3Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната
СветПадна воен авион во Италија- нема преживеани Авион на италијанските воздухопловни сили се урна во Националниот парк Чирчео во општината Сабаудија, во покраината Латина.Авионот исчезна од радарот и беше лоциран со помош на хеликоптер на противпожарната служба и хеликоптер на воздухопловните сили на Италија, пренесе АНСА. Во авионот имало две лица, двајцата загинале во несреќата. Едниот од пилотите бил полковник Симоне Метини (48), а другиот бил на обука. Авионот вклучен во несреќата бил Т-260Б од 70-то крило во Латина, соопштија италијанските воздухопловни сили во соопштението, нагласувајќи дека воениот авион бил „на обука“. Причината за несреќата сè уште не е позната. 🇮🇹 - Two Italian Air Force members died when their T-260B aircraft crashed during training over Circeo National Park near Sabaudia, south of Rome, on Wednesday. Rescue teams found the burning wreckage with the deceased inside, in a forested area near a park entrance, with no… pic.twitter.com/8uM8FvpEAw — EuroWatcher - News for you (@EuroWatcherEUW) October 1, 2025 „Длабоко сум ожалостен поради загубата на двајца припадници на италијанските воздухопловни сили кои учествуваа во трагичната авионска несреќа утрово во Сабаудија. Изразив сочувство до генералот Консерва и до целото воздухопловство. Моите искрени мисли се со семејствата на жртвите“, изјави министерот за надворешни работи Антонио Тајани.Тагови: воен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе урна борбен авион во Унгарија, пилотот се катапултиралБорбен авион „Грипен“ на Унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок доцна претпладнево, а пилотот успеа безбедно да се катапултира. Информацијата ја потврди премиерот Петер Маѓар, пренесува „Еуроњуз“. Премиерот на својот профил на мрежата „Икс“ (X) напиша: „Од засега непознати причини, пред неколку минути во близина на Солнок се урна борбен авион 'Грипен' на Унгарските одбранбени сили. Пилотот успешно се катапултираше. Во тек е истрага, а министерот за одбрана е на пат кон местото на несреќата“. Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди подоцна извести дека пилотот е пренесен во болница и дека нема други повредени. Според него, пилотот направил сè што е во негова моќ за да обезбеди авионот да падне на воен терен. Во близина на Солнок се наоѓа и унгарска воена воздухопловна база. Унгарската флота на авиони „Грипен“ Унгарските вооружени сили располагаат со вкупно 14 борбени авиони „Грипен“. Сите тие се стационирани во воздухопловната база Кечкемет и редовно учествуваат во меѓународни операции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединимеПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски. „Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче. Тој посочи дека СДСМ веќе го објави Фронтот за вистина и правда, чиј главен постулат е европската иднина на Македонија. „Левица е партија којашто е проруска партија, којашто имаше јасен транспарент дека НАТО се убијци во Собранието и доколку ги сменат своите политики и се откажат од своите ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски, и тие се добредојдени во Фронтот за вистина и правда“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека за политичко обединување потребна е јасна определба на Левица за НАТО, за Европската Унија и иднината на државата. „Нека се откажат, нека кажат дека НАТО е добро за земјата и дека се за Европската Унија. Затоа што Европа и проевропските политики, патот напред кон Европа, е тоа што е главен постулат на нашиот Фронт за вистина и правда“, рече Филипче. Тој додаде дека СДСМ веќе разговара со политички партии, граѓански организации, поединци и интелектуалци за проширување на Фронтот за вистина и правда. „Ги повикуваме тука и имаме многу разговори со други партии, луѓе, поединци, граѓански организации, видни интелектуалци коишто очигледно е дека сфаќаат што се случува, дека оваа власт не прави ништо, дека нема добри политики за граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНиколоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зонатаИмаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија.Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт. Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери. „Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“, истакна Николоски. Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter