НАТО ловци повторно подигнати поради руски воен авион над Балтичко Море - Канал 5

НАТО ловци повторно подигнати поради руски воен авион над Балтичко Море

 НАТО денеска подигна два германски авиона „Еурофајтер“ како одговор на руски воен авион кој летал над Балтичкото Море, соопштија германските воздухопловни сили.

НАТО ловци повторно подигнати поради руски воен авион над Балтичко Море

Авионот, кој првично не можел да се идентификува, летал во меѓународен воздушен простор без план за лет или радио контакт. Рускиот воен авион изгледал како извидувачки авион Ил-20М, пренесува ДПА.

Германските ловци полетале од воениот аеродром Росток-Лаге на северот од земјата.

Германските вооружени сили чуваат дополнителни авиони во состојба на готовност за да го заштитат воздушниот простор на источното крило на НАТО по серијата неодамнешни нарушувања на воздушниот простор на Алијансата од страна на Русија.

По тврдењата на НАТО сојузниците за зачестени нарушувања на возушниот простор од руски авиони, на барање на Естонија утре ќе биде одржан вонреден состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Во период кога НАТО сојузниците размислуваат како да одговорат на упадите на руски борбени авиони, германскиот пратеник Јирген Харт, портпарол за надворешна политика на парламентарната група од конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц, повика да се разгледа можноста за соборување на руските воени авиони што го нарушуваат воздушниот простор на НАТО.

- На Кремљ му е потребен јасен знак стоп, вели Харт во статија објавена денеска од германската медиумска група Р&Д.

Тој тврди дека „само јасна порака до Русија дека на секое воено нарушување на границата ќе биде одговорено со воена сила, вклучително и соборување на руски борбени авиони над територијата на НАТО“.

- Алтернативата би била руската воена логика да продолжи да ескалира. Сега се нарушува воздушниот простор, наскоро ќе биде бомбардирање на поединечни цели, а потоа ќе дојдат руски војници, предупредува Харт.

Сојузниците на НАТО ќе се состанат следната недела на консултации откако Естонија соопшти дека три руски борбени авиони нелегално влегле во нејзиниот воздушен простор во петокот.

Една недела претходно, полските и сојузничките сили прв пат соборија руски беспилотни летала над територијата на НАТО. Потоа, најмалку 19 беспилотни летала влегоа и во Полска, потсетува ДПА.

Полска ги собори беспилотните летала во својот воздушен простор со поддршка на воени авиони од други земји-членки на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Некои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш

 Еве што ја прави разликата

Некои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш

Искуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот.

Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“?

Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот.

Искуството и познавањето на територијата

Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати.

Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес.

Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома?

Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома.

Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт

Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат.

Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. 

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите.

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“.

Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини.

Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал.

Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист.

Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“.

Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе.

Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер