Пад на црвениот килим на Венецискиот фестивал - се сопна од раскошниот предолг фустан!

На јужнокорејската актерка Мун Со-ри (42) и се случи „ноќната мора“ на ѕвездите кои чекорат по црвениот килим - пред сите тие камери на Венецискиот филмски фестивал, и пред целиот свет, таа се сопна и падна! Но, Мун Со-ри падна со стил!

За среќа таа имаше двајца мажи до неа да ја задржат, и да спречат да падне со лицето на црвениот тепих. Самата немаше да успее да фати рамнотежа, поради тесниот и предолг фустан кој беше причина за целата незгода.

Going down: Moon So-ri shrieked as she fell to the carpet

Да не ги заборавиме високите потпетици на чевлите со платформа, поради кои самата никогаш немаше да успее да стане доволно бргу...

Whoopsie daisy: The fashionista couldn't help but laugh when she collapsed on the carpet

Ако не се случеше незгодата, фотографиите од убавата актерка ќе изгледаа само вака:

Shake it off! The vixen laughed off her spill




A vision: The screen star looked a breathtaking as she took to the carpet at first

/извор: Дејли меил

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Русија ги започнува воените маневри во Тихиот Океан

Русија започна со поморски маневри во Тихиот Океан, вклучувајќи вежби за борби против подморници и противвоздушни удари, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во вежбите учествуваат околу 40 пловни објекти и околу 20 хеликоптери и авиони. Маневрите „ќе продолжат до 28 јуни во водите на Тихиот Океан, Јапонското Море и Охотското Море“, се наведува во соопштението на министерството.

Во различни фази, морнарите ќе изведуваат ракетни напади врз бродски групи на конвенционален непријател, како и ќе одбиваат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж, нагласува Министерството. /МИА

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Општина Центар известува дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. 

Денеска Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието.

„Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка“, потенцираше Герасимовски.

Општина Центар информира дека ученици до 10 години ќе може да бидат згрижени во 5 објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.

Со почит,

Општина Центар

притисни ентер