Озил се налути зашто не е пријавен во Премиер лигата: Молчев досега, но доста е

Месут Озил, кого го  плаќа 21 милиони евра годишно, Арсенал вчера не го пријавил за Премиер лигата. Ни претходно не го регистрира ниту во Лигата на Европа.

Озил, светскиот шампион во 2014 година со Германија, не играл за Арсенал од март. Последователно, тој одбил да му ја намалат платата заради корона кризата, туку зеде 8,8 милиони евра „бонус за лојалност“ што ги разбесни лидерите и навивачите на Арсенал.

Неговиот договор со Арсенал истекува следното лето, а клубот долго време сакал да се ослободи од него и неговите прекумерни плати. Озил во август објави дека ќе се бори за место во првиот состав на Арсенал до крајот на неговиот договор и дека ќе го напушти клубот кога тој ќе одлучи: "Мојата позиција е јасна. Тука сум до последниот ден од договорот и ќе дадам се од себе.Јас сум посилен поради нив и претходно покажав дека можам да станам и ќе го сторам истото кога ќе одлучам да го напуштам Арсенал, никој друг ја нема таа моќ зашто не потпишав за две или три години, потпишав четиригодишен договор и очекувам да се почитува тоа “.

После тоа, тој се скри, но откако Арсенал го отпиша од шампионскиот тим, тој на социјалните мрежи објави:

"Тешко ми е да ја напишам оваа порака до навивачите на Арсенал, за кои играв последниве години. Длабоко сум разочаран што не бев регистриран за сезоната во Премиер лигата. Кога потпишав нов договор во 2018 година, се заколнав на верност и лојалност кон мојот сакан Арсенал. Таа љубов не е возвратена со иста мера. Како што сега се уверив, тешко е да се најде лојалност овие денови. Отсекогаш се надевав дека има шанси да се вратам во тимот. Така, молчев досега.

Пред паузата поради коронавирусот, навистина бев задоволен од напредокот под водство на новиот тренер Микел Артет. Бевме на вистинскиот пат и моите настапи беа на добро ниво. Сепак, тогаш повторно дојде до промена и веќе не ми беше дозволено да играм за Арсенал.

Што друго би можел да кажам? Сеуште се чувствувам како дома во Лондон, сè уште имам многу добри пријатели во овој тим и сè уште чувствувам силна врска со навивачите на овој клуб. Без оглед на сè, јас ќе продолжам да се борам за можноста и нема да дозволам мојата осма сезона во Арсенал да заврши вака. Ветувам дека оваа тешка одлука нема да промени ништо - ќе продолжам да тренирам најдобро што можам и секогаш кога е можно да го кренам гласот против нечовечноста и за правдата “.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

Германската шефица на дипломатијата во кавга со Нетанјаху за снимките од пазарот во Газа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се судрија за време на состанокот во Ерусалим околу хуманитарната помош за Појасот Газа, пренесоа германските медиуми.

Баербок и Нетанјаху се судрија околу тоа дали жителите на Појасот Газа имаат доволно храна на располагање. Нетанјаху ѝ покажа фотографии на Баербок, наводно од северниот дел на Газа, каде што се вели дека хуманитарната криза е најлоша, а на кои што се гледаат пазари преполни со овошје, зеленчук и други прехранбени производи.

Како одговор, Баербок на својот мобилен телефон покажа фотографии од прегладнети деца од Појасот Газа и рече дека фотографиите што ги покажал Нетанјаху не се вистинити.

Според израелската ТВ станица Канал 13, израелскиот премиер рекол: „Ние не сме нацисти“, алудирајќи на пропагандните филмови на националсоцијалистичкиот режим кои сугерираа изобилство и добри услови за живот во варшавското гето во 1942 година.

Нетанјаху рече дека фотографиите на кои се прикажани преполните пазари во Газа се од израелската државна канцеларија Когат, која е задолжена за контакти со Палестинците и хуманитарна помош. Германското Министерство за надворешни работи воздржано реагираше на медиумските написи и соопшти дека тие „не го одразуваат вистинскиот тон“ што преовладувал за време на разговорите.

Според овие информации, Баербок, која вчера престојувала во Израел за да укаже на лошата хуманитарна состојба во Појасот Газа и да се бори за поголема помош, не му замерила на Нетанјаху дека фотографиите што ги има се лажни, туку дека не одговараат на севкупна слика за состојбата на цивилите во Газа.

притисни ентер