Отворени 46. Мајски оперски вечери - Канал 5

Отворени 46. Мајски оперски вечери

Со звуците на Триумфалниот марш од Вердиевата „Аида“ и со традиционалниот фестивалски оган кој вечерва го запали првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова, во Македонската опера и балет свечено беа отворени 46. Мајски оперски вечери. 

Отворени 46. Мајски оперски вечери

Пред почетокот на првата претстава од програмата - премиерата „Боеми“ од Џакомо Пучини, во фоајето на МОБ се обрати премиерот Зоран Заев. Настанот го поврза со Денот на Европа и рече дека како домаќин на гости од повеќе земји од регионот и Европа, фестивалот испраќа силна порака за здружување на различностите.

- Цело е кога има се, а културата го знае најдобро тоа што политиката се обидува да го прави - да зближува, да разбира, да почитува, да негува, да гради мостови на пријателства, на доверба и на иднина. Затоа, мојата порака е: да слушнеме што воспеваат Мајските оперски вечери од Скопје, што не прави достоинствени - тоа е непроценливото богатство на различностите споени во едно. Тоа е нашата заедничка европска иднина, истакна претседателот на Владата прогласувајќи го фестивалот отворен.

Мајските оперски вечери со сите подеми и падови во речиси половина век постоење сепак успеаја, рече Заев, да останат верни на својата базична идеја за космополитизам. Таа своја одлика Вечерите ја имаат и на годинашното издание зашто во програмата учествуваат уметници од Бугарија, Австрија, Италија, Босна и Херцеговина…

Годинава фестивалот е во знакот на 160 години од раѓањето на Пучини и се одржува под мотото „Го славиме Пучини“. Операта „Боеми“ се враќа на сцената на МОБ по пауза од 11 години. Режисер на обновената премиера е Дејан Прошев, диригент Џанлука Мартиненги од Италија. Во улогите се 12 оперски солисти, а настапува хорот и оркестарот на МОБ.

Оваа опера на Пучини во четири чина е по либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоса кое се базира на романот „Животот на боемите“ од Хенри Мургер. Во сижето е трагична љубовна приказна во Париз на крајот на 19 век. Светската премиера на „Боеми“ била во Торино во 1896 година. „Боеми“ во Македонската опера и балет првпат е изведена во 1950-та, а прва изведба на Мајските оперски вечери имала во 1999 година.

В.д директорот на МОБ Ќазим Асотиќ на отворањето рече дека новата премиера „Боеми“ е целосна продукција на МОБ. - Сите перики, костими, декор и реквизити беа изработени во нашите работилници и од наши мајстори, што е огромен успех за нашата куќа, рече Асотиќ.Сценографијата е на Зоран Николовски, костимграф е Марија Пупучевска.

До крајот на месецов на фестивалот ќе бидат изведени уште четири опери - „Тоска“ и „Турандот“ од Пучини, „Змејот од Босна“ (гостување на повеќе од сто учесници од Националната опера на Босна и Херцеговина) и „Аида“ од Џузепе Верди на затворањето на 31 мај. Ќе има и два гала-концерта - „Балетски бисери“ и „Пучини&Росини“, како и придружна програма со изложби и промоции на книги./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер