Паднала продажбата на Volkswagen за дури 15 проценти

Германскиот производител на автомобили Фолксваген продал за 15,1 процент помалку патнички автомобили минатата година отколку една година порано.

Во тешката пазарна средина, VW лани испорачал 5,32 милиони возила на клиенти низ целиот свет, што е скоро за еден милион помалку отколку претходната година, покажува извештајот објавен во вторникот. Најголем пад на побарувачката е забележан на западноевропскиот пазар, каде продажбата паднала за 23,4 проценти, додека во Кина падот бил значително помал и изнесувал 9,9%.

Податоците од областа на електромобилноста, на кои Фолксваген е целосно посветен, се охрабрувачки. Неговите бројки за целосно електрични возила (BEV) се скоро тројно зголемени, додека испораките на сите категории електрични автомобили, вклучително и plug-in хибриди, се зголемиле за повеќе од двапати.

„Ауди“ објави лани испорачани над 1,69 милиони возила на клиенти ширум светот, што е за 8,3 проценти помалку од претходната година. Во Кина, продажбата се зголемила за околу пет проценти, но вкупниот годишен резултат се должи на падот во Европа и САД, каде влијанието на пандемијата е подолготрајно.

Меѓу германските производители на луксузни автомобили, „Ауди“ минатата година се најде на третото место, зад „Мерцедес-Бенц“ на „Дајмлер“, со продадени 2,16 милиони автомобили и „БМВ“, кој продал 2,03 милиони, според агенцијата ДПА.

ОН: Во 2023 бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто

Обединетите нации објавија дека во 2023 година бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година, пренесува Анадолија.

Во Советот за безбедност на ОН се одржа седница за сексуално насилство во конфликти.

Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликтни зони, го објави 15-тиот годишен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за сексуалното насилство во конфликти.

Таа истакна дека има невиден пораст на милитаризацијата низ светот.

- Додека жените и децата гладуваат, воените трошоци ширум светот истовремено надминаа 2,2 трилиони долари. Додека буџетите за хуманитарна помош се намалуваат, оружјето продолжува да се доставува до криминалците, а жртвите продолжуваат да страдаат, рече Патен.

Таа нагласи дека ОН регистрирале вкупно 3.688 случаи на сексуално насилство во конфликти во текот на 2023 година.

Патен рече дека сексуалното насилство особено ги погодува жените и децата. Таа додаде дека и израелските сили вршат сексуално насилство врз Палестинците.

- Според информациите потврдени од ОН, на окупираниот Западен Брег, жените и мажите приведени од израелските сили по 7 октомври биле изложени на злоупотреба, вклучително и сексуално насилство. Слични обвинувања има и во Газа, рече Патен.

Амбасадорката на добра волја на ОН и актерка Данаи Гурира не можеше да ги задржи солзите во својот говор, истакнувајќи дека сексуалното насилство продолжува да расте во светот и покрај сите напори на ОН. /МИА

Во Шуто Оризари, тече мирно изборниот процес

Канал 5 го следи изборниот процес во Општина Шуто Оризари.

Во основното учлиште „26 јули“ е Дејан Трајковски.

Како тече изборниот процес во оваа Општина?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер