Пациентите од источниот регион од утре прегледите преку „Мој термин“ ќе ги извршуваат во штипската модуларната болница - Канал 5

Пациентите од источниот регион од утре прегледите преку „Мој термин“ ќе ги извршуваат во штипската модуларната болница

Сите амбуланти кои се од „Мој термин“ се префрлени овде во овој објект. Што добиваат граѓаните? Значи овде имаме технички повеќе амбуланти, отколку што имавме во старата зграда. 

Пациентите од источниот регион од утре прегледите преку „Мој термин“ ќе ги извршуваат во штипската модуларната болница

Специјалистичките амбуланти и центри при Клиничка болница-Штип од утре се селат во објектот на поранешната модуларна болница. Пациентите од целиот источниот регион прегледите, кои им се закажани преку „Мој термин“ ќе ги извршуваат во објектот на модуларната болница. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека ординациите и центрите се спремни со потребните апарати, компјутери и од утре стартуваат со работа во овој објект.

-Сите амбуланти кои се од „Мој термин“ се префрлени овде во овој објект. Што добиваат граѓаните? Значи овде имаме технички повеќе амбуланти, отколку што имавме во старата зграда. Што значи со тек на време ќе добијат повеќе термини на „Мој термин“ за да вработените пуштат и со тек на време специјалистите и субспецијалистите ќе бидат подостапни за самите пациенти, вели Захариев.

Во објектот на модуларната болница се сместени 17 специјалистички амбуланти и центри како што се дијабетес, психолошка поддршка, за обезносност. Пациентите од Штип кои примаат инсулинска терапија од овој објект ќе ја подигнуваат терапијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Случајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем....

МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер