Озонската дупка над Антарктикот е со рекордни размери,научниците загрижени - Канал 5

Озонската дупка над Антарктикот е со рекордни размери,научниците загрижени

Озонската дупка над Антарктикот е една од најголемите и најдлабоките во последниве години, а анализите покажаа дека ја достигнала својата максимална големина, предупредуваат научниците од Службата за мониторинг на атмосферата Коперникус.

Озонската дупка над Антарктикот е со рекордни размери,научниците загрижени

Озонската обвивка во горниот дел од земјината атмосфера апсорбира најголем дел од влезното ултравиолетово зрачење од сонцето, што инаку би му наштетило на животот на нашата планета, пишува Индипендент.

Според Коперникус, концентрациите на озон во стратосферата паднале на „скоро нула“ вредност над Антарктикот на надморска височина од околу 20-25 км.

Експертите од Коперникус објасниле дека двигател на проширувањето на озонската дупка овојпат бил силен и стабилен ладен поларен вртлог, постојан простор со низок притисок обично зад работ на огромниот глечер Рос, каде што температурите можат да паднат и до минус 80 степени Целзиусови.

Тие ја повикаа меѓународната заедница да вложи поголеми напори за да се осигура дека државите ќе се придржуваат кон меѓународниот договор за постепено исфрлање на хемикалиите што го осиромашуваат озонот, како што се хлорофлуоројаглеродите (CFC).

Тие истакнаа дека оваа озонска дупка е несомнено меѓу најголемите во последните 15 години. Осиромашувањето на озонската обвивка над антарктичкиот континент за првпат е забележано во 1985 година.

"Постои голема варијабилност во тоа како се развиваат озонските дупки секоја година. Озонската дупка во 2020 година е слична на онаа во 2018 година, која беше прилично голема, но оваа е дефинитивно една од најголемите во последните петнаесет години", изјави Винсент Анри-Пеуч, раководител на Службата за атмосферски надзор Коперникус.

"Со враќањето на сончевата светлина на Јужниот пол во последните неколку недели, забележавме континуирано уништување на озонот над областа. По невообичаено малата и краткотрајна озонска дупка во 2019 година, поттикната од посебните временски услови, годинава регистриравме прилично голема озонска дупка,што нè потсетува дека треба да продолжиме да го спроведуваме Протоколот од Монтреал за забрана на емисија на супстанции што го осиромашуваат озонот “, предупреди Пеуч.

Портпаролката на Светската метеоролошка организација Клер Нулис потсети дека озонската дупка почнува да се шири секоја година во август, на почетокот на пролетта на Антарктикот и дека својот врв го достигнува во октомври.

Коперникус е програма на Европската унија за набљудување на Земјата, односно на нашата планета и нејзиното опкружување, за крајна придобивка на сите европски граѓани.

Програмата нуди информативни услуги засновани на сателитски набљудувања на Земјата и in situ податоците (податоци што не се од вселената).

Европската комисија ја координира и управува со програмата, која се спроведува во соработка со земјите-членки, Европската вселенска агенција (ЕВА), Европската метеоролошка сателитска организација (EUMETSAT), Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), агенциите на ЕУ и Mercator Océan.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер