Отворено детско катче во КПУ „Идризово“ - Канал 5

Отворено детско катче во КПУ „Идризово“

Отворено е детското катче во Казнено Поправната Установа „Идризово“. Ваквото катче, како што рече Донче Бошковски од Советот на Европа ги реализира потребите за контакт на децата со нивните родители кои извршуваат затворска казна. 

Отворено детско катче во КПУ „Идризово“

Директорот на Управата за извршување санкции, пак, Александар Пандов вели дека со ова доаѓањето на децата во посета на нивните родители ќе се чувствуваат попријатно.

-Голем дел од засегнатите деца се соочуваат со емоционални потешкотии како резултат на нивните посети на затворите каде нивниот родител издржува казна затвор. Затоа оваа мала по вредност, но голема по значење мерка се надеваме ќе ги посетите на најмладите колку што е можно попријатни и побезболни,- - Донче Бошковски – Совет на Европа.

-Вакви имаме во Куманово, Прилеп и во Штип и сега имате прилика еве да го видите и овој и секако е еден од повеселите делови во затворите, колку може да биде во затвор весело, меѓутоа дека треба да разбереме дека не мал дел од затворениците имаат семејства, имаат мали деца. Децата кога ќе дојдат секако дека многу попријатно ќе се чувствуваат со ова детско катче. - Александар Пандов – Директор на управа за извршување санкции.

Утринава се одржа и мирновна конференција за мировно образование од детската амбасада „Меѓаши“. Отааму на ова гледаат како позитивно и велат дека ова ќе придонесе за децата полесно да ја поминат ваквата траума. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека наставниот кадар во затворските институции влијае на ресоцијализација на затворениците, но и на децата кои ги посетуваат.

-Секое присуство на тие кои се осудени и имаат можност да се ресоцијализираат и да се со нивните најблиски им помага да ја пребродат таа траума која ја имаат,- - Драги Змијанац.

-Ова е повеќенасочна улица во кои системот, односно државата заедно со многу други чинители, не само со МОН помага и во ресоцијализацијата, но и на надминувњето на тешкотиите на тие семејства-- Весна Јаневска .

Јаневска на конференцијата вели дека МОН е вклучено и во процесот на образование во затворските установи. Како што рече, училиштето „Макаренко“ од оваа година спроведува настава во казнените и воспитно-образовните домови, зависно од потребите на затворениците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен ветеран ја донесе божикната елка во Белата куќа- го пречека Меланија Трамп (ВИДЕО)

Поранешен возач на американската армија FedEx ја испорача божикната елка во Белата куќа пред празничната сезона.

Воен ветеран ја донесе божикната елка во Белата куќа- го пречека Меланија Трамп (ВИДЕО)

Елката беше пречекана од првата дама Меланија Трамп пред резиденцијата на американскиот претседател, објави Јаху.

Чак Џенсен го транспортирал дрвото од Висконсин во Вашингтон, нарекувајќи го еден од најголемите моменти во неговиот живот.

"Беше неверојатно, најдоброто искуство во мојот живот, без сомнение. Работам за FedEx Freight веќе 36 години и многу патував за тоа време. Ова е огромно, навистина огромно, најдоброто нешто што сум го направил", рече Џенсен.

„Знаете, татко ми служеше во војска. Двајца мои чичковци исто така служеа во војска. Мојот брат служеше, а јас служев. Значи, тоа е дел од нашата семејна традиција и можноста да ги претставуваме членовите на војската, особено оние кои се во странство во моментов и служат на својата земја и можеби не можат да бидат дома за Божиќ или Денот на благодарноста, за мене има посебно значење.

„Тоа ми значи се и им посакувам се најдобро, среќни празници и што побрзо да се вратат дома“, додаде Џенсен.

Официјалната елка за 2026 година ќе биде поставена во Сината соба за време на празничната сезона.

Дрвото беше избрано на 21 септември откако семејната фарма Чепмен победи на националниот натпревар за новогодишна елка. Ова е четврти пат како компанијата „Silent Night Evergreens“ ја снабдува официјалната елка на Белата куќа, по претходните избори во 1998, 2003 и 2017 година.

Традиционалната церемонија на пречек, предводена од првата дама, го означува почетокот на празничното украсување на претседателската резиденција.

Минатата година, официјалната елка на Белата куќа беше украсена со златни ѕвезди и симболи што ги претставуваат сите американски држави и територии. Со одликувањата беа почестени семејствата на војниците кои загинаа за време на должноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени

Маскиран напаѓач упаднал на состанок на парламентарната група на Зелената партија во германскиот град Шверте и употребил бибер спреј, повредувајќи осум лица, соопшти полицијата во Дортмунд.

Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени

Едно лице е однесено во болница, додека седум други се здобиле со полесни повреди, објави регионалниот јавен радиодифузер WDR. Осомничениот сторител избегал кога полицијата пристигнала на местото на настанот.

Полициските службеници го бараат и ги испрашуваат сведоците.

„Се справуваме со чин кој е многу веројатно политички мотивиран. Сè укажува на тоа“, изјави портпаролот на полицијата.

Налепница залепена на стаклото од канцеларијата на партијата пишува „Подобро мртов отколку црвен“.

Полицијата истражува дали налепницата е поврзана со нападот. Зелените во Шверте во соопштението изјавија дека се згрозени од насилството.

„Полоши последици беа спречени само благодарение на храбрата интервенција на член на парламентарната група. Откажувањето не е опција“, соопштија Зелените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ѝ постави ултиматум на Америка: Ова се условите за мир

Главниот преговарач на Иран и претседател на Парламентот, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Техеран нема да преговара со Соединетите Држави за ставање крај на конфликтот сè додека не се исполнат седум ирански услови.

Иран ѝ постави ултиматум на Америка: Ова се условите за мир

Калибаф ги даде овие изјави во вторник, а неговото обраќање беше емитувано на иранската државна телевизија.

Иранските власти јавно не открија за какви услови станува збор. Државните медиуми пренесуваат дека тие вклучуваат укинување на санкциите, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на запленетите ирански средства.

Калибаф исто така предупреди дека Иран ќе го „прошири географскиот опсег на конфликтот доколку непријателот направи грешка“.

Поморските сили на Иранската револуционерна гарда соопштија дека три нафтени танкери налетале на поморски мини во Ормускиот теснец и се запалиле, и покрај тоа што биле надгледувани од воздух од страна на американските сили. Според Гардата, танкерите налетале на мините бидејќи пловеле низ теснецот кршејќи ги прописите.

САД и Израел започнаа војна против Иран кон крајот на февруари. Во средината на јуни, Иран и САД потпишаа меморандум за разбирање во Исламабад, со посредство на Пакистан. Договорот предвидуваше прекин на воените дејствија и рок од 60 дена за преговори за поширок мировен договор. Договорот почна да се распаѓа уште кон крајот на јуни, а истече во средината на август, при што преговорите никогаш не започнаа.

Во средината на септември, Иран му достави на Вашингтон нов предлог кој содржи седум услови. Според претходните извештаи на Ројтерс и катарската новинска агенција „QNA“, тие вклучуваат укинување на блокадата на иранските пристаништа и санкциите за извоз на нафта, одмрзнување на средствата, плаќање воени репарации и прекин на непријателствата на сите регионални фронтови.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во октомври изјави дека Ормускиот теснец би можел да се отвори во рок од шест дена, доколку Вашингтон ги прифати овие услови.

Според Ал Џезира, главниот спор меѓу двете страни се однесува на редоследот на чекорите. САД бараат прво да се отвори Ормускиот теснец и уште од самиот почеток да се разговара за иранската нуклеарна програма, додека Иран инсистира прво да се укинат блокадата и санкциите.

На почетокот на ноември, Иран – преку Катар, кој дејствува како посредник – испрати предлог до САД во врска со својата нуклеарна програма. Сепак, Техеран има намера да разговара за ова прашање дури откако Вашингтон ќе ги исполни седумте барања на Иран.

По ова, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, за можностите за посредување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер