Ова е последниот маж роден во 19от век!

Во светот живеат 21 жена кои се родени во 19от век. Јироемон Кимура е единствениот маж кој е роден пред 20от век, и кој влезе во Гинисовата книга за рекорди поради својата долговечност.

Кимура е роден на 19 април 1897 година. Тој влегува во групата „суперстогодишници“ кои имаат над 110 години. Можеби вкупно во светот ги има 300 но само 60тина имаат документи да го потврдат датумот на раѓањето.

Меѓу нив најстар е Кимура. Работел како поштар, а пензиониран е далечната 1965 година. Во својот животен век испратил 4 цара а се смениле 61 јапонски премиери.

Кимура јаде малку, престанува кога ќе се почувствува 80% сит. Не пуши, пие малку алкохол.

Има 14 внуци, 25 правнуци и 13 чукунвнуци.

Титулата - најстара личност на светот, се заканува да му ја одземе Луо Меизен од Кина, која тврди дека во септември наполнила 127 години - но нема докуманти кои тоа ќе го докажат. Односно нема извод од матична книга на родени. Сепак, таа има лична карта на која пишува дека е родена 1885 година!

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

притисни ентер