МакедонијаОтворен пензионерски клуб во урбаната заедница „Мирче Ацев“ во Ѓорче ПетровОпштина Ѓорче Петров денес официјално го отвори новиот пензионерски клуб во просториите на Урбаната заедница „Мирче Ацев“. Со ова, пензионерите од овој дел на општината добиваат функционален и пријатен простор за дружење, рекреација и секојдневни активности. Градоначалникот Александар Стојкоски, присуствувајќи на отворањето, истакна дека вложувањето во подобри услови за пензионерите останува приоритет: „Нашите највозрасни сограѓани заслужуваат внимание, почит и услови за квалитетен живот. Тие се најактивната група во општината, ангажирани, посветени и секогаш подготвени да дадат придонес во заедницата. Отворањето на овој клуб е чекор кон нивната поголема вклученост и социјализација.“ Пензионерскиот клуб ќе служи како отворен простор за реализирање на различни програми, културни настани, едукативни и спортски активности за пензионерите. Општина Ѓорче Петров продолжува со активности насочени кон унапредување на животот на сите генерации, со посебен акцент на создавање можности за достоинствено стареењеТагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПочна сезоната на стомачни вирусиРасте бројот на болни од стомачен вирус, по 15 пациенти дневно пријавуваат диајреа и повраќање, а кај помалите деца и температура, објаснува доктор Атанасова Мира. Таа вели дека лабораториски потврден кај тинејџер е бока вирус. Овој вирус дава потешка слика со неколку дена поврќање и дијареа каде треба и консултација со инфектолог. Она што педијатрите не го гледаат од вирусите е рота стомачниот вирус за што има вакцина и е намалена инфекцијата што мора да се третира во болница. Во пораст се горно респираторните инфекции кај деца со растечен нос, кашлица. Посебно внимателни треба да бидат родителите кај бебињата во овој период, посочува Атанасова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНедостиг од образовни асистенти на почетокот од учебната годинаУчебната година е во тек, но за дел од учениците со попреченост сè уште нема образовен асистент. Недостигот од асистенти за дел од семејствата значи секојдневна неизвесност – како детето ќе ја следи наставата и дали ќе ја добие поддршката што му е потребна во училницата. Со таков проблем се соочува и Мартина, родител кој за Канал 5 раскажува со какви предизвици се соочуваат откако започна учебната година. „За мене како родител ова значи дека повторно јас треба да ги сносам последиците од нешто што не е моја обврска...Јас можам да им бидам поддршка на моите деца но, не можам да бидам замена за системска поддршка што им следува, а најтешко ми е што знам дека за нив секое доцнење е нова промена“ – Мартина, родител. Министерката за образование Јаневска признава дека се уште има проблем, и покрај дополнителниот оглас што беше распишан во меѓувреме. Бројот на пријавени засега не ги покрива целосно потребите, а некои од веќе ангажираните самите се откажуваат.. од кои причини – Јаневска нема информации.. Според податоците што ги објави Министерството за образование и наука пред почетокот на учебната година, во основното образование се ангажирани 1.358, а во средното уште 166 образовни асистенти. Сепак, самата бројка не покажува дали се задоволени реалните потреби на учениците и нивните семејства. МОН јавно не соопшти колку барања биле доставени за оваа учебна година, колку од нив биле одобрени, а не е објавена ниту распределба на асистентите по општини, градови, училишта или ресурсни центри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда ПердомоГрадоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо, меѓународно реномиран експерт и стратег за туризам, со долгогодишно искуство во UN Tourism и во туристичкиот сектор на Канарските Острови.На средбата се разговараше за можностите за идна соработка и развој на нови туристички содржини, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам и активното вклучување на семејните винарии во туристичката понуда. Разменети беа идеи за реализација на пилот-проект преку кој семејните винарии би можеле да се вклучат во креирањето на автентични туристички искуства, со што дополнително би се промовирале локалните производи, традицијата и потенцијалите на регионот. „Продолжуваме да работиме на создавање нови можности за развој на туризмот, поврзување на локалниот потенцијал со меѓународното искуство и воспоставување партнерства што ќе придонесат за одржлив туристички и рурален развој.“- објави Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00