Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство
1Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство
Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
1Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
МакедонијаОвоштарите бараат субвенции за индустриското јаболкоБербата на јаболката во Преспа на големо почна а со тоа почна и трката за откуп. Земјоделците одат од врата до врата кај откупувачите но цените годинава поразителни. За конзумното јаболко ајдарет за кое што лани се нудеше цена од 12 до 15 денари годинава ни за 10 денари нема интерес за откуп поради двојно поголемиот род во Полска и слабиот интерес за Рускиот пазар. Но уште по драматична е состојбата со така нареченото индустриско јаболко кое заради оштетувањата до град кој зафати над 60% од површините во Преспа годинава ќе го има рекордно многу. Проценките се дека годинава јаболка кои можат да завршат само во индустријата за преработка во јаболков концентрат ќе има околу 60 илјади тони. Домашните компании имаат капацитет да откупат околу 20 илјади тони заради што се јавува вишок од 40 илјади тони поради што овоштарите бараат субвенциите од 3 денари за индустриското да важат и за оние кои ќе извезат наместо како досега само за домашните преработувачки капацитети . Министерството за земјоделство заради оваа состојба најавува мерка која се договара и треба да биде финализирана неделава за следната недела да се донесе на влада. Земјоделците во своите барања се едногласни. Субвенцијата да биде три денари за индустриското јаболко но со услов откупувачите наместо сегашните денар до денар и пол да платата минимум два денари. Ова го поткрепуваат со фактот што лани индустриското јаболко се плаќаше на почетокот 6 денари за да достигне и до 8 денари за килограм а на светските берзи јаболковиот концентрат има постојана цена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарствоСиљановска-Давкова денеска во Охрид присуствуваше на свечениот прием на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид присуствуваше на свечениот прием на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“, на кои им посака плоден и немирен ученички живот, воден од љубопитност, жед за учење и трагање по нови сознанија, здрав натпревар и заслужен успех. Таа ги потсети првачињата, како најмлади климентовци, на природната охридска обврска врзана за Климент и Наум, најистакнатите ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј, да го чуваат и продолжат нивното големо просветителско и духовно дело. Затоа, посочи таа, учениците во училиштето што го носи името на Климент се „најклиментовите деца“. Говорејќи за образованието како темел на личниот и општествениот развој, Сиљановска-Давкова истакна дека знаењето е најдобрата инвестиција во себе, бидејќи учењето не носи само поголемо разбирање, туку и самостојност, толеранција и способност критички да се размислува и дејствува. Таа ги охрабри првачињата да прашуваат, да читаат и да пишуваат, да се борат не само за оценки, туку за знаење. Претседателката укажа дека училиштето мора да биде пријатно, инспиративно образовно катче, безбедно место во кое секое дете се чувствува почитувано и прифатено, во духот на заедништвото.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Култура„17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за ОскарДолгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција“, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм.Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од Американската академија за филмски уметности и науки: Марија Димитрова - претседател на Комисијата и продуцент, Антонио Митриќески - режисер, Дејан Димески - директор на фотографија, Иван Бартлинг - сценограф, Георги Унковски - режисер, Теута Ајдини Јегени - актерка и Сара Ферро - продуцент. Во изборот оваа година беа пријавени два долгометражни играни филма: „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума и „17“ на Косара Митиќ. „17“ ја имаше својата светска премиера во програмата „Перспективи“ на 76. Берлински филмски фестивал, а до сега има освоено 11 меѓународни награди. Меѓу нив се наградата за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал во Уругвај; наградата за дистрибуција на Филмскиот фестивал во Болцано; Наградата од публиката и Специјалното признание за Ева Костиќ на Меѓународниот филмски фестивал во Лас Палмас; наградата за најдобра актерка за Ева Костиќ на Bella Tofifest во Полска; наградата GWFF за најдобар меѓународен дебитантски филм на Филмскиот фестивал во Ерусалим; Срцето на Сараево за најдобра актерка за Ева Костиќ, Специјална награда за промовирање родова еднаквост, наградата Cineuropa и Наградата од публиката за најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивал; како и „Златна мимоза“ за најдобра режија за Косара Митиќ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови. Во филмот играат Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Ирена Димеска, Луна Бејков, Христијан Ристески, Алина Христовска, Даме Јовески, Јован Тодоров, Мина Јелушиќ, Тодор Стојковски, Иво Јездиќ, Ана Стојановска, Жаклина Стевковска, Сашко Коцев и Оливер Митковски. Сценариото е на Косара Митиќ и Огњен Свиличиќ, продуценти се Томи Салковски и Кристијан Буровски, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографи се Дејан Ѓоршевски и Александра Чевреска, костимите се на Жаклина Крстевска, шминката и фризурата се на Карла Лазиќ (Србија), снимател на звук е Аљаж Лукан (Словенија), а монтажер е Владимир Павловски. Филмот е продукција на „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, а меѓународен продажен агент е „Тотем“. Свеченото доделување на 99. награди на Американската академија за филмски уметности и науки ќе се одржи на 14 март 2027 година во Лос Анџелес. Листата на филмови кои ќе влезат во потесниот избор за Оскар ќе биде објавена на 15 декември 2026 година, додека номинациите за 99. Оскари ќе бидат објавени на 21 јануари 2027 година.Тагови: Оскар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНовата учебна година во Скопје со современи услови за ученицитеНовата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и современи услови за учениците. Во текот на летниот период беа реализирани низа инвестиции во образовната инфраструктура, со цел создавање поквалитетна и инспиративна средина за учење. Обновени и опремени се кабинети по математика и физика, лаборатории по хемија и биологија, а училиштата добија современа наставна опрема, интерактивна технологија, дидактички помагала и нов мебел. Посебно внимание е посветено на практичната настава преку современи лаборатории и изградбата на паметен пластеник, каде учениците ќе имаат можност практично да ги применуваат знаењата од науката, технологијата и земјоделството. Дополнително, изградени се и нови современи спортски терени, со што се создаваат подобри услови за спорт, физичка активност и здрав развој на младите. Со овие инвестиции, Скопје продолжува да гради образование што ја поттикнува љубопитноста, креативноста и практичните знаења и ги подготвува младите за професиите и предизвиците на иднинатаТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27