Отворени игрите во Пјонгчан – Олимпискиот дух го обедини Корејскиот Полуостров

Со спектакуларна церемонија на олимпискиот стадион во Пјонгчанг денеска беа свечено отворени 2З. Зимски олимписки игри (ЗОИ).

Јужнокорејскиот град Пјонгчанг во наредните две седмици на светот ќе му понуди олимпизам кој и овојпат е повеќе од спорт. И 23-те Зимски олимписки игри се со сериозни политички импликации па со тоа носат специфика што ќе најде место во аналите на светскиот спорт. Ќе учествуваат речиси 3000 спортисти ,а Македонија ке ја претставуваат само тројца.

Со преполовен руски олимписки тим, а заеднички состав на северна и Јужна Кореја стартуваа 23-те зимски олимписки игри во Пјонгчанг. Можеби не во толкава мерка како пред 40-ина години, во времето на студената војна, кога светскиот спорт беше жртва на политичките пресметки па се случуваа бојкоти од двете страни на железната завеса но и овојпат олимпизмот не е имун на дневната политика. Со аргументација за наводен системски допинг, по игрите во Рио, и во Пјонгчанг руските олимпијци ја чувствуваат жестината на немилосрдните антидопинг агенции и лаборатории. За русите тоа е голема лага и атак врз спортистите, а за остатокот од светот оправдани казнени мерки.

Оптоварени со оваа жестока пресметка, домаќините се обидоа да го амортизираат ударот врз игрите демонстрирајќи добра волја и зрелост, па формираа заеднички олимписки тим со спортистите од Северна Кореја што во моментов е на врвот на листата на оние што му се закануваат на светскиот поредок односно неговата безбедност. Јужна Кореја за игрите ќе потроши 13 милијарди долари што делува прилично поразумно во однос на 50-те милијарди што ги потроши Русија пред четири години во Русија.

Јужнокорејците ја потенцираат рационалноста и со главниот стадион на кој ќе се одржат само четири настани, односно отворањето и затворањето на овие и на параолимписките игри во март по што ќе биде демонтиран како никогаш да не постоел со што ги прави овој настан уникатен.

Македонија во Пјонгчанг ќе ја претставуваат тројца спортисти чиј настап се оценува како симболичен односно според старото кубертеново правило важно е да се учествува. Ако е за утеха македонското знаме ќе се појави на Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк вечерва околу 23 и 30 како дел од ласерската проекција на сите знамиња на учесниците на игрите со што американците сакаат да дадат свој придонес за почетокот на олимпијадата во Пјонгчанг.


Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

Ристески: Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата.

Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови.

Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кадидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија.

Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен државен завод за ревизија. Ќе воведеме механизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај, со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија.

Прес конференција на кандидатот за пратеник Петар Ристески.

притисни ентер