Ова се најсреќните денови за игрите на среќа - Канал 5

Ова се најсреќните денови за игрите на среќа

Астролози откриваат кога добивката ви е загарантирана!

Ова се најсреќните денови за игрите на среќа

Ви се верува ли дека среќата е запишана во ѕвездите?

Игрите на среќа и лотаријата на многумина им влеваат надеж дека можат да заработат пари додека се забавуваат.

Иако на повеќето од нас ова може да им делува несфатливо, астролозите тврдат дека постои „среќен“ ден кога можете да купите лоз и со голема веројатноста да освоите извесна сума на пари. Познатиот психијатар и астролог Инбал Хонигман за британски „Сан“ објаснува дека четврток е под влијание на планетата Јупитер, која пак е поврзана со просперитет и напредок.

Денот на Тор или четврток се однесува на нордискиот бог Тор кој бил бог на громот и заштитата. Бидејќи на француски, имињата на деновите во седмицата се поврзани со имињата на римските богови, па така четврток е познат како „jeudi“, односно ден на Јупитер, кој се поврзува со планетата Јупитер, односно планетата која симболизира богатство и напредок.

- Купувањето лоз во четврток ги зголемува вашите шанси за среќна добивка. Ако тогаш не можете да купите лоз или да уплатите лото, добра опција е и сабота, бидејќи се поврзува со богатство.

Покрај тоа, овој астролог тврди дека постои и најсреќен датум во цела година. Според него, тоа е 21-ви јуни, односно денот кога завршува рамноденицата и започнува летото.

- Сонцето е небесен симбол за успех, ентузијазам, оган и достигнувања. Како што деновите стануваат подолги, влијанието на Сонцето се зголемува секој ден, а со подолгите светлосни часови, се зголемуваат продуктивноста и авантурата. Тој напоменува дека кога ноќите се пократки, се намалува и ризикот од неизвесност, опасност и тајни.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда.

Манчестер Сити не се откажува од  Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

„Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска.

Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра.

Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

Побараа тргање на точката од дневен ред!

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возење

Властите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.

43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возење

Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер