Отворени се три гранични премини помеѓу Унгарија и Србија - Канал 5

Отворени се три гранични премини помеѓу Унгарија и Србија

Граѓаните на Унгарија и Србија од денеска ќе можат да ја минат границата ако работат во соседната земја или обработуваат земјиште од другата страна на границата, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Отворени се три гранични премини помеѓу Унгарија и Србија

Рампите за граѓаните од пограничните места ќе бидат кренати на граничните Премини Хоргош, Келебијаи Херцегсанто објави на својот фејсбук унгарскиот министер.

Оваа одлука е донесена во договор на двете држави.

Србија поради борбата со пандемијата од коронавирусот воведе рестриктивни мерки меѓу кои и целосна забрана за сообраќај на патници преку границите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер