Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил
2Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил
ЗабаваОваа девојка може да се претвори во кого сака (ФОТО)Кинеската висажистка Хе Јухонг , која со своите неверојатни трансформации го зачуди светот, не познава граници.Освен во Кина, таа веќе е глобално популарна со над 450 000 следбеници на Инстаграм надвор од нејзината земја. Таа секојдневно со шминка и облека се претвора во десетици познати личности. View this post on Instagram A post shared by YUYAMIKA宇芽 (@yuyamika7) on Jul 11, 2018 at 4:18pm PDT Така на неколку часа девојката стана Мона Лиза, Кристијано Роналдо, Дита Ван Тиз, Џони Деп, Алберт Ајнштајн, Тејлор Свифт, Мајкл Џексон , Одри Хепберн , девојата со бисерна обетка и уште многу славни личности. View this post on Instagram Imitation of makeup Taylor Swift A post shared by YUYAMIKA宇芽 (@yuyamika7) on Feb 21, 2019 at 5:12am PST Таа на Инстаграм објавува и делови од процесот на трансформација , што особено ги одушевува фановите. View this post on Instagram Imitation of makeup Johnny Depp A post shared by YUYAMIKA宇芽 (@yuyamika7) on Feb 11, 2019 at 8:24am PST View this post on Instagram Imitation of makeup Marilyn Monroe A post shared by YUYAMIKA宇芽 (@yuyamika7) on May 22, 2018 at 7:17pm PDT View this post on Instagram Imitation of makeup《Girl with a Pearl Earring》 A post shared by YUYAMIKA宇芽 (@yuyamika7) on Aug 15, 2018 at 3:59pm PDT View this post on Instagram Imitation of makeup Einstein video:https://youtu.be/n4-m1tq89Ss A post shared by YUYAMIKA宇芽 (@yuyamika7) on Nov 10, 2018 at 10:29pm PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаВо тек е исплатата на родителски додаток за детеМинистерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на родителски додаток за дете за месец септември 2026 година.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките. Министерство за социјална политика, демографија и младиТагови: родителски додаток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамилЛек против канцер или измама за илјадници евра? Додека семејствата на тешко болните се бореле за животот на своите најблиски, 47 годишник од Велес на десетици семејства им нудел спас преку наводна „кубанска вакцина“, која тврдел дека ја набавувал во Белград. Сторијата ја објави Слободен печат, а според информациите од жртвите, тој за една доза наплаќал по 3.200 евра и инститирал да ги дава во нивните домови. Канал 5 стапи во контакт со дел од семејствата кои ги пренесоа своите потресни сведоштва. Една од нив е Елена Ангелова, која живее во Ирска, чиј 48 годишен сопруг починал пред една недела од канцер. Сега починатиот примил 5 дози од наводната вакцина.. -Отидовме за една вакцина само, зошто немавме финансии за повеќе, а и за таа една вакцина, нашите дечиња ги дадоа нивните пари што си ги штедеа дадени од нивните баби и дедовци, ги донесоа сите пари еве мамо за да го спасиме тато. Баравме донација, јавна донација. Ни ја зема последната надеж и не раздели последните четири месеци кои можевме да ги поминеме заедно, им го одзема таткото на четири месеци, неговиот пат тргна надолу, секој ден беше се полошо и полошо.. Елена Ангелова – Сопруга на лице починато од канцер. Сличен случај е семесјтвото на Трајче Димитров од Кавадарци. Тој парите за вакцината за својата мајка ги дал на бензиска пумпа и добил уверување дека истата ја примале доктори и политичари. Успеал да го земе шприцот од велешанецот и заедно со целата документација го испратил во Белград. -Ја чував кај мене, некој месец, и потоа со другите документи што ги имав во мене, бидејќи се сомневав подолго време дека станува збор за кубанска болница во Белград, ги пратив сите анализи, сите документи од мојата мајка, добив документи дека мојата мајка не се лечела во таа болница, во никој систем во болницата таа таму не постои. - Трајче Димитриов – Син на лице заболено од канцер. Други пак на целата мака, велат не наседнале на т.н. вакцини. Се посомневале кога велешанецот бил упорен за пари и како што велат, излажал дека отпатувал во Белград. Канал 5 стапи во контакт и со 47 годишниот велешанец со иницијали М.А. кој ги аплицирал вакцините.. Тој не сакаше да говори многу, но уверува дека станувало збор за измама. Автентична е вакцината, не е точно дека е физиолошки раствор и тоа ќе се докаже. Направен е претрес кај мене, ништо не е најдено. Друго не можам да ви кажам, бидејќи се е во обвинителството. Полицијата направила претсрес во неговиот дом, по пријава на дел од жртвите.. Му го одзеле телефонот и е предаден на вештачње.. За случајот инфориран е јавен обвинтел, кој ги чека резултатите од полициската истрага. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Внуците на Димката Ангелов Габерот ја отстапуваат неговата родна куќа на Општина КавадарциЗначаен чекор кон зачувувањето на историјата и споменот за Димката Ангелов Габерот.Внуците на Димката Ангелов Габерот ја отстапуваат неговата родна куќа во село Ваташа, во непосредна близина на Спомен куќата на Страшо Пинџур, на Општина Кавадарци. Овој благороден гест претставува исклучително важен момент за историјата на село Ваташа и Кавадарци, но и чин на исправување на долгогодишната историска неправда кон Димката Ангелов Габерот, чиј лик и дело заслужуваат достојно место во нашата колективна меморија. Во наредниот период се предвидува соодветна реконструкција и уредување на објектот, со заложба родната куќа на Габерот да прерасне во спомен куќа, која ќе сведочи за неговиот живот, дело и придонес во македонската историја. Со оваа иницијатива, село Ваташа добива можност за уште едно значајно историско обележје, а идните генерации место каде што ќе можат да се запознаат со минатото и со луѓето кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода. Историјата не смее да биде заборавена, а делата на нашите херои заслужуваат вечна почит и достоинствено сеќавање, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook