3СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе
1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
ЗдравјеПациентите со мултипла склероза бараат пристап до дијагностика и третман без ограничувањаПод мотото „Точната дијагноза го менува животот: глобален повик за рана и прецизна дијагноза на МС“, Националното здружение за мултипла склероза организираше настан по повод Светскиот ден на мултипла склероза.Под мотото „Точната дијагноза го менува животот: глобален повик за рана и прецизна дијагноза на МС“, Националното здружение за мултипла склероза организираше настан по повод Светскиот ден на мултипла склероза, кој секоја година се одбележува на 30 мај. На настанот на кој присуствувале здравствени работници, претставници на институции, пациенти, негуватели и други, претседателот на Здружението, Ана Карајанова Димитрушева, во своето обраќање ги истакнала најголемите предизвици со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза (МС) –рана дијагноза и следење на болеста, како и ограничен пристап до соодветна терапија – особено кај новодијагностицираните пациенти и оние кај кои е потребна промена на третманот кон повисоко ефикасен лек. Како што денеска соопштија од Националното здружение за МС, присутните биле информирани дека благодарение на зголемениот условен буџет на ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија Скопје, одобрен од Фондот за здравствено осигурување, оваа година е овозможен третман за поголем број пациенти со МС. - Но, и покрај овој позитивен исчекор, остануваат значајни предизвици меѓу кои се ограничениот пристап до МРИ дијагностика, како и немањето можност за подигнување или примање терапија надвор од клиниката за неврологија, се вели во соопштението. Во рамки на настанот биле прикажани и три видео сведоштва од пациенти со МС кои на емотивен и автентичен начин ги опишале своите предизвици со патувањето до клиниката за подигнување/примање на терапијата, трошоците, времето, заморот. Тие упатија апел до институциите за дисперзија на терапијата во други здравствени установи. - Според анкетата на Здружението, огромно мнозинство пациенти веруваат дека дисперзијата на терапијата директно ќе го подобри нивниот квалитет на живот; ќе овозможи подобро искористување на капацитетите на секундарното здравство и намалување на оптовареноста на клиниката. Огромното мнозинство пациенти се изјасниле дека сакаат да ја примаат или подигнуваат својата терапија поблиску до домот, се додава во соопштението. На настанот бил упатен и апел до надлежните институции да овозможат пилот-програми за третман на МС во здравствени установи како ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје, ЈЗУ Клиничка болница Штип и други регионални установи, каде што постојат услови, кадар и експертиза. Националното здружение за МС со оваа активност се придружи на глобалната иницијатива предводена од Интернационалната МС федерација (MSIF) и над три милиони лица кои живеат со МС ширум светот, со цел да се подигне свесноста, да се олесни раниот пристап до дијагностика и третман и да се подобри животот на сите засегнати од оваа хронична невролошка болест. Во државава од МС боледуваат повеќе од 2200 лица додека во светот има повеќе од три милиони лица. Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 години, и околу два-три пати почесто се дијагностицираат жени наспроти мажи. Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Тоа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем. Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователна дегенерација, што води до прекин на невротрансмисијата на сигналот од една нервна клетка до друга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлукиТемата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева по учеството на тридневната есенска Академија на организацијата на жени на Европската народна партија во Атина, на тема „Да ја искористиме силата на жените“, во интервју истакна дека зајакнувањето на улогата на жените и нивното активно учество на пазарот на трудот се од суштинско значење за иднината на Европа. „Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Еден од главните фокуси на Академијата беше конкурентноста и учеството на жените на пазарот на труд. Тоа за мене е особено важно прашање, затоа што не смееме да си дозволиме половина од својот човечки потенцијал да не биде целосно искористен“, вели , претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа посочи дека на Академијата се разговарало за создавање повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. „Зборувавме за тоа како да се создадат повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. Но, уште поважно, разговорот не беше само за бројки и статистики, беше за промена на перспективата. Жената не треба да ја гледаме само како корисник на економски мерки или како категорија што треба да биде застапена. Треба да ја гледаме како носител на економски раст, иновации и развој“, посочи Митева. Според Митева, силата на жените треба да се согледува преку нивното активно учество, преземањето одговорност и учеството во носењето одлуки. „Главната порака што ја носам од тука е дека силата на жените не треба да ја мериме само според нивната присутност, туку според нивното учество и нивната способност да преземаат одговорност и да носат одлуки. Ако сакаме поконкурентна Европа, посилни држави и поотпорни општества, мораме да создадеме услови жените целосно да го реализираат својот потенцијал“, вели Митева. Митева посочи дека целта е европските искуства да бидат преточени во конкретни знаења, иницијативи и активности во Македонија. „Тоа е концептот што сакаме да го градиме и во Унијата на жени, повеќе учество, повеќе одговорност и повеќе можности. Нашата цел е европските искуства да не останат само искуства што ќе ги слушнеме на конференција. Да ги претвориме во знаење, иницијативи и активности што можат да дадат резултат кај нас. Верувам дека за многу брзо од денес Унијата на жени ќе биде домаќин на овие разговори, ќе ги продлабочува соработките во различни форми и ќе гради силен капацитет во рамки на нашата ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Митева. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗа полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евраДизелот и бензинот уриваат рекорди во ЕУ,цените на највисоко ниво во последните 20 годиниЦените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела достигнаа највисоко ниво откако се следат податоците, односно во последните повеќе од 20 години. Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а со дизел 108 евра, пренесува Индекс, Хр. Растот на цените значително го поттикнуваат високите рафинериски маржи, а експертите на Европската Централна Банка проценуваат дека маржите за дизелот врвот ќе го достигнат дури во октомври, што укажува на можноста цените да останат високи. Цените на горивото на бензинските станици значително пораснаа по почетокот на конфликтот на Блискиот исток, што дополнително ги засили инфлаторните притисоци.. ... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаСДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезеМицкоски вели: ќе донесеме гас, ќе правиме струја, ќе храниме дата-центри. Воздух и фреон, за да не ја пијат водата. Сè е чисто. Сè е модерно. Народот не е наивен. Сметката е проста. За да има струја од гас, треба две работи. Цевка што носи гас. И електрана што работи. Цевките со Грција и Србија ги најавува. Капацитетот што го ветува - три, шест, осум милијарди кубици - не постои денес. Денес мрежата издржува околу 800 милиони, трошиме околу половина милијарда. Тоа не е гориво за флота сервери. Електрана што работи на гас има само една: ТЕ-ТО Скопје, околу 220 мегавати. Веќе работи. Прави струја и топлина за град Скопје. Не стои празна за Рамбл и за петте фирми без име. ТЕЦ Неготино не е решение што сега произведува. Новите централи се само на хартија. Хартијата не врти сервери. Значи денес, ако влезе голем дата-центар, струјата не се раѓа од неговиот гас. Се купува. Се увезува. Или се зема од она што го плаќаат домаќинствата. Кој увезува, знаеме. Мицкоски. Мрежата околу него. Партнерот Адамовиќ. Омилен бизнис: разлика на граница, провизија на сметка. Прво рекоа нема да ја пијат водата. Сега најавуваат воздушно ладење и фреон. Тоа ја "пие" струјата повеќе. Водата ја трнаа од соопштенијата. Киловатот го оставија на народот. Иста манипулација, друга амбалажа. Нема цевка. Нема електрана. Нема евтина домашна струја за туѓ хардвер. Има интервју од Вашингтон и договор под радар. Дата-центрите што ги увезуваат се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија. Сè е лага. Сè е измама. Сè е манипулација. Зад лагата стои увоз. Зад увозот стои каса и криминал и корупција. Касата не е кај граѓанинот. Касата е кај арамијата. Скопје, 19.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter