен број на можни иднини. Тоа е затоа што универзумот “од другата страна“ не би бил регулиран со правилото на причина и последица кое важи во нашиот систем. Математичарот Питер Хинц дошол до ова откритие со помош на пресметката заснована на точно одреден тип на црни дупки со електричен набој, пишува „Дејли меил“. Во вистинскиот свет, нашето минато ја одредува нашата иднина и овој детерминизам владее во законите на физиката. Тоа значи дека законите на физиката во нашиот универзум дозволуваат постоење на само една можна иднина. На пример, кога научниците би знаеле како всушност настанал универзумот, би можеле во теорија да пресметаат што ќе се случи до смртта на вселената и крајот на времето. Но, во Рајснер-Нордстром-де Ситер црните дупки, овој детерминизам не важи. Кога вселенскиот патник би “паднал“ во овој вид на релативно бенигни црни дупки, постои можност да преживее. А доколку успее да ја избегне сингуларноста на црната дупка, би се нашол во некој друг вид на универзум, од другата страна на црната дупка. Не е познато што би се случувало понатаму, со оглед на тоа дека не би постоел причинско-последичен систем. Резултатот од тоа најверојатно би бил таков што минатото, сегашноста и иднината би постоеле во исто време. Хинц инаку ги проучувал неротирачките црни дупки кои во рамките на хоризонтот на случувањата имаат Кошиев хоризонт – место на кое минатото престанува да ја одредува иднината. Денешните физичари сметаат дека ниту едно човек не би можел да го помине Кошиевиот хоризонт од проста причина затоа што тоа не го преживеал. За време на движењето кон оваа точка, времето би почнало да се забавува, а патникот на едно место би се нашол со честичките на светлината, многу силните гравитациони бранови и се останато што црната дупка би го привлекла во тој момент. Сепак, докторот Хинц тврди дека Рајснер-Нордстром-де Ситер црните дупки се исклучок. „Нормално ниту еден физичар нема да отиде таму тоа да го провери. Станува збор за математичко прашање. Сепак, овој проблем има и физика, па и филозофски импликации, поради што и ме привлече“ – објаснил тој. Истражувањето е објавено во магазинот „Physical Review Letters”. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57