Ова е најскапиот нов автомобил во историјата - Канал 5

Ова е најскапиот нов автомобил во историјата

„Bugatti Chiron Profilée“ е последниот примерок на „Bugatti“ без дополнителен електричен мотор, кој ја напиштил фабриката во Молсхајм без однапред познат купувач.

Ова е најскапиот нов автомобил во историјата

Овој автомобил е продаден на аукција за 9,8 милиони евра, без данок, пишува Телеграф.

Веќе навикнавме Мате Римац и „Bugatti“ да уриваат светски рекорди во различни категории, а во таа низа оваа среда се приклучи уште еден.

Нивниот „Bugatti Chiron Profilée“, уникатен модел, беше продаден на аукција во Париз за 9.792.500 евра, со што официјално стана најскапиот нов автомобил некогаш продаден.

Да напоменеме и дека во наведената цена не е вклучен данок, па купувачот ќе плати вкупно околу 12 милиони евра за своето ексклузивно „Bugatti“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државата

СДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државата, тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека опозицијата не е за реформи туку за опструкции.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државата

Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните.

Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси.

Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку важен реформски процес. Неговото донесување е потребно за усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за исполнување на обврските од Реформската агенда и за обезбедување дополнителен напредок и придобивки за граѓаните.

Македонија успешно реализираше 9 од 10 реформи од Реформската агенда. Единствената пречка е блокадата предводена од СДС, Левица и ДУИ.

Однесувањето на СДС, ДУИ и Левица покажува дека кога имаат можност, наместо да работат за државните интереси, избираат опструкции и политички калкулации. За нив поважна е партиската стратегија отколку напредокот на Македонија и придобивките за граѓаните.

СДС, ДУИ и Левица наместо да преземат одговорност и да придонесат за донесување на закон што е во интерес на сите, тие се обидуваат да создадат политичка драма и да се претставуваат како жртви.

Граѓаните треба да знаат кој го кочи развојот и кој работи против реформите. Пропуштената можност за навремено усвојување на Изборниот законик значи и ризик од губење на дополнителни средства и можности од Планот за раст.

Политичките игри на СДС, ДУИ и Левица нема да го спречат патот на реформите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за напредокот на државата, а одговорноста за блокадите останува кај оние што ги предизвикуваат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози

Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број на регистрирани жаришта од почетокот на годината достигна 17.  

Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, новите случаи се регистрирани во Македонска Каменица, Чешиново–Облешево Бигла и Косевица -Делчевско, Малино -Свети Николско, Сопот како и во селото цера.

Од институцијата нагласуваат дека болеста не претставува опасност за луѓето, но предизвикува сериозни последици врз сточарството. Досега се усмртени повеќе од 1.400 животни, а постапката продолжува и во новопотврдените жаришта. Во текот на вчерашниот ден беше спроведена депопулација и на заразеното одгледувалиште во селото Сопот, Куманово.

АХВ воведе низа заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста. Забрането е движење и транспорт на овци и кози во заштитните зони, освен во строго контролирани случаи за колење во одобрени кланици. Воедно, на целата територија на државата е забранета работа на добиточните пазари за овци и кози, како и организирање изложби и други собири на овие животни.

-Сопствениците се должни секој сомнеж за заболување или угинување на животни да го пријават во рок од 24 часа до надлежното ветеринарно друштво или официјалниот ветеринар- апелираат од АХВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден.

48. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.

На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.

Општина Аеродром упатува покана до сите граѓани да бидат дел од свеченото испраќање и заедно да им оддадеме почит на илинденците, чија жртва и идеали и денес претставуваат симбол на слободата, единството и државноста на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер