Овчарско куче го растргна 4- годишниот Тео, трагедија во Романија - Канал 5

Овчарско куче го растргна 4- годишниот Тео, трагедија во Романија

Страшна трагедија го потресе округот Бузеу во Романија, каде што четиригодишно момче беше убиено откако беше нападнато и растргнато од овчарско куче во близина на семејниот дом.

Овчарско куче го растргна 4- годишниот Тео, трагедија во Романија

Несреќата се случила во градот Лимпезис, а според локалните медиуми, детето го напуштило дворот незабележано додека семејството било зафатено и не му обрнало внимание.

Семејството набрзо забележало дека малото момче е исчезнато, а соседите се придружиле во потрагата по него.

Потрагата, сепак, завршила на најстрашниот можен начин, момчето било пронајдено недалеку од куќата, во бачило, со сериозни повреди.

„Неговата мајка се онесвестила кога го пронашле. Беше застрашувачки“, изјавил еден од соседите за локалните медиуми.

Дедото на починатото момче низ солзи рекол дека кучето го растргнало детето на парчиња и дека немало начин да се спаси.

Екипите за итна помош веднаш пристигнале на местото на настанот, но лекарите, и покрај обидите за реанимација, не можеле да го спасат малиот Тео, кој требало да наполни четири години следниот месец.

Случајот го презеде обвинителството, а телото на детето е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина, со цел да се утврдат сите околности на трагедијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за 80-тиот роденден на Трамп

Јужниот тревник на Белата куќа денеска ќе биде домаќин на невиден спортски и политички спектакл.

УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за 80-тиот роденден на Трамп

Како дел од двојната прослава за 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и големиот јубилеј – 250 години од Декларацијата за независност на САД, во претседателската резиденција е поставен октагон за борба. Претседателот Трамп, кој е долгогодишен страствен фан на мешаните боречки вештини, борбите според најавите ќе ги следи од првиот ред заедно со членовите на неговиот кабинет и илјадници вип гости

Фото: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекции

Гласачите во Швајцарија го отфрлија предлогот за ограничување на населението на земјата на 10 милиони, покажуваат првичните проекции.

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекции

Не се пребројани сите гласови, но сегашниот тренд покажува дека 55% од учесниците гласале против, во споредба со 45% кои биле „за“, пренесе Би Би Си. Предлогот дојде од десничарската швајцарска Народна партија, која долго време води кампања на антиимиграциска платформа. Во швајцарија која има над 9 милиони жители, една третина се лица кои се родени во странство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Остануваат двајца Мицкоски – на ниту еден не може да му се верува

Во ВМРО постојат двајца Мицкосски.

СДСМ: Остануваат двајца Мицкоски – на ниту еден не може да му се верува

Едниот, во опозиција, ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе обезбеди подобра преговарачка рамка.

Другиот, на власт, го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“, а НАТО го прогласи за „најдобра работа за безбедноста и инвестициите“.

Сега повторно имаме двајца Мицкоски.

Едниот најавува реконструкција на владата и продолжување на мандатот.

Другиот веќе отворено зборува за предвремени избори.

Во Македонија е против ЕУ, а во странство се претставува како голем поддржувач на ЕУ.

Овде не спроведува реформи и заедно со Латас води анти-ЕУ кампања, а во странство се фотографира и објавува дека наводно сака европска иднина за државата.

Во странство преговара за мигранти односно „економски работници„, а дома им зборува на граѓаните дека нема да ги има. Едниот вели нема да има а што вели другиот?

Ние рековме, избори, па мигранти.

Мицкоски толку многу лаже, што ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже коалиционите партнери, а на крајот се лаже и себе си.

Кој Мицкоски е вистинскиот?

Дали е оној кој сака да остане на власт до крајот на мандатот, или оној кој веќе се подготвува за избори затоа што нема пари во буџетот и не може да ја одржува власта?

Граѓаните веќе знаат дека не може да му веруваат.

Еден ден Мицкоски вели едно, друг ден - сосема спротивно.

Ова не е политичка стратегија, туку доказ за слабост, несигурност и за тоа дека власта се распаѓа одвнатре.

Кој Мицкоски е вистинскиот?

Граѓаните веќе знаат – ниту еден.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер