Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани - Канал 5

Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Црвениот крст соопшти дека се отворени телефонски линии за донации од Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).

Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Донации може да се направат и преку сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

Од Црвениот крст информираат дека се отворени и наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.

- Црвениот крст на РСМ веќе е контактиран од страна на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, Меѓународниот комитет на Црвен крст, Албанскиот Црвен крст, Бугарскиот Црвен крст, Црвениот крст на Србија како и поголем број на компании и граѓани да дадат поддршка за настраданото население. Хуманиот одговор од страна на граѓаните, компаниите и здруженијата на граѓани, и овојпат се покажа како брз и ефективен со донации на храна, вода, сместување за членовите на семејствата на повредените лица, санитетски материјали, човечки ресурси и финансиска поддршка, велат од Црвениот крст.

Оттаму информираа дека во функција се ставени сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка. Доставена и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички, а пред болниците во Скопје, Штип и Кочани отворени се пунктови на Црвениот крст каде граѓаните може да добијат дополнителни информации за нивно сместување, освежување, храна, прва помош и прва психолошка помош. Во функција се ставени и возилата на Црвениот крст.

Министерот Андоновски ќе ги претстави новите дигитални услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска ќе одржи прес - конференција на која ќе ги претстави новите дигитални услуги.

Министерот Андоновски ќе ги претстави новите дигитални услуги

Новите дигитални услуги ќе бидат достапни за граѓаните преку националниот портал uslugi.gov.mk.

Франција домаќин на третата Конференција на ОН за Океанот (UNOC3): „Ние сме Океанот“

Од 9 до 13 јуни 2025 година, Франција ќе биде домаќин на третата Конференција на Обединетите нации за Океанот (UNOC3).

Франција домаќин на третата Конференција на ОН за Океанот (UNOC3): „Ние сме Океанот“

Овој настан ќе биде од клучно значење: во Ница ќе присуствуваат стотина шефови на држави и влади, како и десетици илјади учесници, истражувачи, научници, економски чинители, граѓански активисти и граѓани од целиот свет. По тој повод, Франција ќе постави јасна цел: заштита на Океанот преку конкретни активности.

Океанот е наше заедничко добро. Тој ги храни народите и ги штити. Ни овозможува да сонуваме и да патуваме. Ни нуди одржлива енергија, можности за трговија, бесконечни ресурси и научни знаења.

Животниот опстанок на еден од тројца луѓе зависи од Океанот, а сепак, тој е во опасност. Тоа е простор кој сè уште е недоволно познат, кој нема ниту глобално управување, ниту неопходни финансии за негово зачувување. Бројките се загрижувачки: повеќе од 8 милиони тони пластика се исфрлаат во Океанот секоја година, според едно истражување објавено во списанието „Наука“(Science). На ова се надоврзува и прекумерната експлоатација, која зафаќа повеќе од една третина од рибните залихи, но и закиселувањето на водите, порастот на нивото на морето и уништувањето на морските екосистеми. Овие појави се забрзуваат, како директна последица од климатските промени.

Време е за дејствување. Повеќе од кога било, мора да бидеме сигурни дека мултилатералната активност ќе биде на висина на предизвиците поврзани со заштитата на Океанот.

Десет години по COP21 и Парискиот договор, кои овозможија воспоставување на обврзувачка глобална рамка за ограничување на климатското затоплување, UNOC3 претставува историска можност. „Договорите од Ница“ би биле вистински меѓународен пакт за зачувување и одржливо користење на Океанот. Овој пакт директно би се усогласил со Целите за одржлив развој (ЦОР) усвоени од ОН во 2015 година.

За да се постигне ова, дискусиите во Ница мора да бидат конкретни и насочени кон акција. Треба да се работи за подобро управување, повеќе финансии и подлабоко познавање на морето.

Во однос на управувањето, договорот за заштита на биодиверзитетот на отворено море (BBNJ) е клучен инструмент. Отвореното море – повеќе од 60% од Океаните – денес е единствениот простор кој не е регулиран со меѓународно право. Недостатокот на надзор и заеднички правила доведува до вистинска социо-еколошка катастрофа: масовни загадувања со нафта и пластика, нелегални и нерегулирани риболовни методи, ловење на заштитени морски цицачи. За да се стави крај на оваа правна празнина, мора да се обезбеди ратификација од 60 земји и така да се овозможи стапување во сила на договорот BBNJ.

Заштитата на Океанот исто така бара мобилизација на јавни и приватни финансии и поддршка на одржлива сина економија. За да продолжиме да ги користиме огромните економски можности на Океанот, мора да обезбедиме обновување на морските ресурси. Во Ница ќе бидат објавени повеќе обврски во областа на меѓународната трговија, морскиот транспорт, туризмот и инвестициите.

Најпосле, како да заштитиме нешто што не го познаваме – или не го познаваме доволно? Мора да го зголемиме нашето познавање за Океанот и подобро да го шириме тоа знаење. Денес можеме да ја картографираме површината на Месечината или на Марс, но дното на Океаните ни останува непознато. А тие покриваат 70% од Земјата! Заедно, да ја мобилизираме науката, иновациите и едукацијата за подобро разбирање на Океанот и за поголема јавна свест.

Во услови на забрзани климатски промени и прекумерна експлоатација на морските ресурси, Океанот не е само уште еден предизвик. Тоа сите нѐ засега. Доведувањето во прашање на мултилатерализмот не смее да нè натера да ја заборавиме нашата заедничка одговорност. Океанот е универзална врска, тој е во фокусот на нашата иднина. Заедно, со активна поддршка од Македонија преку ратификација на Договорот за заштита на биодиверзитетот на отворено море (BBNJ), можеме да ја направиме UNOC3 значајна пресвртница за нашите народи, за идните генерации и за нашата планета.

Кристоф Ле Риголер

Амбасадор на Франција во Македонија

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим.

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.

Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот на папата. Меѓу нив ќе бидат шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. На погребот ќе присуствува и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Поради погребот во Ватикан и во Рим воведени се драконски безбедносни мерки. Се очекува погребната поворка да трае околу половина час, а рутата на ковчегот со папата Франциск поставени се големи екрани, на кои верниците ќе можат да следат што се случува во секоја фаза од погребот. Големи екрани ќе бидат поставени и на плоштадот Свети Петар.

Верниците уште од утре ќе можат да го посетат гробот на папата во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.

Од 5 до 10 мај, 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа. /MИА

притисни ентер