Означен почетокот на изградбата на автопатските делници од коридорот 8 и 10д

Во свечена атмосфера се постави камен-темелникот за Коридорот 8, што ќе го гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.

На првата патарина од Тетово кон Гостивар беше поставена бина во форма на автопат, а на столчињата пред нејзе седнаа речиси сите владини министри, пратеници од власта и лидерите на партиите, како и дипломати во земјава..

Премиерот Ковачевски, порача дека изградбата на предвидените коридори, ќе ја направи земјава главна крстосница и неизбежна рута на западен балкан.

-Вакво нешто, никогаш, во историјата на нашата држава не било направено. До денес овие два коридора биле само план на хартија кој никогаш не бил реализиран од најразлични причини. Денес тоа се менува и започнува нивната реализација. За прв пат како држава, се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Ако Македонија досега беше кружен тек, сега станува вистинска крстосница на Балканот, тоа е нашата иднинина, - Димитар Ковачевски.

Од говорницата се обрати и првиот вицепремиер Артан Груби, кој носеше и симболична маичка на која беше испечатен пат и бројот 8, како бројот на коридорот.. За значењето на проектот говореше и лидерто на ДУИ, Али Ахмети.

-Да го подобриш животот на луѓето, да го олесниш движењето нивно, да придонесеш во унапредувањето и директно да влијаеш во развојот на економиојата и на државата и пред се и над се, да поставиш и изградиш мостови и врски во еден цел Балкан е вистински светла работа, што директно ќе придонесе за уште посилно поврзување на пријателствата, -Али Ахмети – Претседател на ДУИ.

Меѓу присутните на свеченоста беше и амбасодарката на САД, Анџела Агелер, која се обрати на македонски јазик, велејќи дека ова е посебен ден за Македонија, Западен Балкан но и за Европа.

Ова е повеќе од една обична инвестиција во патиштата во Македонија, ова е инвестиција во иднината на Македонија и иднината на сите земји поврзани со коридорот 8 и пошироко.

Делницата Тетово-Гостивар е првата чија изградба ќе почне. Во текот на годината „Бехтел и Енка“ треба да ги почнат и останатите 3 делници од договорот, а сите автопати треба да ги завршат за 5 години.

Коридорот 8 ќе ги поврзува Тетово, Гостивар, Бојкочане, Требеништа, Струга и Ќафасан, додека пак коридорот 10д Прилеп и Битола. На 22ри месецов ќе започне проекцијата на двата коридори. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра и ќе се потрошат уште околу 300 милиони експропријација.

Фото: Џенифер Лопез во чуден стајлинг на улиците на Њујорк

Светската музичка ѕвезда  Џенифер Лопез го привлекува вниманието на јавноста каде и да се појави. 

Без разлика дали станува збор за концерт, настап или улога во филм популарната Џеј Ло е присутна во медиумите и поради својот совршен моден стил.

Многу жени ги следат нејзините стајлинзи, бидејќи таа стана вистинска стилска икона и инспирација за многу трендсетерки.

Но, понекогаш се случува, како што е сега, дури „жешката Џеј Ло“, заведена од трендот, да направи моден кикс . Да се појави во јавност во стајлинг кој ќе добие повеќе негативни отколку позитивни коментари.

Мегапопуларната пејачка прошета по улиците на Њујорк во особено необична комбинација на фармерки, кои се сè само не убави. Моделот кој се наоѓа на полиците на познатите брендови, овие фармерки се хит меѓу ѕвездите, тие изгледаат искинато, валкано, но сега беа изборот на убавата Џеј Ло.

Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер