Оваа Плејбој зајачица ја промени историјата на славниот магазин (фото) - Канал 5

Оваа Плејбој зајачица ја промени историјата на славниот магазин (фото)

Американскиот магазин Плејбој, објави дека во последното издание за ноември/декември 2017 година, за прв пат во својата 64 годишна историја, ќе фотографира трансроден модел.

Оваа Плејбој зајачица ја промени историјата на славниот магазин (фото)
Инес Рау позирала целосно гола за првото издание на магазинот кои на киосците се појави после смртта на неговиот основач Хју Хефнер, на кого ова “колекционерско“ издание му е во целост посветено.


DISNEY PRINCESS REALNESS. COME PLAY IN THE JUNGLE WITH ME

A post shared by INES RAU (@supa_ines) on


Фотографиите од 26 годишната Инес и претходно се појавуваа во Плејбој, но ова е за прв пат фотографиите на трансродниот модел да се најдат на централното место во магазинот.

Таа со тоа стана првиот трансроден модел – Плејбој зајачица.



Инес Рау е успешна манекенка од Париз, позната од модните писти ширум светот. Нејзините фотографии за прв пат се појавија во Плејбој во мај 2014 година, во специјално издание кои се занимава со современото сфаќање за родот.

Долго не се изјаснувала како трансродно лице, од страв од потенцијалните партнери или дека ќе биде сфатена како “чудна“ личност.

Иако е Инес првата трансродна манекенка која се нашла на средината на магазинот, таа не е првата трансродна личност која се фотографирала за Плејбој.



Каролина Тула Коси позирала за Плејбој уште во 1981 година, за потоа да се појави и во филмот од серијалот за Џејмс Бонд „Само за твоите очи“.

Година дена подоцна, откри дека е родена како маж. За Плејбој се сликаше уште еднаш во 1991 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Управниот одбор на „Нвидија“ објави денеска дека Џенсен Хуанг, кој поднесе оставка од компанијата на 12 ноември, ќе биде повторно назначен за нејзин извршен директор.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Одлуката стапува на сила веднаш, се вели во соопштението на компанијата, објави NBC News.

„Управниот одбор едногласно гласаше за повторно назначување на г-дин Хуанг по серија дискусии и состаноци со него, за време на кои одборот беше задоволен од интегритетот и способноста на г-дин Хуанг да ја води „Нвидија“. Шокантниот потег ги зголеми акциите на „Нвидија“ за 30 проценти, помагајќи му на индексот S&P 500 да се отвори за речиси четири проценти.

Порано денес беше објавено дека Алис Хуанг, жената за која се тврди дека имала афера со Џенсен, била во контакт и со кинески разузнавачки службеник.

Контактот се случил додека таа била во врска со поранешниот шеф на „Нвидија“, изјавија за ABC News извори запознаени со информациите што американските разузнавачки агенции ги собрале за случајот.

Таа била во контакт со службено лице од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, велат изворите.

Се шпекулираше за враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Нвидија“, особено откако група вработени, како и милијардерот Илон Маск, испратија писмо до одборот на директори барајќи тој да се врати во компанијата. Сепак, компанијата соопшти дека тоа нема да се случи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности, но тие не се подготовка за предвремени избори, уверува премиерот Христијан Мицкоски. 

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Тој повтори дека следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а неговиот мандат како претседател на владата завршува за нешто повеќе од една година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона.

Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер