Отворено писмо од Трендафилов за најавениот протест во среда - Канал 5

Отворено писмо од Трендафилов за најавениот протест во среда

„Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно со тебе.“

Отворено писмо од Трендафилов за најавениот протест во среда

Почитувани сестри и браќа,

28 јануари е денот кога зборуваат работниците !

Овој протест не е за „ако имаш време“ па ќе дојдеш, не е ниту за ,,чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 ч., ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе завршат работа".

Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно со тебе.

Овој протест е затоа што те потценуваат и понижуваат и газдите и властите, затоа што на едните им е важно за ниски плати да им го стварате капиталот, а на другите им е важно со ниски плати да ги гласате за да Ве владеат, да владеат сиромашен народ, но послушен народ, затоа што ако имате пристојна плата и пристојна работа нема да мислите ниту на едните ниту на другите.

Овој протест е за сите вас, за Вашите деца, за Вашите внуци за тоа што со мизерни плати некој свесно Ве брка и Ви ги брка од Државата.

Овој протест е против неправдата, против неправдата тие да имаат, а вие да немате, неправдата која значи 250 евра зголемени плати за нив и 78 % зголемени плати на нив (избраните и именуваните), 250 евра зголемена плата на истите тие на кои Вие им ја давате моќта и платата, а тие не водат грижа за Вас и Вашите семејства.

Овој протест е затоа што сакаат да ве заменат со ефтина работна сила од странство, а вие да ги гласате.

Овој протест е против газдите, против истите тие кои одбиваат да Ви ја зголемат платата за да не се откажат од добивката и луксузот кој им го овозможувате со вашиот труд и вашата пот, против газдите кои не само што ги избркаа квалификуваните работници од Македонија, туку избркаа цели семејства.

Овој протест е затоа што одбиваат да ја зголемат минималната плата, а со тоа Ве принудуваат да живеете во сиромаштија, затоа што повеќе од 200.000 работници имаат плата под 31.200 денари, односно под прагот на сиромаштија во Македонија.

Овој протест е затоа што Владата оваа година не планира да ги зголеми платите во јавниот сектор, на војската, полицијата, управата и правосудството,, културата и др., а во здравството и образованието само минимално да ги усогласи, а планира на функционерите да ги зголеми за 10% или од 200 до 300 евра.

Овој протест е и затоа што не ги почитуваат колективните договори и не исплаќаат плата согласно истите за да не им се зголемеле многу платите на работниците, па сте приморани да тужите.

Овој протест е затоа што тие сметаат дека Вас не ви е потребно зголемување на Вашата плата, затоа што не барате, затоа што ако не барате, тие мислат дека Ви е доста.

Овој протест е за сите кои се плашат, им се закануваат и ги омаловажуваат затоа што сами не можат да се изборат против своите работодавачи за зголемување на нивната плата.

Овој протест е дури и за оние кои не напаѓаат, а не се функционери, затоа што со нашата борба и тие ќе добијат зголемена плата и зголемена пензија.

Овој протест е затоа што господата (Власта и Газдите) ви личат многу големи, а Ви личат големи затоа што им клечите, станете со нас и ќе видите всушност колку се тие ситни и мали.

Нема на кого да му се плашите, на 28 јануари во 17 ч., придружете ни се, облечете се топло, капа, шал и во темницата застанете со работниците.

Ова не е покана за протест, секој сам треба да се покани, секој сам треба да го покани своето семејство, своите колешки и колеги, затоа што со седење дома давате аргументи и сила на тие што одбиваат да Ви ја зголемат платата.

Јас и луѓето што ги знам ќе бидеме таму, доколку и ти и луѓето што ги знаеш дојдете, треба да знаеш дека сами може не можеме да промениме многу, но заедно можеме да промениме се !

А овој протест, овој протест е само почеток доколку не ги зголемат Вашите плати и доколку продолжат да го газат Вашето достоинство.

Затоа, Сојузот на синдикатите на Македонија организира Протест со главна цел:

-Зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари преку зголемување на минималната плата на 600 евра.

Протестот започнува на 28 јануари 2026 година во 17:00 часот пред Работнички дом (зграда на ССМ на ул. Мирче Ацев бр.6) во Скопје, по што продолжува пред Собранието, Стопанската комора и Македонската Влада.

Сме протестирале во недела, сме протестирале на празник, сме протестирале и во работно време, сега протестираме кога најголем дел од работниците се завршени со своите работни обврски, па затоа, по работно време на протест за плата.

Додека трае протестот, можеби некој ќе има итна потреба ( за медицинска нега или за итни семејни потреби) да се движи по истите улици по кои ќе се протестира, за што однапред му се извинувам, но без оглед на протестот ќе биде обезбеден коридор.

За крај, изговор да не протестираат за плата може да имаат само газдите и избраните и именуваните.

Време е! ,

Слободан Трендафилов, еден од Вас, работниците

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Сѐ ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски и Иван Анастасовски во „Само вистина“

Петар Арсовски и Иван Анастасовски  во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Иван Анастасовски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер