Означен почетокот на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-граничен премин Деве Баир

Со средства во износ од 12,5 милиони евра, ќе се реконструира 13 километри пат од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, дел од коридорот 8.

На локацијата кај село Узем, Кривопаланечко, денеска официјално почнаа градежните работи од проектот „Побезбедно патување и подобра поврзаност на граѓаните на Македонија" поддржан од Европската унија и Програмата за инвестирање.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта" Зоран Китанов, евроамбасадорот Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје Анди Аранитаси, извршија увид во отпочнувањето на градежните активности за рехабилитација и реконструкција на патот кој е дел од Паневропскиот коридор што ги поврзува Бугарија, Македонија и Албанија и е најфреквентна делница во товарниот транспорт.

-Овој регионален пат е значаен не само за регионот, туку за целата држава, преку кој ја олеснуваме регионалната трговија и го подобруваме транспортот на стоки и услуги. Реконструкцијата на регионалниот пат е воедно и олеснување на транспортот кон земјите од ЕУ, како и кон оние од Западен Балкан, а соочувајќи се со овој предизвик, имаме посебен акцент на модернизација на патните правци кои водат кон граничните премини. Овој е еден од патните правци што е значајна алка за извоз на макеоднските производи. Патниот правец Крива Паланка-Деве Баир е еден од најфреквентните во товарниот сообраќај, а наша стратешка определба е модернизирање на трасата на коридор 8 што ја поврзуав оската исток-запад, поради што искажувам благодарност до ЕУ и ЕБОР што овозможуваат финансиска поддршка во реализација на вакви капитални инвестиции, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

Евроамбасадорот Семуел Жбогар, изјави дека како почесен граѓанин на Крива Паланка се радува за отпочнувањето на овој проект важен и за поврзувањето на државите и за зајакнување на економијата.

-Ова е прв проект од Берлинскиот процес што го почнавме бидејќи ЕУ цврсто верува во моќта на поврзувањето, поврзувањето на Софија-Скопје-Драч, Тирана, но патот воедно ќе биде и побезбеден за граѓаните, побрз и подобар за зачувување на животната средина. Истовремено, патот ја симболизира добрата релација со Бугарија како членка на ЕУ, порача Жбогар.

Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за .Македонија, рече дека дека подобрувањето на поврзаноста и општинската инфраструктура во земјите од Западен Балкан е еден од приоритетите на ЕБОР во регионот.

-Ние остануваме силен партнер во подршката на овие напори. ЕБОР го финансира проектот со заем од 10 милиони евра, а ЕУ обебедува 2,4 милиони евра инвестициски грант од програмата за Западен Балкан. Моментно, условите на постоечките патишта не се добри, има ограничувања од 50 километри на час, а поголем дел од делниците се со остри кривини. Подобрувањето на патот ќе го зајакне квалитетот на превоз на стока и луѓе и ќе го поттикне економскиот развој, како и регионалната интеграција, рече Аранитаси.

Директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, истакна дека цело е кога има се, а овој дел е значаен за заокружување на целината на патната инфраструктура до и од Крива Паланка.

-Еден од нашите приеоритети е и продолжување на подобрувањето на патната инфраструктура на коридорот 8 и Владата ќе работи на модернизација на овој коридор до ниво на автопат или експресен пат согласно потребите и фреквенцијата на делницата, со цел посигурен и побрз транспорт на луѓе и стоки. Паралелно се врши целосна рехабилитација на стариот пат Крива Паланка-Ранковце што ќе заврши напролет. Минатата недела заврши тендерот и воведен е во работа изведувачот на делницата од Страцин до Ранковце, а во февруари ќе се работи од Куманово до Страцин, така што за година-две Крива Паланка ќе има комплетно обновена патна инфраструктура, рече Китанов.

Изведувач на градежните работи е „Гранит", а рокот за реализација е 24 месеци.

ЕБОР инвестира во Македонија од 1993 година и досега има потпишано 128 проекти вредни над две милијарди евра, од кои 85 отсто се за проекти во одржливиот инфраструктурен сектор.

Нападнат полициски конвој во Франција кој превезувал затвореник, кој побегнал со напаѓачите

Двајца полицајци загинаа, а тројца се потешко повредени во напад на полициски ковој кој превезувал затвореник во Франција.

Според извештаите на француските медиуми, по нападот затвореникот избегал заедно со напаѓачите. Инцидентот се случил околу 11 часот во близина на наплатна рампа кај Руан, по што автопатот е затворен во двата правци. затвореникот требало да биде вратен во затвор, по судско сослушување.

Според засега не потврдени информации , тамошните медиуми пишуваат затвореникот заедно со напаѓачите побегнале со автомобил, кој подоцна бил пронајден запален, недалеку од местото на инцидентот.

Министерот за внатрешни работи на франција преку социјалните мрежи соопшти дека се трага по напаѓачите и затворнеикот, и дека се мобилизирани стотици полициски службеници.

Утре започнува Самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата

Утре започнува Самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата во ера на дигитализација и брзи промени . 

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржи на 15 и 16 мај 2024 година. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација.

Самитот Македонија 2025 чија главна цел е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст, годинава ќе биде домаќин на преку 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе земји во светот.

На отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателот на државата Гордана Силјановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада.

Голем е интересот за присуство на Самитот Македонија 2025, кој годинава се одржува по 13 пат. Според поедините информации на самитот ќе учествуваат над 450 учесници. Покрај тоа, во рамките на Самитот ќе има одлична можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Самитот на Македонија 2025 е во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.

Токсикологија: Разрешен директорот д-р Петровски, јавноста очекуваше разрешување на Илјази

Соопштение до јавноста на вработените на УК за Токсикологија.

-Ве информираме дека денес на 14.5.2024 година е разрешен медицинскиот директор д-р Данил Петровски кој во моментов користи годишен одмор, иако повеќето поплаки се однесуваа на економската директорка Бесија Илјази, па јавноста очекуваше минимум нејзино разрешување, стои во дел од соопштението.

Во продолжение интегралниот текст од сооштението:

притисни ентер