Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
2Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
ЖивотОтворена прва апи-комора во североисточниот регионСемејството Стошевски од Куманово, ја отвори првата апи комора во североисточниот регион во нивниот пчеларник во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане.Апи-терапија со инхалација помага при лекување на луѓето кои имаат астма, бронхитис, белодробни заболувања, проблеми со дишните патишта, инфекции и алергии, главоболки и мигрена, а го подобрува и имуниот систем. Идејата дошла случајно, истражувајќи на социјалните мрежи и по едукациите со пчеларите, објаснуваат браќата Бобан и Сашо Стошевски, кои секое слободно време го поминуваат во пчеларникот опкружен со високи дрвја и недопрена природа во близина на реката Пчиња. Во дворот во нивниот пчеларник, Стошевски од природни материјали – дрво ја изградиле апи комората-куќичка, цврст објект во кој се сместени сандаци со пчели. Пчелниот воздух е благодат, сметаат Стошевски. – Читајќи, постојано едуцирајќи се за пчелите наидовме на нови методи за лекување со пчелен воздух. Многу напред отидоа научниците во Русија каде апи-терапијата кај нив е воведена во стандардната медицина, а исто напредни се и пчеларите во Словенија. Дојдовме со брат ми заедно на идеа да ја направиме комората, тоа е мала просторија, направена исклучиво од природен материјал, дрво, ниту внатре во комората никакви бои не се користени. Таму се сместени две пчелни семејства, во едно семејство има околу 80 литри волумен на воздух, тоа е воздух мешавина на нектар, прополис, поленов прав, матична млеч затоа што леглото на новите пчели до третиот ден се полнат со млеч, објаснува Бобан Стошевски. И просторот околу апи-комората мириса на цветови и слатко. Оние кои страдаат од белодробни заболувања, астматичарите, оние користат спрееви и други помагала можат да ја користат апи-терапијата, но само ако не се алергични на полен. За секој случај, во комората има и антишок терапија и филтри за полен. Еден од нив е и кумановецот Арифи Решат, кој после три години ги исфрлил од употреба лекарствата за дишење. За комората разбрал случајно и презадоволен е од ефектот. – Вдишувам слободно, одлично се чувствувам имам мирен сон, вели Решат. Инхалацијата трае дваесетина минути, по што е потребно да се паузира 40 минути и процесот се повторува. Апи терапијата ја користат кумановци и жители на регионот од 7 до 77 години, велат браќата Стошевски. Во наредниот период, најавуваат дека ќе отворат уште една апи комора и ќе им овозможат на сè поголемиот број заинтересирани граѓани да ја користат. Двајцата браќа со пчеларство се занимаваат девет години, почнале со пчелни семејства сега имаат околу 250 кошници. Секое слободно време го поминуваат во пчеларникот, произведуваат роеви, матици, и самите кошнички ги изработуваат. – За пчеларството 2019 година беше прекрасна година, имавме задоволителни количини. Минатата година беше катастрофална од 200 кошници немавме ниту грам мед, бевме принудени да ги прихраниме пчелните семејства за да ја преживеат зимата. Оваа година е нешто помеѓу 2019 и 2020 имаме принос на мед, но поради кратката и брза паша, според бројот на кошниците е задоволителна ќе има доволни количини за нашите корисници, но како што велат возрасните пчелари пред 20 години со ваков број на пчелни семејства би можело пристојно да се живее, вели Бобан. Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане вкупно според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство има 445 пчелари и 19.068 пчелни семејства. Најмногу пчелари има во Куманово 219 со 9.272 пчелни семејства, следува Старо Нагоричане со 189 пчелари и 7.759 семејства, додека во Липково има 37 пчелари и 2.037 семејства. Од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство појаснуваат дека пчеларството е еден од секторите во државата кој бележи тренд на зголемување и оти на пчеларите им се достапни повеќе програми за поддршка на производството. – Apis melifera macedonica е наша автохтона раса на пчела со којашто може да се пофалиме и која е признаена во светски рамки. Преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството поддржано е засадување медоносни растенија (фацелија) 12.000 денари по хектар, со цел да се обезбеди нектар. Планирани се и мерки преку Програмата за рурален развој и ИПАРД програмата за поддржување на иновации во однос на пчелни производи, но и за развој на пчеларскиот туризам како една од мерките за подобрување на условите за живот во руралните средини, подобрување на квалитетот на производство и дистрибуција на квалитетна и здравствено безбедна храна, каде што припаѓа и медот, информираат од МЗШВ./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Обновена урбаната опрема во паркчето спроти „Олимпико“Во паркчето пред зградата на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 147, Општина Карпош спроведе активности за обнова и уредување на постојната урбана опрема. Целосно се заменети дотраените дрвени даски на клупите, додека масата е освежена и повторно офарбана, со што просторот доби поуреден и естетски изглед. Паркчето е простор што жителите го користат за одмор, релаксација и соседски дружења, па одржувањето на ваквите јавни површини е од особено значење за квалитетот на секојдневното живеење. Општина Карпош продолжува континуирано да вложува во одржување, обновување и унапредување на урбаната опрема, како и во поставување нова опрема согласно потребите и приоритетите на граѓаните. Заедничката грижа за јавните простори придонесува за уреден, функционален и пријатен Карпош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Постапка за загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РМЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РМ. Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, стои во соопштението од Јавното Обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдатаПолитичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата и ги штитат криминалците.Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството. Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица. Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите. Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците. Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДуИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter