Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
2Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
ЗдравјеОваа храна е најголем непријател на панкреасот – После 50-тата освојте нови правила во исхраната и задолжително исфрлете ги овие намирнициПанкреасот е орган на кој ретко обрнуваме внимание, сè додека не почне да ни испраќа сигнали дека се мачи. Иако е познат по својата улога во варењето, панкреасот има многу поширока улога – произведува ензими за разградување на храната, но и хормони кои помагаат во регулирање на шеќерот во крвта. Кога овој баланс ќе се наруши, последиците може да бидат сериозни: проблеми со варењето, пад на енергијата, па дури и болести како дијабетес или воспалителни процеси. Ако некогаш сте почувствувале тегоба после преобилен оброк со масна и пржена храна, надуеност и умор, тоа е знак дека сте го преоптовариле панкреасот. Масното пржено месо, слатките и обилните оброци го тераат панкреасот да работи повеќе одошто може да издржи. А, кога тоа се повторува секојдневно, едноставно панкреасот слабее. Добрата вест е дека панкреасот може да закрепне, но потребно е да внесете неколку паметни промени. Намалете ги порциите и јадете почесто Големите порции најмногу го оптоваруваат панкреасот. Кога ќе се прејадете, тој нема време да произведе доволно ензими. Се препорачува порциите да не бидат поголеми од вашата шака, за панкреасот тоа е големо олеснување. Изберете полесна подготовка на храната Пржената и масна храна е најголем непријател. Најдобро е да варите, печете или да готвите на пареа. Наместо да похувате, месото динстајте го! Наместо тешки прилози, изберете лесни супи и чорби! Исфрлете ги скриените „саботери“ Шеќерот го тера панкреасот да работи без пауза. Направете здрави промени, засладувајте со мед или стевија, јадете овошје наместо индустриски слатки. Внесете храна добра за панкреасот: посни супи хељда и овесна каша обезмастено свежо сирење Овие намирници нема да го „уморат“. Пијте доволно вода Без доволно вода ниеден процес во телото не функционира како што треба, па ни работата на панкреасот. Започнете го денот со чаша топла вода, а потоа во текот на денот испијте до 2 литри течности. Тоа го поттикнува варењето, ја намалува напнатоста во целиот организам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер. - 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка. - Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола. - Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки. Пратеничка група на СДСМ Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. -СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренВетеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter